Здружение на граѓани ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во Скопје бара координатор/ка на определено време од 9 месеци, почнувајќи од октомври 2022г. Првите три месеци е период на адаптација со скратено работно време, останатите 6 месеци ангажманот е со полно работно време со можност за продолжување.
ЛОКОМОТИВА е организација со динамична средина за работа, соработува со бројни локални, регионални и меѓународни соработници и партнери и нуди голема можност за личен и професионален развој на своите членови. Повеќе на www.lokomotiva.org.mk.
Координаторот/ката е потребно да ги исполнува следните квалификации:
- да има завршено високо образование;
- да има одлично познавање на англиски јазик;
- да има претходно искуство во развој на проекти;
- да има претходно искуство во координирање на тимови и проекти;
- да има основно познавање од буџети и основни финансиски операции;
- да поседува комуникациски и организациски вештини;
- да има флексибилен однос кон времето и животниот стил бидејќи работата не е секогаш со фиксни работни часови, а и вклучува патувања во земјата и странство;
- претходно искуство во здруженија на граѓани ќе се смета за предност;
- познавање и искуство од полиња на хуманистичките науки ќе се смета за предност.
Задачи и обврски на координаторот/ката:
- Да иницира и развива идеи заедно со останатиот тим на ЛОКОМОТИВА;
- Да иницира и развива нови проектни апликации заедно со Програмскиот директор и Финансискиот менаџер;
- Активно да придонесува во креирањето на Годишна програма за работа на ЛОКОМОТИВА;
- Да го координира останатиот тим на ЛОКОМОТИВА за целосна и навремена техничка, административна и логистичка имплементација на Годишна програма;
- Да го координира останатиот тим на ЛОКОМОТИВА за целосна и навремена реализација на годишни извештаи;
- Да координира архивирање на материјали од настаните, комуницира со партнери и соработници, донатори и засегнати страни и повремено во отсуство на ПР да поставува тековни информации на веб страната и социјалните мрежи.
Важно е координаторот/ката да ги разбира задачите како интегрален дел од развојот на нашата современа култура и уметност која прави поместувања кај нас и пошироко и се застапува за подобри работнички услови во полето. Важно е да сака да учи, да ја развива и истражува културата и уметноста во релација со новите текови и социо-културни и политички теми кои се однесуваат на животната средина, феминизмот, човековите права итн.
Доколку сте заинтересирани пратете на lokomotivaskopje2015@gmail.com Ваша биографија и кратко писмо за интерес во кое ќе ги наведете Вашите мотиви и очекувања од овој ангажман, најдоцна до 09.09.2022 година со назнака „Апликација за координатор/ка“.