/македонски подолу/
Kultrening/ Choreography and dance workshop
“Choreographic miniatures” with Aleksandra Petrushevska
September 15 – 17 2021, 17:00 – 19:00 h
@ Gallery, Youth Cultural Center
Sign up by e-mail at Kultrening@gmail.com the number of participants is limited.
Due to compliance with the 19 protocols, it is necessary to present a vaccination certificate or a certificate of eligibility with a validity of not older than 45 days.
With great pleasure, we are announcing the following KULTRENING – series of dance and choreography workshops with choreographers and performers Aleksandra Petrushevska, Ivana Kocevska and Hristina Angelovska!
In the following period, these three artists will share their research, experiences and thoughts in the field of dance and choreography through the workshops that we will hold as part of the KULTRENING program.
We will start with the workshop of Aleksandra Petrushevska in the Youth Cultural Center in mid-September that will give all participants the rare opportunity to work on developing their own dance choreography.
Taking into account everyone’s health, the organizer will enable the realization of the events in line with current protocols. Only those who follow the recommendations set forward by the Infectious Diseases Committee will be able to participate.
Workshop days:
Wednesday, September 14, at 5:00 – 7:30 p.m.
Thursday, September 15, at 5:00 – 7:30 p.m.
Friday, September 16, at 5:00 – 7:30 p.m.
Join us in YCC and sign up by email at Kultrening@gmail.com
Choreographic miniatures
As part of the workshop, the participants will have an opportunity to work on developing their own choreographic miniatures. They will be introduced to a specific task and guided throughout the process. The task will include an object – an active participant in the process of creating choreographic miniatures. We will practice how to generate material while collaborating with an object and otherwise increase our sensitivity to something other than us.
Among the challenging questions that would guide us are: how can we become attentive to the object companion and perceive it not merely as a utility; how can we allow it to mold us, show us new routes we oftentimes avoid to take; how can we notice what else takes part in our alternation.
As the workshop unfold, together and individually we will be looking into different ways of organizing and selecting material, in the meantime recognizing that the material has a right in itself.
This workshop is a platform for exercising rare approaches to choreography making, widening our perception and multiplying our questions, and it is an open ground for us to do, dance, create material, choreograph and think together.
Aleksandra Petrushevska currently lives, works and studies in Berlin at the Inter-University Center for Dance Berlin (HZT). She’s been trained in different forms of dance and bodily practices. Mostly operates at the intersection of dance and choreography and oftentimes collaborates with other artists with an intention to develop collaborative practices regarded as a space, in which sound and bodily textures, but not only, meet, inform each other, communicate and intertwine, with a purpose to build an autonomous practice.
Photographies from the workshop:
*****
The workshop is part of Lokomotiva’s Kultrening program realized in collaboration with the Youth Cultural Center.
The Lokomotiva team consist of program director Biljana Tanurovska Kjulavkovski, project manager Blagica Petrovska, program coordinators Zorica Zafirovska, administrator Gjurgjica Hristovska, and PR coordinator Dino Chupevski.
Design Jana Acevska.
The program Kultrening is created by Lokomotiva and supported by the Ministry of Culture of R.N. Macedonia and the City of Skopje.
Check out the photo album by Zorica Zafirovska above. / Погледнете го фото албумот на Зорица Зафировска погоре.
/македонски
Култренинг / Работилница за кореографија и танц
Кореографски минијатури со Александра Петрушевска
15 – 17 септември 2021, во 17:00 – 19:00 часот
@ Галерија на Младинскиот културен центар
Пријавете се на е-пошта на Kultrening@gmail.com бројот на учесници е ограничен.
Со големо задоволство ги објавуваме следните КУЛТРЕНИНГ – серии танцови и кореографски работилници со кореографките и изведувачките Александра Петрушевска и Христина Ангеловска!
Во следниот период, овие уметници ќе ги споделат своите истражувања, искуства и размислувања во полето на танцот и кореографијата преку работилниците кои ќе ги одржуваме во рамки на КУЛТРЕНИНГ.
Почнуваме со работилниците на Александра Петрушевска во просторот на Младинскиот Културен Центар, со која како дел од КУЛТРЕНИНГ програмата, во средината на септември сите учесници ќе имаат ретка можност да работат на развивање на свои танцови кореографии.
Организаторот се грижи за здравјето на сите и ќе овозможи реализација на настаните според протоколите, односно ќе може да земат учество сите оние кои ги исполнуваат условите според препораките на Комисијата за заразни болести за работа во затворени простории.
Работни денови:
15 септември, среда, во 17:00 – 19:30 часот
16 септември, четврток, во 17:00 – 19:30 часот
17 септември, петок, во 17:00 – 19:30 часот
Придружете ни се во МКЦ и пријавете се на Kultrening@gmail.com.
Кореографски минијатури
Во рамките на работилницата учесницитe ќе имаат можност да работат на развивање на свои танцови кореографии. Ќе се работи на конкретна задача со дадени насоки. Задачата ќе вклучува некаков предмет кој ќе биде активен учесник во процесот на правење кореографска минијатура. Ќе вежбаме како да создадеме материјал во соработка со тој предмет и воопшто да ја зголемиме сензитивноста кон нешто поразлично од самите нас. Прашања кои ќе нè водат и ќе бидат предизвик: како да бидеме пообѕирни кон предметот кој нè придружува и да не го гледаме само како сценска алатка; како да дозволиме предметот да нè обликува и да ни покаже нови рути кои не се осмелуваме да ги следиме; како да забележиме што сè ја предизвикува промената во нас.
Во текот на работилницата, заедно и поединечно ќе разгледуваме различни начини на селектирање и организирање на материјали, притоа препознавајќи дека материјалите имаат своја автономија. Следејќи ги чекорите што ги превземаме со цел да изградиме различни стратегии за да ја исполниме задачата, ќе биде важно, исто така, да забележиме која е релацијата помеѓу останатите ентитети кои играат улога во процесот на креирање, и како, без страв, да ги прифатиме. Оваа работилница е платформа за испробување на ретки пристапи кон развивање кореографија, растегнување на нашата перцепција и мултиплицирање на прашањата, а воедно ќе претставува отворен терен за истражување, танцување, креирање на материјал, кореографирање и размислување заедно.
Александра Петрушевска моментално живее, работи и студира во Берлин на Интеруниверзитетскиот центар за танц (HZT). Таа е обучена во повеќе танцови форми и телесни практики. Работи во полето на танцот и кореографијата. Постојано соработува со други автори и развива колаборативни практики кои ги разбира како простор во кoj телесните и звучните текстури, но не само тие, се среќаваат, комуницираат и се испреплетуваат со цел да изградат една автономна пракса.
*****
Работилницата е дел од програмата „Култренинг” на Локомотива реализиранa во соработка со Младинскиот Културен Центар.
Тимот на Локомотива го сочинуваат програмската директорка Билјана Тануровска-Ќулавковски, проектната менаџерка Благица Петрова, програмската координаторка Зорица Зафировска, администраторката Ѓурѓица Христовска, и ПР координаторот Дино Чупевски.
Дизајн Јана Ацевска.
Програмата „Култренинг” на Локомотива е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.