ЈАВЕН ПОВИК за графички решенија брендирање Зелено Скопје

Здружението на граѓани „Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата” организатор на фестивалот за развој на креативните индустрии

8.СКОПЈЕ КРЕАТИВА „Брендирање на зелено Скопје”

објавува:

ЈАВЕН ПОВИК за изработка на предлог

графички решенија на тема „Зелено Скопје”

“Брендирање на зелено Скопје” е програмски дел на фестивалот за развој на креативните индустрии „8.СКОПЈЕ КРЕАТИВА” кој има за цел да ги поттикне младите дизајнери да размислуваат на темата „Зелено Скопје” и да понудат креативни графички решенија кои ќе се искористат за брендирање на линија на промотивни производи како дел од фестивалот.

Оваа програма се однесува на промоција на мотото на фестивалот и свеста за екологијата на градот како култура на живеење. Предлог решенијата кои ќе бидат доставени на повикот ќе бидат разгледани од совет на граѓани составен од еден графички дизајнер и двајца граѓани на град Скопје, кои ќе селектираат 5 од најкреативните предлози кои ќе бидат аплицирани на ташни, маици, чаши, беџови и др. кои ќе се изработат и промовираат во рамки на фестивалот.

Сите предложени решенија ќе бидат објавени на веб страната на фестивалот со име на нивните автори – предлагачи.

Учество

Јавниот повик е отворен за учество на сите млади дизајнери кои имаат интерес да размислуваат и изработат креативни графички решенија на темата „Зелено Скопје”

Начин и рок за аплицирање:

  • Секој заинтересиран учесник може да предложи до 3 предлог решенија во формат за печатење, 300дпи минимум А4 формат или вектор
  • Решенијата да се испратат на е-маил адреса: skopjekreativa19@gmail.com Насловот на е-маил пораката треба да гласи „Предлог графички решенија за Брендирање на зелено Скопје”
  • Заедно со доставените предлог решенија да се достави во ворд документ и кратка описна биографија на авторот, не подолга од 120 зборови
  • Јавниот повик трае од 10 до 30 април 2019 година. Апликациите можат да се испраќаат до 30 април 2019 година, на пладне (12.00 часот)
  • За резултатите од повикот подносителите на пријавите ќе бидат информирани во електронска форма на 10 мај 2019 година