Art Spaces and Residencies Summit

/македонски подолу/

 

Art spaces and Residencies summit

Kino Kultura – project space for contemporary performing arts and culture

12 and 13 December 2019

 

Lokomotiva – Centre for New Initiatives in Arts and Culture organizes “Art Spaces and Residences” Summit on 12 and 13 December at Kino Kultura. Our aim with this Summit is to bring together artists and cultural workers, converge two topics (art spaces and residencies) through perspective of “spaces of common” and “spaces of interdependence”.

Participants:

Andreas Liebmann (Copenhagen)-artist, Jan Philippe Possmann (Manheim)-dramaturg, theatre director and producer, Director at Zeitraumexit Manheim; Morten Goll (Copenhagen)-artist, founder of Trampoline Centre, Marijana Cvetkovic (Belgrade), cultural worker, activist and manager Station Service for contemporary dance; Ivana Vaseva (Skopje)-curator and cultural worker; Dejan Srhoj (Ljubljana)-choreographer, Nomad Dance Academy Slovenia, Cofestival Ljubljana; Danae Theodoridou (Brussels)-freelance performance maker and researcher; Milica Ilic (Paris)-cultural policy researcher and cultural manager, ONDA – French office for contemporary performing arts circulation; Oliver Musovikj (Skopje)-freelance artist; Slobodanka Stevcevska (Skopje)-artist, OPA (Obsessive Possessive Aggression) Collective; Filip Jovanovski (Skopje)-freelance artist, founder of FRU and AKTO Contemporary Art Festival. Biljana Tanurovska KjulavkovskiVioleta Kachakova and Elena Risteska (Skopje) – Lokomotiva/Kino Kultura.

This Summit is an invitation to join experiences from diverse socio-political as well as economic perspectives on those proposals. To think and discuss what is the politicallity of such spaces and how they are pre-configured? Also, what would the critical leadership or curating at spaces of common and interdependence would mean? We propose that we think – How to break the normative path of development of the spaces of arts and formats of work, which suggest us to model them by routine, through repetition, without confronting their presence in present.  Is this possible in the clientelistic and criminalistic capitalism where public is deeply infected with populistic, corruptive and right-wing politics?

The material infrastructure of the spaces and institutions should be secondary, thus we need to talk and think of the content, values, relations and politicallity that shapes them. We would like to think on the invisible relations that shape the spaces and formats in which we create, such as residency, but not only. What we produce in these spaces, and what are the invisible relations, which are creating the politicality and are moulding the space in presence and for its future? How to make them visible?

The Summit will be held within 2 working days and the working format will include closed workshops and working sessions with the participation of invited artists and cultural workers and 2 moderated discussions open to public.

These days we will share our experiences on the proposed perspectives and questions. Also, discuss and propose possible scenarios and think on issues as independent and interdependence, invisible relations, responsibility, care, curatorial practices of sharing, stable and flexible, funds and sustainability, clientelism as capitalism and other that will appear through the reflection….

We also would like to propose to think – how to build decentralized institution and art residence, but also what that would mean.

And we propose to enjoy the presence of diverse perspectives, as well as present realities and future ideas.

SUMMIT PROGRAM

12 and 13 December

>> 12 December

10.00 – 12.00 Kitsch Tour Skopje

Take a tour through the craziest city redecoration project in Europe! This walk around the capital of Macedonia tells the amazing story of Skopje2014 – an entire fortune spent on changing the look, history and life of a city. Discuss kitsch, corruption and public spaces while enjoying the new monuments and buildings in the theme park capital of Europe! Knock on the fake plastic walls of the new historical buildings and try to keep your eyebrows down when you learn about the biographies of the sculptors, architects and artists who created Skopje2014!

12.00 – 13.30

Welcome, short introduction by Biljana Tanurovska Kjulavkovski and Violeta Kachakova

Session 1: Short presentation of the participants and interest related to the subjects of art spaces and/or residencies?

15.00 – 16.30 Art Spaces – moderated public discussion with presentations

Moderator: Biljana Tanurovska Kjulavkovski

Participants:  Andreas Liebmann, Jan Philippe Possmann, Morten Goll, Marijana Cvetkovic, Ivana Vaseva

16.30 – 18.00 Residencies – moderated public discussion with presentations

Moderator: Violeta Kachakova

Participants: Dejan Srhoj, Danae Theodoridou, Milica Ilic, Oliver Musovik, Slobodanka Stevcevska and Filip Jovanovski

>> 13 December

10.00 – 12.00

Session 1: Politicality of the spaces and residencies. Belonging and sharing of art space and residency programmes (artists and guests – audience/citizens)

Reflection on the issue to whom the art spaces and residency programmes belong to, how they are programmed on one side, and used on the other?

12.00-13.30 / 15.00-16.00 working in groups, sharing information and results of the work with suggestions for the future

Group 1: Art spaces

Questions: Interdependence of artists and communities? Reflection on the aspects as independent and interdependence, how invisible relations are shaping the content in the spaces, what is the responsibility of the residents and invitees?

Other issues that can be discussed are related to curatorial practices in art spaces, and how to be stable and flexible in same time; how to oppose the clientelistic capitalism through new common spaces?

Group 2: Residencies

Questions: how residences support artists’ creation, reflection, research, experimentation and interaction and crate a space liberated from the existential pressure? Working conditions given within the frame of residency programme – possibilities or restrictions in relation to time/space/expected outcomes? The process of programation – how artists are selected or invited – the relation between artists and host? What kind of knowledge is/can be produced and shared within the residency programme? What kind of residency do we need? – 1/Regional collaboration and 2/Residency programme in Kino Kultura.

 

* * *

 

Art Spaces and Residencies Summit

12, 13 December 2019, Skopje

Kino Kultura – project space for contemporary performing arts and culture

 

Text by Biljana Tanurovska – Kjulavkovski

Curated by Biljana Tanurovska Kjulavkovski and Violeta Kachakova

Organized by Lokomotiva – Centre for New Initiatives in Arts North Macedonia in partnership with NOMAD Dance Academy Slovenia.

Art Spaces and Residencies Summit is organised in the frame of the projects “Programme of Lokomotiva in Kino Kultura – project space for contemporary performing arts and culture” supported by the City of SkopjeMinistry of Culture of North Macedonia and Centar Municipality and Life Long Burning, programme line Performance situation room supported by Creative Europe.

 


/македонски

 

САМИТ УМЕТНИЧКИ ПРОСТОРИ И РЕЗИДЕНЦИИ

Кино Култура – проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура

12-13.12.2019

 

Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата на 12 и 13 декември во Кино Култура организира Самит на тема „Уметнички простори и резиденции”.

Самитот има цел да обедини на едно место уметници и културни работници од домашен и меѓународен контекст кои заедно ќе разговараат и споделат професионални искуства и знаење на две теми: уметнички простори и резиденции, низ перспективата на „заеднички простори“ и „простори на меѓусебност“.

Учесници:

Андреас Либман (Копенхаген)-уметник; Јан Филип Посман (Манхајм)-драматург, театарски режисер и продуцент, директор на Zeitraumexit Manheim; Мортен Гол (Копенхаген)-уметник, основач на Тrampoline Centre, Маријана Цветковиќ (Белград)-културен работник, активист и менаџер на Station Service for contemporary dance; Ивана Васева (Скопје)-куратор и културен работник, Дејан Срхој (Љубљана)-кореограф, Nomad Dance Academy Slovenia и Cofestival Ljubljana; Дане Теодориду (Брисел)-независен уметник и истражувач; Милица Илиќ (Париз)-истражувач за културна политика и менаџер во културата, ONDA – француска канцеларија за ширење на современите изведувачки уметности; Оливер Мусовиќ (Скопје)-независен уметник; Слободанка Стевчевска (Скопје)-уметница, Колектив ОПА (Опсесивно Посесивна Агресија); Филип Јовановски (Скопје)-самостоен уметник, основач на ФРУ и АКТО фестивал за современа уметност. Биљана Тануровска ЌулавковскиВиолета Качакова и Елена Ристеска (Скопје), Локомотива/Кино Култура.

Овој Самит е покана да ги здружиме искуствата од различните општествено-политички и економски перспективи на тие теми, да размислиме и да дискутираме која е политичноста на ваквите простори и на кој начин се тие претходно конфигурирани? Исто така, што би значело критичкото лидерство или курирањето во заедничките простори и во просторите на меѓусебност?  Како да го пробиеме нормираниот пат на развој на просторите на уметноста и формите на работа, според кој треба да ги моделираме рутински, преку повторување, без да се соочиме со нивното присуство во сегашноста? Дали е ова можно во клиентелистичкиот и криминалистички капитализам каде што јавноста е длабоко заразена со популистички, коруптивни и десничарски политики?

Материјалната инфраструктура на просторите и институциите треба да биде второстепена, па затоа треба да разговараме и да размислуваме за содржината, вредностите, релациите и политичноста што ги обликуваат. Би сакале да размислиме за невидливите односи кои ги обликуваат просторите и формите во кои создаваме, како на пример резиденциите, но не само тие. Што произведуваме во овие простори и кои се невидливите односи што ја создаваат политичноста и го обликуваат просторот во сегашноста и за иднината? Како да ги направиме видливи?

Самитот ќе се реализира во рамки на 2 работна дена а форматот на работа ќе опфати работилници и работни сесии од затворен карактер со учество на поканетите уметници и културни работници и 2 модерирани дискусии од јавен карактер, отворени за публика.

Овие два дена ќе ги споделиме нашите искуства за предложените перспективи и прашања. Исто така, ќе дискутираме и ќе предложиме можни сценарија и ќе размислуваме во врска со независното и меѓузависното, невидливите односи, одговорноста, грижата, кураторската практика на споделување, стабилното и флексибилното, средства и одржливоста, клиентелистичниот капитализам, а и во врска со сето она што ќе се појави низ процесот на размислување…

Би сакале и да предложиме да се размисли: Како да се изгради една децентрализирана институција и уметничка резиденција, но и што би значело тоа?

А, предлагаме и да се ужива во сите тие различни перспективи, како и во сегашната реалност и идните идеи.

ПРОГРАМА НА САМИТОТ

>> 12 декември

10.00 – 12.00 Кич-обиколка на Скопје

Разгледајте го најлудиот проект во Европа за украсување на еден град! Оваа прошетка низ главниот град на Македонија ја раскажува чудесната приказна за Скопје2014 – цело богатство потрошено на изменување на изгледот, историјата и животот на градот. Разговор за кичот, корупцијата и јавните простори истовремено уживајќи во новите споменици и објекти на најголемиот луна-парк во Европа! Затропајте по лажните пластични ѕидови од новите историски згради и обидете се да не останете подзинати кога ќе ги видите биографиите на скулпторите, архитектите и уметниците кои го создадоа Скопје2014!

12.00 – 13.30

Краток вовед од Биљана Тануровска Ќулавковски и Виолета Качакова

Сесија 1: Кратко претставување на претставување на учесниците и интересот во врска со темите уметнички простори и/или резиденции?

15.00 – 16.30 Уметнички простори – јавна дискусија со презентации

Модератор: Биљана Тануровска Ќулавковски

Учесници: Андреас Либман, Јан Филип Посман, Мортен Гол, Маријана Цветковиќ, Ивана Васева

16.30 – 18.00 Резиденции – јавна дискусија со презентации

Модератор: Виолета Качакова

Учесници: Дејан Срхој, Дане Теодориду, Милица Илиќ, Оливер Мусовиќ, Слободанка Стевчевска и Филип Јовановски

>> 13 декември

10.00 – 12.00

Сесија 1: Политичноста на просторите и резиденциите. Припаѓање и споделување на уметничкиот простор и програмите за резиденции (уметници и гости – публика/граѓани)

Размислување во врска со прашањето кому му припаѓаат уметничките простори и резиденциите, како се замислени, од една страна, а од друга страна, како се користат?

12.00-13.30 / 15.00-16.00 работа во групи, споделување информации и резултати од работењето со предлози за во иднина

Група 1: Уметнички простори

Прашања: Меѓузависноста на уметниците и заедниците? Размислување за аспектите на независното и меѓузависното, како невидливите односи ја обликуваат содржината во просторите, која е одговорноста на резидентните и гостите?

Останатите прашања што може да бидат дел од дискусијата се поврзани со кураторските практики во уметничките простори и како истовремено да бидеме и стабилни и флексибилни; како да му се спротивставиме на клиентелистичкиот капитализам преку нови заеднички простори?

Група 2: Резиденции

Прашања: како резиденциите ги поддржуваат делата, размислувањата, истражувањата, експериментирањето и интеракцијата на уметниците и создаваат простор ослободен од егзистенцијалниот притисок? Условите за работа кои се дел од програмите за резиденции – можности или ограничувања во врска со време/простор/очекувани резултати? Процесот на изведување на програмата – како се бираат или покануваат уметниците – односот помеѓу уметниците и организаторот? Какви знаења се/можат да бидат произведени и споделени како дел од програмата за резиденција? Каква резиденција ни е потребна? – 1/Регионална соработка и 2/Програма за резиденција во Кино Култура.

 

* * *

 

САМИТ

УМЕТНИЧКИ ПРОСТОРИ И РЕЗИДЕНЦИИ

12-13 декември 2019 година, Скопје

Кино Култура – проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура, програма „Современа култура и јавни политики“

 

Текст: Биљана Тануровска – Ќулавковски

Програмски уредници: Биљана Тануровска Ќулавковски и Виолета Качакова.

Настанот е во организација на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Северна Македонија во партнерство со Номад танц академија Словенија.

Самитот се реализира во рамки на програмата на Локомотива во Кино Култура во 2019 година, програмска линија „Современа култура и јавни политики“ поддржана од  град СкопјеМинистерството за култура на Северна Македонија и Општина Центар. Програмата е подржана од Креативна Европа во рамки на проектот Life Long Burning, програмска линија Performance situation room