***english bellow***
КУЛТРЕНИНГ
09 мај (четврток) 12:00 – 14:00 часот||ДМБУЦ Илија Николовски-Луј / Теодора Ежовска
10 мај (петок) 12:00-14:00 часот || ДМБУЦ Илија Николовски-Луј / Тереза Лазарев
ЛОКОМОТИВА продолжува со КУЛТРЕНИНГ, а следните две работилници се одржуваат во соработка со ДМБУЦ Илија Николовски-Луј и во нив ќе учествуваат учениците од училиштето, предводени од кореографките и изведувачките/танцовите уметнички Теодора Ежовска и Тереза Лазарев.
Култренинг работилниците се организираат во соработка со локални и регионални и меѓународни кореографи и танцови уметници, во различни простори во градот.
„Пулсирачки дијалог и експанзија“ – работилница со Теодора Ежовска
Фокусот на оваа работилница е развивање интензивен и творечки дијалог помеѓу телото и просторот, преку кој учесниците ќе го истражат својот уметнички потенцијал. Преку методите на уметничка импровизација и работа со сензорска свесност, учесниците ќе бидат поттикнати да ги прошират своите соматички граници и да креираат нови начини на изразување, што ги води кон експанзија на нивната творечка визија.
На работилницата методологијата и алатките ќе формираат синергија и ќе го поттикнат креативниот потенцијал на учесниците. Алатките се поврзани со рестрикција на надворешниот простор, елементи на репетиција, внесување временска димензија и сензорна ограниченост, и со нив ќе се продлабочи свесноста на различна перспектива и согледување на творечкиот материјал и неговото преобликување. Овој интегрирачки пристап ќе ги поттикне учесниците да го развијат својот уметнички израз и да создадат нови изразни и хармонични дијалози преку своите движења во современиот танц.
„Заплеткување“ – работилница со Тереза Лазарев
Оваа работилница има за цел да ни открие начини на кои би можеле да го преплетеме, да го заплеткаме нашето тело, а пробува да ги одговори прашањата: Како можеме да се заплеткаме? Kако се менува нашето тело во таков процес, и на каков начин можеме да го преобликуваме просторот?
Со конкретни вежби ќе пробаме да најдеме начин да развиеме ритам, како и да го обликуваме просторот. Со допир ќе научиме како да следиме и водиме. Ќе работиме свесно обрнувајќи внимание на просторот, како и на другите тела во просторот. Ќе си дозволиме да си играме, да станеме свесни за нашите навики на движење, оставајќи простор да изградиме нови.
Теодора Ежовска ја започнала својата танцова кариера во својата седма година, оттаму детската желба за танц и првите чекори во хип-хоп, танц театар, шоу-денс, се преточила во подоцнежните години, па таа ги продолжила своите студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, на отсекот за балетска педагогија – современ танц, каде што го зајакнува и продлабочува својот танцов вокабулар.
Нејзиното искуство како изведувачка и танцова уметница е сестрано и широко, што ѝ овозможува експанзија на нејзината движечка/танцова експресија. Има учествувано во проектите „Проект М” – Урсула Игли и Искра Шукарова, „Апоптозис” – Елена Андонова Петровиќ, музика: Дарија Андоновска „Чудна Шума” – Грегор Камникар и Искра Шукарова, „Метаморфоза” – Ивана Коцевска, „Ре-Платформа” – Чарлс С. Вајт и Лион Брнс, „Оди длабоко” – Ивана Балабанова, „Нејзин сопствен простор” – Ивана Балабанова, „Движење на урбан пејзаж” – Јасмин Петролаки, „Swindel” – Тобијас М. Драгер и многу други.
Работата како кореографка ѝ овозможува истражување, експериментирање и применување методологии кои опфаќаат работа со простор, време, проксемика, колектив, објекти, итн. Како кореграфка стои зад танцовите дела „Спирала” 2018 година (Дипломско дело, ментор проф. Искра Шукарова), „Обединување”, „Торн” 2019 година, „Синергија” 2020 година, „I can’t breath, I can’t speak”, a за нејзиното дело “The circle is not round”, под менторство на Вики Ангелику, освојува трета награда на Фестивалот за кореографски минијатури во Белград. Во моментов Теодора работи на своето ново дело Ла лола/онаа која знае, за кое имаше можност да го започне и прикаже како *work in progress* презентација во рамките на Крловац танц фестивалот во Хрватска, како дел од Non Aligned Movements на Nomad dance Academy.
Работилниците се дел од програмата „Култренинг” на Локомотива, реализиранa во соработка со ДМБУЦ Илија Николовски-Луј.
Програмата „Култренинг“ е дел од Интердисциплинарната програма на Локомотива која е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
KULTRENING: DANCE AND CHOREOGRAPHY WORKSHOP WITH TEODORA EZHOVSKA AND TEREZA LAZAREV
KULTRENING
May 9 (Thursday) 12:00 – 14:00 || DMBUC Ilija Nikolovski-Luj / Teodora Ezhovska
May 10 (Friday) 12:00-14:00 || DMBUC Ilija Nikolovski-Luj / Tereza Lazarev
LOKOMOTIVA resumes with Kultrening, and the two upcoming workshops will be held in cooperation with DMBUC Ilija Nikolovski-Luj and participating students from the school, led by choreographers and performing/dance artists Teodora Ezhovska and Tereza Lazarev. KULTRENING workshops are organized in collaboration with local and regional and international choreographers and dance artists, in various spaces within the city.
“Pulsating Dialogue and Expansion” – Workshop with Teodora Ezhovska
The focus of this workshop is developing an intense and creative dialogue between the body and the space, enabling participants to explore their artistic potential. Methods of artistic improvisation and work with sensory awareness will encourage participants to push their somatic boundaries and create new ways of expression, taking them towards an expansion of their creative vision.
At the workshop, the methodology and the tools will form a synergy and stimulate the creative potential of the participants. The tools are related to external space restriction, elements of repetition, introduction of temporal dimension and sensory limitation, and they will deepen the awareness of different perspectives and contemplation of artistic material and its transformation. Such an integrative approach encourages participants to develop their artistic expression and create new expressive and harmonious dialogues through their movements in contemporary dance.
“Entanglement” – Workshop with Tereza Lazarev
This workshop aims to discover ways in which we can intertwine, entangle our bodies, and seeks to answer the following questions: How can we entangle ourselves? How does our body change in such a process, and in what ways can we reshape space?
We will attempt to find ways to develop rhythm and shape space through specific exercises. We will learn how to follow and lead through touch. We will work consciously, paying attention to space and other bodies within the space. We will allow ourselves to play, to become aware of our movement habits, leaving space to build new ones.
Her experience as a performer and dance artist is diverse and extensive, allowing for an expansion of her movement and dance expression. She has participated in projects including “Project M” – Ursula Eagly and Iskra Shukarova, “Apoptosis” – Elena Andonova Petrovikj, score: Darija Andonovska, “Strange Noise” – Gregor Kamnikar and Iskra Shukarova, “Metamorphosis” – Ivana Kocevska, “Re-Platform” Charles Slender- White and Liene Burns “Go Deep” – Ivana Balabanova, “Her Own Space” – Ivana Balabanova, “Urban Landscape Movement” Jasmin Petroulaki, “Swindel” – Tobias M. Draeger and many others.
Working as a choreographer enables her to explore, experiment, and apply methodologies involving space, time, proxemics, collective work, objects, etc. As a choreographer, she is behind dance pieces such as “Spiral” 2018 (graduation thesis, mentor professor Iskra Shukarova), “Unity”, “Thorn” 2019, “Synergy” 2020, “I can’t breath, I can’t speak”, and her work “The circle is not round”, under mentorship by Vicky Angelidou, won the third prize at the Choreographic Miniatures Festival in Belgrade.
Currently, Teodora is working on her new piece “La Lola / The One Who Knows”, which she had the opportunity to start and present as a work in progress at the Karlovac Dance Festival in Croatia, as part of the (Non)Aligned Movements by the Nomad Dance Academy.
The workshops are part of the “Kultrening” program by LOKOMOTIVA, implemented in collaboration with DMBUC Ilija Nikolovski-Luj.
Kultrening is part of Lokomotiva’s Interdisciplinary Program supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.