20 years of LOKOMOTIVA

/македонски подолу/
It’s been 20 years of coexistence of the community called Lokomotiva which was, not so peacefully, steering and sailing through our macadams… but still, if we look back to some point in 2003, we see a path, a very colorful one, full of sound, filled with lots of art, breaking lances, different crosswinds, more art, conversations, laughter, research, various challenges, struggles, victories, many lessons learned, communities created, spaces and changes we wanted…
A long journey is yet ahead of us, but this year, we will take a little break to say thank you to all of us who see ourselves as part of that coexistence, as collaborators, as audience and as friends, as those without whom Lokomotiva would never have been possible.
We want to dedicate this year to what that coexistence was based on for the past 20 years, i.e. to what makes Lokomotiva what it is – the collaborations here, in the region and beyond, research in art and cultural policies, commitment to the production and presentation of contemporary art , advocating for the needs of artists and cultural workers, creating new thinking spaces and discursive perspectives, new pedagogies and methods of how we learn together, how we build the community through solidarity and spaces where we create and coexist…

Thanks to Ana Jovanovska who is behind the design of this jubilee.

/македонски

Поминаа 20 години собивање на заедницата наречена Локомотива која, не така мирно, (се) возеше и едреше низ нашите макадами… ама сепак, ако погледнеме таму некаде од 2003 година, гледаме еден пат, многу колоритен, звучен, исполнет со многу уметност, прекршување копја, разни ветришта, пак многу уметност, разговори, смеа, истражувања, разни предизвици, борби, победи, многу научени лекции, креирани заедници, простори и промени кои ги посакувавме…

И понатаму нè чека уште долго патување, ама оваа година, малку и ќе запреме да кажеме благодарам на сите нас кои се гледаме како дел од тоа собивање, како соработници, публика и како другар(к)и, како оние без кои не ќе беше Локомотива.
Сакаме да ја посветиме оваа година на она на што тоа собивање се базираше овие 20 години, односно она што ја чини Локомотива – тоа се соработките тука, во регионот и пошироко, истражувања во уметноста и културните политики, посветеноста на продукцијата и претставување на современата уметност, застапувањето на потребите на уметниците и културните работници, креирањето нови мисловни простори и дискурзивни перспективи, нови педагогии и методи како учиме заедно, како ја градиме заедницата преку солидарност и простори каде што создаваме и собиваме…
Благодарност до Ана Јовановска која е позади дизајнот на овој јубилеј.

#20YLokomotiva  #20годиниЛОКОМОТИВА #LokomotivaSkopje