/македонски подолу/
On these days of mourning, Lokomotiva postpones the planned cultural activities to the next week. Immeasurable condolences to the families and relatives of the people who lost their lives in last night’s fire in Tetovo. We wish a speedy recovery to all injured. The outdoor choreography and dance workshops with Hristina Angelovska, which were to be realized this weekend, are postponed for September 18th and 19th, in the park of the Youth Cultural Center.
Thank you very much for understanding.
Kultrening/ Choreography and dance workshop
“Choreography in process” with Hristina Angelovska
September 18 – 19, at 12:00 – 14:30 h
@ Park of the Youth Cultural Center
Sign up by e-mail at Kultrening@gmail.com the number of participants is limited.
Check out the video shared on Vidi Vaka: https://fb.watch/8tp4zPAZnU/
With great pleasure, we are announcing the following KULTRENING – series of dance and choreography workshops with choreographers and performers Aleksandra Petrushevska and Hristina Angelovska!
In the upcoming period, these artists will share their research, experiences and thoughts in the field of dance and choreography through the workshops that we will hold as part of the KULTRENING program.
The events will be held according to the current state and defined health protocols, and consequently, only those who follow the recommendations set forward by the Infectious Diseases Committee will be able to participate.
👉 The second workshop will be with Hristina Angelovska in the park of the Youth Cultural Center in mid-September, which will give all participants the rare opportunity to work on developing their own dance choreography.
Workshop days:
Saturday, September 14, between 12:00 – 14:30
Sunday, September 15, at between 12:00 – 14:30
👉 Join us in park of YCC and sign up by email at Kultrening@gmail.com the number of participants is unlimited.
Please bring your own yoga mat.
▪ Kultrening – Choreography in process ▪
The choreography workshop will be developed through segmented tasks set in a certain situation, guided by emotions and situations that awaken, develop, and end with choreographic sequences. The choreography will be based mainly on movements inspired by “Foco technique” and will be based on movements and exercises adapted to improve body elasticity and develop choreography. The workshop will develop through group and dynamic work, by forming two working groups divided by body movements and the way of thinking about creating choreographic units.
The planned program for the workshops starts with:
▪ theoretical explanation of choreography, movements, music, space (basic sequences).
▪ improvisation on a given topic that will introduce the participants to ways of creating choreography, concretization and memorization of movements.
The workshops will keep the dynamics of the development of the class, but will focus more on the formation of a whole set of movements. The focus will be on liberating the body, with different thoughts, letting go and experiencing the moment while performing certain movements in different directions in space, with and without specifically aimed body movements. Using different tempos, the gradually developed choreographic sequences will form a choreographic ensemble or a sketch for one’s own performance.
👉 Previous experience is not required in order to take part in the workshop.
🔸 Hristina Angelovska is a graduated ballet pedagogue in contemporary dance. She gained her experience with choreography at the Faculty of Music in Skopje. Works on presentation of the Ballet Pedagogy Department Contemporary Dance Program “New Trends/New Contemporary Dance Works and Authors” at UKIM FMU where she is part of the team. She has performed independently with the choreographic works “Somebody, some”, “Three” in 2019 and “Equation” in 2018. As a performer and dancer, she has collaborated with Goran Nacevski for the premiere of the opera “Between Dreams and Flights” in 2019 and “Continuity”, choreographed by Mariјa Risteska in 2018. 🔸
*****
The workshop is part of Lokomotiva’s Kultrening program realized in collaboration with the Youth Cultural Center.
The Lokomotiva team consist of program director Biljana Tanurovska Kjulavkovski, project manager Blagica Petrovska, program coordinator Zorica Zafirovska, administrator Gjurgjica Hristovska and PR coordinator Dino Chupevski.
Design by Jana Acevska.
The program Kultrening is created by Lokomotiva and supported by the Ministry of Culture of R.N. Macedonia and the City of Skopje.
_____________________________
Check out the photo album by Zorica Zafirovska above. / Погледнете го фото албумот на Зорица Зафировска погоре.
/македонски подолу/
Во овие денови на жалост Локомотива ги одложува своите културни активности за следната недела.
Неизмерно сочувство до семејствата и блиските на луѓето кои ги загубија своите животи во синоќешниот пожар во Тетово. Посакуваме брзо закрепнување на сите повредени.
Работилниците за кореографија и танц на отворено со Христина Ангеловска кои требаа да се реализираат овој викенд, се одложуваат за 18-ти и 19-ти септември, во паркот на Малдинскиот културен центар.
Ви благодариме за разбирањето.
Култренинг/ Работилница за кореографија и танц
„Кореографија во процес“ со Христина Ангеловска
18 – 19 септември, во 12:00 – 14:30 часот
@ Паркот на Младинскиот културен центар
Пријавете се на е-пошта на Kultrening@gmail.com бројот на учесници е ограничен.
Погледнете ја снимката на Види Вака: https://fb.watch/8tp4zPAZnU/
Со огромно задоволство ги објавуваме следните КУЛТРЕНИНГ – серии танцови и кореографски работилници со кореографките и изведувачките Христина Ангеловска и Александра Петрушевска!
Во претстојниот период, овие уметници ќе ги споделат своите истражувања, искуства и размислувања во полето на танцот и кореографијата преку работилниците кои ќе ги одржуваме во рамки на КУЛТРЕНИНГ.
Имајќи ги предвид моментната состојба и утврдените здравствени протоколи, настаните ќе се реализираат согласно истите, со што ќе биде овозможено учество на сите оние кои ги исполнуваат условите според препораките на Комисијата за заразни болести за работа во затворени простории.
👉 Започнуваме со втората работилница на Христина Ангеловска во просторот на Младинскиот Културен Центар, со која како дел од КУЛТРЕНИНГ програмата, во средината на септември сите учесници ќе имаат ретка можност да работат на развивање на свои танцови кореографии.
Работни денови:
Сабота, 11 септември, во 12:00 – 14:30 часот
Недела, 12 септември, во 12:00 – 14:30 часот
@ Паркот на Младинскиот културен центар
👉 Пријавете се на е-пошта на Kultrening@gmail.com бројот на учесници е неограничен.
Ве молиме понесете со себе прекривка за вежбање.
▪ Култренинг – Кореографија во процес ▪
Кореографската работилница како целина ќе се развива преку сегментирани задачи поставени во одредена ситуација, водени од емоции и ситуации кои се будат, развиваат и завршуваат со кореографски секвенци. Кореографијата ќе се базира главно на движења инспирирани од ,,Foco technique’’ и ќе се базира на движења и вежби прилагодени за подобрување на еластичноста на телото и развивање на кореографија. Работилницата ќе се одвива преку групна и динамична работа, со тоа што ќе се оформат две работни групи според телесните движења и начинот на размислување при креирање на кореогафски целини.
Во предвидената програма за работилниците, ќе се започне со:
▪ теориско објаснување за кореографија, движења, музика, простор (основни секвенци).
▪ импровизација на дадена тема која ќе ги воведе учесниците во создавањето на кореографија, конкретизација и меморирање на движења.
На работилниците ќе се задржи динамиката на развивање на часот, но ќе се даде поголем фокус на формирање на целина на движењата. Во фокус ќе биде ослободувањето на телото и мислите, препуштањето и доживувањето на моментот за време на изведувањето одредени движења во различни насоки низ просторот, со и без одредена цел на движење на телото. Со користење на различно темпо, постепено ќе се развиваат кореографски секвенци за оформување кореографската целина или скица за сопствена изведба.
👉 Претходно искуство нема да биде потребно за учество на работилницата.
🔸 Христина Ангеловска има дипломирано балетска педагогија за современ танц. Нејзиното искуство со кореографија го стекнала на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Работела на презентација на програмата на катедрата за балетска педагогија – современ танц – Нови тенденции / Нови современи танцови дела и автори/ки при ФМУ, УКИМ, во чиј тим таа и членува. Самостојно изведува во кореографските дела “Somewhere, somehow, somebody” и „Три“ во 2019 година, како и „Равенка“ 2018 год. Како изведувачка и танцова уметница соработувала со Горан Начевски за премиерна изведба на операта „Помеѓу соништа и летови“ во 2019 и „Континуитет“, во кореографија на Марија Ристеска во 2018 година. 🔸
*****
Работилницата е дел од програмата „Култренинг” на Локомотива реализиранa во соработка со Младинскиот Културен Центар.
Тимот на Локомотива го сочинуваат програмската директорка Билјана Тануровска-Ќулавковски, проектната менаџерка Благица Петрова, програмскa координаторка Зорица Зафировска, администраторката Ѓурѓица Христовска и ПР координаторот Дино Чупевски.
Дизајн Јана Ацевска.
Програмата „Култренинг” на Локомотива е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.