Павле Игновски
Уредник на филмската програма
Роден е и живее во Скопје. Пораснал во театар и кино. Поради тоа, 95/96/97 учествува во проектот Културен центар „Мала Станица“ и потоа се запишува на ФДУ. Со голема љубов работи неколку независни театарски проекти и учествува во отворањето на Античкиот театар во Охрид. Паралелно отвора своја продукција каде што продолжува со театарските претстави, продуцира неколку кратки филмови и издава книги (поврзани со театарот, се разбира). Продолжува со неколку претстави во националните театарски куќи и почнува повеќе да се занимава со маркетинг-кампањи (делот на видеопродукција). Учествува во продукцискиот дел на неколку странски продукции на играни филмови што се снимаат во Македонија. Напоредно, иницира и учествува во креирањето и продуцирањето на повеќе настани во живо поврзани со разни гранки на културата и урбаниот живот. Активно учествува и помага во организирањето на МОТ. Влегува во тимот на документарниот фестивал „МакеДокс“, каде што работи во продукцијата на фестивалот и на другите целогодишни активности. Денес е претседател на здружението „МакеДокс“ и директор на фестивалот за документарен филм. Љубовта кон театарот и прекинатата и никогаш завршена приказна со „Мала станица“ придонесуваат да учествува во проектот „Кино Култура“, кој почна пред 4 години и, еве, сè уште трае, расте и обележува едно време во културното живеење на градот…