Програма на Скопје Креатива 2019

 

Фестивал за развој на креативните индустрии 

СКОПЈЕ КРЕАТИВА 2019- ЗЕЛЕНО СКОПЈЕ

| ПРОГРАМА | 31 мај – 2 јуни 2019 |

 

ПЕТОК / 31.05.2019 / КИНО КУЛТУРА

| 20.00 Отворање на фестивалот |

поздравен говор на тимот на фестивалот

| Ремиксувај ја културната стварност |

Изложба во јавен простор на редизајни на постери за македонски филмови, корици на музички албуми и на книжевни дела. |ул. Македонија|

| Брендирање на зелено Скопје | Програма за дизајн |

Претставување на промотивни производи со графички решенија на тема „Зелено Скопје” изработени од од македонските дизајнери и илустратори: Зоран Кардула, Немања Трајковиќ, Давор Кешќец, Емилија Десановска и Марина Размоска |фоаје во Кино Култура|

 

| Музичка програма |

| голема сала Кино Култура |

| 21.00 Дуња Иванова – Зелено во етерот за зелено Скопје |

Звучно-визуелна инсталација, изведба на композиции од современи авангардни и популарни автори кои го имаат изразот „зелено/green“, проследена со видеозапис со визуализации од Скопје

| 22.00 Роботек – RE:Cycled |

Настап во живо, промоција на RE:Cycled, специјално ЦД и електронско издание за фестивалот „Скопје Креатива 2019”

 

САБОТА/ 01.06.2019/ КИНО КУЛТУРА

| 12.00-19.00 Еко сфера |

| Поп-ап стор за дизајн, книги и музички изданија од домашни автори и издавачи |

 

САБОТА/ 01.06.2019/ МКЦ

| Програма за деца |

| МКЦ детски креативен центар |

| 10.00-12.30 „Млади и зелени“ со „Колектив Ветерница“ |

Работилница за деца со јавна презентација за невербален сценски израз со отелотворување на емоциите што децата ги чувствуваат во секојдневието во градот во кој живеат.

| 13.00-15.30 „Пишуваме, цртаме, патуваме: Сакаме зелено Скопје“ со Билјана Црвенковска |

Креативна работилница за деца од 6 до 9 години која поттикнува креација и имагинација кај децата на една многу важна тема – зелено Скопје!

| 11.00-16.00 „Изгубениот пердув“ со Маре Трајковска, Каролина Николова |

Анимациска програма за деца во светот на приказната „Изгубениот пердув“ каде што децата читаат, бојат, учат факти за специфични животни, решаваат загатки, поставуваат и одговараат на прашања, креираат 3Д-форми.

| 14.00-16.00 Креативно цртање на лица на деца со facepaint „Пеперутка“ |

 

| Изложба на нови прототип-производи и услуги во сферата на креативните индустрии поддржани во рамките на фестивалот | Програма за дизајн |

16.00-21.00 Изложбата е отворена за посета од 16 до 21 часот.

19.00 Официјално отворање со претставување на авторите и на делата

| МКЦ хол и долно фоаје кино Фросина |

„Celebrate life – Почни од себе“ – Горан Костовски Ind.og, „Миаботаника – ЛЕД-светилки” – Борјана Насева, „Примери“ – Арт еквилибриум, „Духот на старата градска куќа“ – здружение Градот убав, „Скаменета природа“ – Андреј Митевски, „Вода и камен“ – Александар Наумоски, Цртаме стрип „Скопје зелено пак ќе бидеш“ – Стрип-центар на Македонија, Велес, „Како да дизајнираме промена“ – Приватен принт, „Документирање техники за бојадисување волна на традиционален начин“ – Маја Миноска-Павловска, „Платформа за аудиокниги на македонски јазик“ – Флуктус, „Рециклиран маркетинг“ – Владимир Ристовски, „Еко-цевки“ – Јасмина Главинче WIZART,  „Eggshell-Hatched” – Глигор Кузмановски, „Зарез-резови во теракота“ – Анета Попова, „ReTex-Archisegment /РеТекс-Архисегмент“ – Екатерина Намичева, „Градење на патот до зелен град“ – Јасмина Пислевиќ

 

| Екологии на градот | Програма за архитектура |

| МКЦ парк |

19.00-19.30 Отворање на архитектонско тело (приклучок) кое ги зајакнува и вмрежува капацитетите на местото – паркот на Младински културен центар.

19.30-20.30 Предавање на Никола Руси, Италија – основач на „Лабораторио перманенте“, професор по архитектура и урбана композиција на Политехничкиот факултет во Торино и член на Извршниот одбор на АНЦСА, Националното здружение на историски и уметнички центри. Презентација на „Климатските агенти“ – проект за регенерација на два напуштени железнички дворови на северната и јужна периферија на Милано кој ја сврти перспективата на тековниот економски развој во обратна насока и предлага два нови еколошки уреди. /во соработка со МКЦ/

21.00-22.00 Градот убав? – филмови на ФДУ Скопје во Парк МКЦ

Избор на неколку документарни филмови на студентите на Факултетот за драмски уметности /Сандра Ѓорѓиева, Владимир Митревски, Горјан Атанасов/ што го коментираат животот на младите во современо Скопје.

 

| Театар |

| МКЦ кино Фросина |

20.00-21.00Како се прави човек“ – колективно авторство, режија: Хана Миленковска, продукција: Театар на Навигаторот Цветко

 

|  Музичка програма |

| МКЦ горно фоаје кино Фросина |

23.00 Afriqua а.к.а Адам Лонгман Паркер од Берлин, локална поддршка Мирко Попов

 

НЕДЕЛА / 02.06.2019 / КИНО КУЛТУРА

| 12.00-13.00 Бјутификација на градот | Програма за дизајн |

| Дворот во Државниот студентски центар „Скопје“ |

Презентација на резултати од „бјутификација“ или визуелно подобрување преку хортикултурно уредување, садење дрвја, грмушки и друго зеленило на дворот во Државниот студентски центар „Скопје“, реализирано преку план-проект изработен од професори и студенти од Шумарскиот и Архитектонскиот факултет.

 

| Кино утро | Филмска програма |

| голема сала Кино Култура |

11.30 – 13.00 Селекција на филмови од архивата на „Вардар филм“ – документарци, реклами, патописни репортажи, снимени во периодот од 1948 до 1986, прв дел.

 

| Редефинирај ја својата реалност |

| голема сала Кино Култура |

14.00-18.30 Презентации на иновации каде што се спојува креативноста со технологијата, интернет-технологијата и активизмот.

„Можеш ли без ѓубре?“- Андријана Папиќ-Манчева, ГЕТ-Велосипед – Венито комерц ДООЕЛ, Fashionably smart-3Д-печатени модни додатоци – ТАБМАКЕР ДООЕЛ, pulse.eco – О2 иницијатива и Нетсетера, The Data I Breathe/МојВоздух – Горјан Јовановски, „Здравје пред профит за Центар“, Проект НЕДЕЛАТА НА ИЗЛОЗИ, М3DS Академија за 3D и Game Design, Фонд за иновации и технолошки развој.

 

| Кино под ѕвездите  | Филмска програма |

| парк Кино Култура |

20.00-21.30 Селекција на филмови од архивата на „Вардар филм“ – документарци, реклами, патописни репортажи, снимени во периодот од 1948 до 1986, втор дел.

 

| Музичка програма | Затворање на фестивалот |

| Ехо од далечното минато |

| голема сала Кино Култура |

22.00 Диџеј-сет на HyperTech и Ненад Стефаноски–Брус

 

* * *

Тим на фестивалот

Виолета Качакова – директор и програмски уредник на фестивалот

Биљана Тануровска-Ќулавковски – програмски уредник на фестивалот

Јана Ацевска – уредник на програма за дизајн

Дејан Ивановски, Максим Наумовски и Игор Вецовски – уредници на програмата за архитектура

Мирко Попов – уредник на музичката програма

Павле Игновски – уредник на филмската програма

Елена Ристеска и Евдокиа Николова-Лиере – координатори на програмата на фестивалот

Анџела Петровска – асистент-координатор на програма на фестивалот

Деница Бојаровска – ПР и маркетинг-менаџер

Ѓурѓица Христовска – администратор

 

Јана Ацевска – дизајн и графичко обликување на промотивни материјали

Ивана Кузманоска – лектура на македонски јазик

Ана Василева – превод на англиски јазик

 

Организатор на фестивалот: Здружение на граѓани Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје.

 

Партнери и соработници на фестивалот: Кино Култура, проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура, Младински културен центар, Театар на Навигаторот Цветко, ПМГ Рекордингс, Колектив Ветерница, Аксиома – асоцијација за културна соработка и истражување, издавачка куќа Бегемот, МакеДокс, Вардар филм, Архитектонски факултет – Скопје, Шумарски факултет – Скопје, ЈП Паркови и зеленило, Општина Центар, Државен студентски центар „Скопје“ и Фонд за иновации и технолошки развој.

Медиумски спонзори: kliping.mk, Канал 103

 

Локации на фестивалот

Кино Култура, ул. Луј Пастер бр. 3, 1000 Скопје

Младински културен центар, ул. кеј Димитар Влахов 15, 1000 Скопје

 

Фестивалот се реализира со поддршка на Град Скопје

Влезот е слободен за целосната програма на фестивалот.