Three activities as part of the (Non)Aligned Movements project organised in Struga

/македонски подолу/

 

Lokomotiva, Skopje in the period from 25th of August till the 3rd of September in the small city of Struga, will organize three activities as part of the project (Non)Aligned Movements:

  • from 25.08.-30.08.2022 meeting of the Nomad Dance Academy network, entitled “Summit”,
  • from 28.08.- 03.09.2022 International Summer School “Curating in Context” part of the Open Course “Curatorial Practice in Context” at the Stockholm Academy of Arts
  • “Critical movement” residencies by Frida Laux (France) and Elena Rose Light (USA) from 28.08.- 03.09.2022.

The “Summit” of the Nomad Dance Academy will be attended by individuals and organizations, members of the Nomad Dance Academy, and they will discuss the ways of cooperation in the region, networking between festivals for contemporary dance and performance, the development of residential programs in that field, and the regional archive for contemporary dance and performance on the territory of the former Yugoslavia, will be discussed as well.

The meeting will be followed by the international school “Curating in Context”, held for the third time this year. What is special about this year’s edition is that it will take place “live” for the first time after the pandemic period and will be an integral part of the Open Course “Curatorial Practice in Context” by the Stockholm Academy of Arts.

The open course “Curatorial practice in context” consists of several parts, namely:

1) Summer school “Curating in context” intensive course with lectures, discussions, presentations on the local scene, workshops, visits to local initiatives, etc. in Struga, (28.08.-03.09.2022), 2) Composting, online (03.10.-07.10.2022), seminars on reading, writing and group discussions 3) Ethics and policies of production, online (07.11.-11.11.2022) ), lectures, and discussions on topics related to politics, cultural policy, organization, representation or how to produce, represent and initiate different models for presenting and articulating art in specific contexts 4) Development of a curatorial project, a period for self-reflection and reflection. For this course, each student will receive 7.5 credits.

The course is attended by 16 selected students from Europe, selected from among sixty applicants, three of whom from the region receive scholarships from Lokomotiv and the “Unbound Movements” project, while being supported by the student exchange program at the Stockholm Academy of Arts.

This course was developed in collaboration between the Stockholm Academy of Arts (SKH) and Lokomotiva – Center for New Initiatives in Art and Culture.

The course will be led by co-directors Tove Salmgren, professor from SKH, and Biljana Tanurovska- Kjulavkovski (Lokomotiva).

Professors/lecturers of the course are: Sergej Pristaš, Tove Salmgren, Biljana Tanurovska- Kjulavkovski, Silke Bake, Una Bauer, Rok Vevar, Marijana Cvetković, Danae Teodoridu, Jasmina Založnik, Bojana Kunst, Slavcho Dimitrov, Ana Efraimson and others.

 

Brief description to the first part of the course, – International summer school “Curating in context” which is held in Struga from 28.08.-03.09.2022

From August 28 to September 3, 2022, will happen the third edition of the International Summer School organized in Struga, which started as part of the collaborative project “Curating in Context” (2019-2021), a project supported by Erasmus+, co-organized between two civic organizations (Tanzfabrik Berlin and Lokomotiva Skopje) and two higher education institutions (Stockholm Academy of Arts and University of Zagreb/Faculty of Dramatic Arts). More information: https://curatingincontext.com 

As with the previous ones, this edition of the school, which this year is an integral part of the open course “Curatorial Practice in Context”, offers a critical perspective through which curatorial practices in contemporary (performing) arts in various cultural, socio-political and economic contexts, which are activist, self-organized and plural.

At the “school”, various curatorial practices based on (international) collaboration will be discussed, reflected, theorized and practically reviewed, which go beyond the disciplinary understanding of artistic production, and offer new models of dissemination outside the established practice of presentation in black or white box and representational politics.

Through the “school” program, we try to define labor and working conditions in curatorial practices, looking at curatorship as a process, or as “ways of inhabiting” (O’Neill and Wilson 2015), and as an open term that exists and develops, in relation to other terms and effects, as well as the environment in which art is produced and disseminated.

Aware that this term, or the ways of working related to it, have different meanings, this course will reflect its pluralities, enabling us to review and understand those curatorial strategies and practices that are generally aware, activist, and connect art with society – political and economic domains and problems, creating good working conditions for the production and distribution of art and critically positioning these processes and art in public.

The methods of working on the course are based on providing an environment for collaboration, encouraging self-organized ways of working and mutual analysis, mentor exchange and other approaches that will enable the development of knowledge through the process of exchange.

The school in Struga, will be attended guests and participants from the school “Critical Practice” – made in Yu (https://criticalpractice-madeinyu.dancestation.org) as well as participants from the residency “Critical Movement”  Frida Laux (France) and Elena Rose Light (USA), who will have their presentations, and all of them get to know the local scene in Struga, as well as in the country.

 

***

These activities are part of the (Non)Aligned Movements project supported by the Creative Europe/European Cooperation Western Balkans program, the Ministry of Culture of North Macedonia, the Goethe Institute-Skopje and the Stockholm University of the Arts (SKH).

The (Non)Aligned Movements project is developed in partnership between STANICA Service for contemporary dance, Belgrade; Nomad Dance Academy Slovenia, Ljubljana; Nomad Dance Academy Bulgaria, Sofia; Tanzfabrik Berlin and LOKOMOTIVA Centre for new initiatives in art and culture, Skopje.

***

Curatorial Practice Booklet

_____________________________________________________________

/македонски

 

Во периодот од 25.08. до 03.09.2022 во Струга, Локомотива, Скопје организира три важни активности како дел од проектот „(Не)врзани движења“ :

  • од 25.08-30.08.2022 средба на мрежата Номад Танц Академија, насловена како „Самит“ и
  • од 28.08.- 03.09.2022 Меѓународната летна школа „Курирање во контекст“ која е дел од Отворениот курс „Кураторски пракси во контекст“ на Стокхолмската академија на уметности
  • резиденции „Критичко движење/Critical movement” на Фрида Лау (Франција) и Елена Роуз Лајт (САД) од 28.08.- 03.09.2022

На „Самитот“ на Номад Танц Академија ќе присуствуваат поединци и организации, членови на Номад Танц Академијата, а ќе се дискутираат начините на соработка во регионот, вмрежувањето помеѓу фестивалите за современ танц и перформанс, развојот на резиденцијалните програми во тоа поле како и регионалната архива за современ танц и перформанс на просторот на бивша Југославија.

По средбата следи меѓународната школа „Курирање во контекст“ која оваа година ќе се одржува по трет пат. Она што е посебни за оваа година е дека таа за прв пат ќе се одвива „во живо“ после периодот на пандемијата и ќе биде интегрален дел од Отворениот курс „Кураторски пракси во контекст“ на Стокхолмската академија на уметности.

Отворениот курс „Кураторски пракси во контекст“ се состои од неколку делови, и тоа:

1) Летна школа „Курирање во контекст“ интензивен курс со предавања, дискусии, претставување на локалната сцена, работилници, посети на локални иницијативи итн. во Струга, (28.08.-03.09.2022), 2) Компостирање, онлајн (03.10.-07.10.2022), семинари на читање, пишување и групни дискусии 3) Етика и политики на продукција, онлајн (07.11.-11.11.2022), предавања, и дискусии на теми поврзани со политика, културни политики, организација, застапување или како да се произведуваат, застапуваат и иницираат различни модели за презентирање и артикулирање на уметноста во специфични контексти 4) Развој на кураторски проект, период за саморефлексија и промислување. За овој курс секој од студентите ќе добие 7.5 ект.

На курсот учестувуваат 16 студенти од Европа, селектирани помеѓу шеесетина апликанти, од кои тројца учесници од регионот се стипендирани од страна на Локомотива и проектот „Неврзани движења“, додека останатите се поддржани преку програмите за студентска размена на Стокхолмската Академија за уметности.

Овој курс се разви во соработка помеѓу Стокхолмската академија за уметности (СКХ) и Локомотива- Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата.

Курсот го водат ко-директорките Тове Салмгрен, професорка од СКХ и Биљана Тануровска – Ќулавковски (Локомотива).

Професори/предавачи на курсот: Сергеј Присташ, Тове Салмгрен, Биљана Тануровска- Ќулавковски, Силке Баке, Уна Бауер, Рок Вевар, Маријана Цветковиќ, Данае Теодориду, Јасмина Заложник, Бојана Кунст, Славчо Димитров, Ана Ефраимсон и други.

Кратко за првиот дел од курсот, – Меѓународната летна школа „Курирање во контекст“ која се одржува во Струга од 28.08.-03.09.2022

Од 28.08.- 03.09.2022 во Струга ќе се организира третото издание на Меѓународната летна школа која започна како програма на колаборативниот проект „Курирање во контекст“ (2019-2021) проект поддржан од Еразмус+, коорганизиран помеѓу две граѓански организации (Танцфабрик Берлин и Локомотива Скопје) и две високообразовни институции (Стокхолмската академија за уметности и Универзитетот во Загреб/Факултет за драмски уметности). Повеќе информации: https://curatingincontext.com

Како и на претходните, така и на ова издание на школата која оваа година е составен дел од отворениот курс „Кураторски пракси во контекст“, програмата нуди критичка перспектива преку која се про(раз)мислуваат кураторските практики во современите (изведбени) уметности во различни културни, социо-политички и економски контексти, а кои се активистички, самоорганизирани и плурални.

На „школата“ ќе се дискутира, рефлектира, теоретизира и практично ќе се прегледуваат различните кураторски практики засновани на (меѓународна) соработка, кои се надвор од дисциплинското разбирање на уметничката продукција, и кои нудат нови модели на дисеминација вон воспоставената пракса на презентацијата во црната или белата кутија и политиките на репрезенација.

Преку програмата на „школата“ се обидуваме да го дефинираме трудот и работничките услови во кураторските практики, гледајќи го кураторството како процес, или како „начини на настанување“ (О’Нил и Вилсон 2015), и како отворен термин што постои и се развива во релација со други термини и дејства, како и средини во кои уметноста се произведува и се дисеминира.

Свесни дека овој термин, или начини на работа поврзани со него, имаат различни значења, овој курс ќе ги рефлектира неговите плуралности, овозможувајќи ни да ги преиспитаме и да разбереме оние кураторските стратегии и практики кои се општествено свесни, активистички, ја поврзуваат уметноста со социо – политичките и економските домени и проблеми, создаваат подобри работни услови за продукција и дистрибуција на уметноста и критички ги позиционираат овие процеси и уметноста во јавноста.

Методите на работа на курсот се базирани на обезбедување на средина за соработка, поттикнување на самоорганизираните начини на работа и взаемни анализи, менторска размена и други пристапи кои ќе овозможат развој на знаењето преку процес на размена.

За време на школата во Струга ќе присуствуваат како гости и учесниците од школата „Критичка пракса“ – made in Yu (https://criticalpractice-madeinyu.dancestation.org) како и учесниците на резиденцијата резиденции „Критичко движење/Critical movement” на Фрида Лау (Франција) и Елена Роуз Лајт (САД) кои ќе имаат свои презентации, а исто така ќе се запознаат со локалната сцена во Струга, како и во земјата.

 

***

Овие активности кои се одвиваат во се дел од проектот „Неврзани движења“ кој е поддржан од програмата на Креативна Европа/Европска соработка Западен Балкан, Министерство за култура на Северна Македонија, Гете институт-Скопје и Стокхолмски универзитет за уметности (SKH).

Проектот „(Не)врзани движења“ се развива во партнерство помеѓу СТАНИЦА Сервис за современ танц, Белград; Номад танц академија Словенија, Љубљана; Номад танц академија Бугарија, Софија; Танцфабрик, Берлин и ЛОКОМОТИВА Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје.

***

Кураторска пракса прирачник 

 

_________________________________________________________