The research: “And then the doors opened again”/ next step in Skopje

/македонски подолу/

 

ACT: Art, climate, transition/ Collection Europe 

Research: “And then the doors opened again”/ next step

A project in process about (possible) futures of theatre conceived by David Weber-Кrebs with the dramaturgical support of Simone Basani.

June 8-16, 2021

 @ Youth cultural centre, Skopje, 

Lokomotiva is happy to announce: “And then the doors opened again” continues in Skopje the research phase started in Bruxelles at Kaai, during which a series of spectators share individually their visions about future spectatorship and theatre. Part of the research is also an online collective workshop on the same topic with spectators from Macedonia and abroad.

About the project:

In the middle of the first Covid-19 wave in Europe, artist David Weber-Krebs invited his colleagues around the world to participate in a collective act of imagination about the possible futures of theatre. He sent them an email on April 8, 2020, inviting them to imagine the future of theatre in that specific moment when theatres were closed and it was not clear how and when, and even if they would open again.

This invitation brought forth 75 visions by artists, scholars, curators and spectators who gave their response to the question, “What will happen on your first theatre visit after the lockdown?”

Their responses were published as a compilation of visions about the future of theatre in a handbook for theatre after Covid-19: Аnd then the doors opened again.

As part of the European project ACT (Art Climate Transition) https://artclimatetransition.eu/, partners from Theater Rotterdam, Kaaitheater Brussels, New Theatre Institute of Latvia and Lokomotiva Skopje decided to join the follow–up, or the “next step” of the projects that David planned to develop.

This phase, or the next step, was developed in conversation between the partners and the artist, and in relation to context needs, having in mind the question of the book, but now directed towards the spectators.

Each context and theatre has its own specificities which are taken in consideration. Hence, in Skopje, we are planning to develop the project in few phases which involve collective actions: 1/research with the spectators – as interviews/talks 2/ archiving the talks 3/presentation of the archive

Research is centered on theatre as concept, but also as infrastructure. Lokomotiva just lost the space of Kino Kultura which supported contemporary performing arts development in Skopje and was the only space in the last five years that aimed to develop a different theatre concept than the repertoire public theatres. Thus, we want to investigate and speculate what such a loss brings to the future, a loss of a concept and infrastructure? But also, what would development of a new space and concept mean? What it would mean to the spectators, or what would be their suggestion for a new theatre? – as a space and concept.

Other than these, follow-up questions include: What do spectators need; what is the theatre they expect after the pandemic crisis; and how we, the professionals, can address those speculations and needs, among other.

Lokomotiva pursues further the idea of a space of a theatre where we can produce, discuss, develop and live a new theatre in Skopje. Therefore, this research will also help us to continue and bring forward the idea of Kino Kultura, and invent our theatre of the future.

In the development of the project idea in Skopje, artist David Weber-Krebs, will work with Simone Basani, dramaturg, Jasmina Vasileva and Ivica Dimitrijevic, actors, and Biljana Tanurovska–Kjulavkovski, curator from Lokomotiva.

 

Text by Biljana Tanurovska – Kjulavkovski

 

They will work together June 8-16, 2021, in Skopje. Then they will continue working on the interviews locally and online, and will share publicly the final output at the end of 2021.

 

About the author:

David Weber-Krebs (1974) is an artist and curator living in Brussels. He currently researches the position and the agency of the spectator in performances. He is interested in staged situations that are fragile, sometimes flirting with the brink of the uncontrollable, and hence activating a sense of care and responsibility in the spectator. The situation people are currently experiencing, in which they have all become fragile and dangerous to one another, is bringing a new dimension to this research.

More about the artist: http://davidweberkrebs.org/.

#collectioneurope #localising #together

 

Photographies from the research and the workshop: https://www.flickr.com/photos/143801298@N08/albums/72157719934552642

 

*****

Collection Europe

This research is оrganized as part of the project Art Climate Transition (ACT) /OTHER spaces program in partnership with Kaai Theater, Theater Rotterdam and Youth Cultural Centre – Skopje.

Lokomotiva team: program director Biljana Tanurovska – Kjulavkovski, project manager Blagica Petrovska, program coordinator Zorica Zafirovska and administrator Gjurgjica Hristovska.

Supported by: Creative Europe Program of the European Union, Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia, and the City of Skopje.


Intervew by Simone Basani with Ivana Drakshikj

/македонски

АКТ: Уметност, клима, промена/ Колекција Европа

Истражување: „И тогаш вратите повторно се отворија“/ следен чекор

Тековен проект за (можните) иднини на театарот, замислен од Дејвид Вебер-Кребс, со драматуршка поддршка на Симоне Басани.

8-16 Јуни, 2021

@ Младински културен центар, Скопје, Северна Македонија

Локомотива со задоволство го најавува поектот на Давид Вебер-Кребс во Скопје: Истражувачката фаза на проектот „И тогаш вратите повторно се отворија“ започнува во Брисел во соработка со Каитеатарот, при што група гледачи ги споделуваат своите визии за идната гледаност во театарот. Дел од истражувањето е и онлајн колективна работилница на истата тема со гледачи од Македонија и странство, која ќе се реализира во соработка со Локомотива во Скопје и ќе продолжи да се развива во други земји.

За проектот:

Средe првиот бран на Ковид-19 во Европа, Давид Вебер-Кребс ги поканил своите колеги ширум светот да учествуваат во еден колективен чин на имагинација за можната иднина на театарот. Тој им испрати е-пошта на 8 април 2020 година, со која ги повика да ја замислат иднината на театарот во тој конкретен момент кога театрите беа затворени и не беше јасно како и кога, па дури и дали повторно ќе се отворат.

Оваа покана донесе 75 визии од уметници, научници, куратори и гледачи кои го дадоа својот одговор на прашањето: „Што ќе се случи при вашата прва посета на театарот по завршувањето на карантинот?“

Нивните одговори беа објавени како компилација на визии за иднината на театарот во прирачник за театарот по Ковид-19: И тогаш вратите повторно се отворија.

Во рамките на европскиот проект ACT: Art Climate Transition/ Уметност, клима, промена https://artclimatetransition.eu/, Локомотива Скопје и партнерите од  Театар Ротердам, Театар Кааи Брисел и Нов театарски институт Латвија одлучија да се вклучат на продолжениетo, односно „следниот чекор“ на проектот што ги планираше Давид.

Оваа фаза, или следниот чекор, се разви во разговор помеѓу партнерите и уметникот, а во однос на потребите што произлегуваат од контекстот, имајќи го предвид прашањето од книгата но сега насочено кон гледачите.

Секој контекст и театар има свои специфичности што се земаат предвид. Оттука, во Скопје, планираме да го развиеме проектот во неколку фази кои вклучуваат колективни активности: 1/ истражување со гледачите – во рамки на интервјуа/разговори 2/ архивирање на разговорите 3/ презентација на архивата.

Истражувањето е насочено кон театарот како концепт, но и како инфраструктура. Локомотива неодамна го изгуби просторот на Кино Култура, кој го поддржуваше развојот на современите изведувачки уметности во Скопје и беше единствениот простор во последниве пет години што имаше за цел да развие поинаков театарски концепт од репертоарниот театар. Затоа, сакаме да истражиме и да шпекулираме што значи една таква загуба за иднината, загуба во смисла на инфраструктура но и концепт врзан за неа? Но, исто така и што би значел развојот на нов простор и концепт? Што би им значело тоа на гледачите, или кои би биле нивните сугестии за нов театар? – како простор и како концепт.

Понатаму, следни прашања се: Што им треба на гледачите; каков е театарот што тие го очекуваат по кризата предизвикана од пандемијата; и како ние, професионалците, можеме да одговориме на тие шпекулации и потреби, меѓу другото.

Локомотива и понатаму ја продолжува идејата за простор на театар каде што можеме да произведуваме, дискутираме, развиваме и живееме нов театар во Скопје. Затоа, ова истражување ќе ни помогне и да ја продолжиме и да ја пренесеме идејата за Кино Култура, но и да го измислиме нашиот театар на иднината.

Во развојот на проектната идеја во Скопје, уметникот Дејвид Вебер-Кребс ќе работи со Симон Басани, драматург, Јасмина Василева и Ивица Димитриевиќ, актери, и Биљана Тануровска-Ќулавковски, кураторка од Локомотива.

Текст на Биљана Тануровска – Ќулавковски

 

Тие ќе работат заедно од 8-16 јуни, 2021 година во Скопје. Потоа, ќе продолжат да работат на интервјуата локално и онлајн, а конечниот резултат ќе го споделат јавно на крајот на 2021 година.

За уметникот:

Дејвид Вебер-Кребс (1974) е уметник по потекло од Данска, кој живее и работи во Брисел, Белгија. Тој е уметнички истражувач кој работи со КАСК и Конзерваториумот, Школа за уметности Хогент и Ховест. Во овој период ја истражува позицијата и агенцијата на гледачот на театар, и изведувачки уметности, и е заинтересиран за сценски ситуации кои се кревки, кои понекогаш флертуваат до работ на неконтролираност, а со тоа го активираат на чувството на грижа и одговорност кај гледачот. Исто така сегашната ситуација во која се наоѓаат луѓето, во која сите станале ранливи и опасни за еден друг, носи нова димензија на неговото истражување.

Повеќе за уметникот: http://davidweberkrebs.org/.

#collectioneurope #localising #together

Фотографии од истражувањето и работилницата: https://www.flickr.com/photos/143801298@N08/albums/72157719934552642

 

*****

Колекција Европа

Истражувањето е организирано како дел од проектот Уметност, клима, промена (АКТ) / Колекција Европа програмата во соработка со КаиТеатар, Театар Ротердам и Младинскиот културен центар од Скопје.

Тим на Локомотива:  програмска директор Биљана Тануровска Ќулавковски, проектна менаџерка Благица Петровска, координаторка на програмата Зорица Зафировска и администраторка Ѓурѓица Христовска.

Поддржано од: Програмата на Креативна Европа на Европската унија, Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.