Здружението на граѓани „Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата” организатор на фестивалот за развој на креативните индустрии
„Скопје Креатива 2019 – Зелено Скопје”
објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување на поп- ап стор (привремена продавница)
Фестивалот за развој на креативните индустрии „Скопје Креатива 2019 – Зелено Скопје” организира продажен поп- ап стор (привремена продавница) кој ќе се реализира во Кино Култура – проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура (ул. Луј Пастер бр. 3, Центар – Скопје) на 1 јуни од 12 до 19 часот.
Целта на овој програмски дел, наречен ЕКО СФЕРА е да создаде платформа за презентација и промоција на креативни и иновативни производи од домашни автори.
Учество
Јавниот повик е отворен за учество на заинтересирани автори кои активно творат и работат во полето на модниот дизајн и модни додатоци, дизајн и изработка на производ и применети уметности.
Начин и рок за аплицирање:
Секој заинтересиран учесник треба да испрати информации со предлог производ или колекција со која би се претставил на поп-ап сторот (привремена продавница). Информациите треба да содржат:
- Краток опис и дигитална фотографија од производот или колекцијата со која се претставиле
- Кратка биографија на авторот и контакт телефон
Предлозите да се испратат на е-маил адреса: skopjekreativa19@gmail.com Насловот на е-маил пораката треба да гласи „Пријава за поп-ап стор”
Јавниот повик започнува на 4 мај и трае до 17 мај 2019 година, пладне (12.00 часот)