Култренинг/ Работилница за кореографија и танц | „Резонантни тела“ со Теодора Ежовска | 29 септември 2023, 18:00 – 20:00 часот | @ КСП Центар – Јадро
ЛОКОМОТИВА – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата и ве кани да ја проследите втората серија на работилници за современ танц и движење КУЛТРЕНИНГ – „Резонантни тела“ работилница за кореографија со Теодора Ежовска во КСП Центар – Јадро.
Работилницата е бесплатна и отворена за учесници со или без танцувачко искуство.
Пријавете се на kultrening@gmail.com, до 28.09.2023 бројот на учесници е ограничен.
Ве молиме понесете удобна и лесна облека.
Работилницата со Теодора Ежовска на учесниците им нуди танцово истражување и работа преку метод на допир, сензација, процес на истражување што овозможува експанзија на мисловна, како и физичка работа на тело, за тоа што е возможно и како се надминуваат сопствените лимити. Што се случува со нашите сетилни средства на изразување и како тие можат да ја збогатат играта на импровизација, се само дел од прашањата и елементите кои, оваа пракса има за цел да ја одрази телесната/ движечка експресија.
Теодора Ежовска ја започнала својата танцова кариера во својата седма година, оттаму детската желба за танц и првите чекори во хип- хоп, танц театар, шоу-денс, се преточила во подоцнежните години, па таа ти продолжила своите студии на “Факултетот за музичка уметност/ Скопје, на одсекот за Балетска педагогија – современ танц”, каде што го зајакнува и продлабочува својот танцов вокабулар.
Нејзиното искуство како изведувачка и танцова уметница е сестрано и широко, што и овозможува експанзија на нејзината движечка/ танцова експресија. Има учествувано во проектите „Проект М”, „Апоптозис”, „Чудна Шума”, „Метаморфоза”, „Ре-Платформа”, „Оди длабоко”, „Нејзин сопствен простор, „Движење на урбан пејсаж” и „Swindel” и многу други.
Работата како кореографка ѝ овозможува истражување, еспериментирање и применување на методологи кои опфаќаат работа со простор, време, проксемика, колектив, објекти, итн. Како кореграфка стои зад танцовите дела „Спирала” 2018, „Обединување”, „Торн” 2019, „Синергија” 2020, „I can’t breath, I can’t speak”, a за нејзиното дело “The circle is not round” освојува трета награда на Фестивалот за кореографски минијатури во Белград.
*****
Работилницата е дел од програмата „Култренинг” на Локомотива реализиранa во соработка со КСП Центар – Јадро.
Тимот на Локомотива го сочинуваат програмскaта директорка Биљана Тануровска- Ќулавковски, проектната менаџерка Емилија Чочкова, соработничката Зорица Зафировска, администраторката Ѓурѓица Христовска и ПР Јулијана Младеновска.
Програмата Култренинг е креирана од Локомотива и поддржана од Министерството за култура на Р.С. Македонија.
Check out the photo album above. / Погледнете го фото албумот погоре.
LOKOMOTIVА – Center for new initiatives in arts and culture informs you about the following program:
Kultrening/ Choreography and dance workshop
“Resonant bodies” with Teodora Ezhovska
September 29, 2023, 18:00 – 20:00
@ SCS Centar – Jadro
LOKOMOTIVA – Center for new initiatives in art and culture invites you to the second series of contemporary dance and movement workshops KULTRENING – “Resonant Bodies” choreography workshop with Teodora Ezhovska at the @ SCS Centar – Jadro.
The workshop is open to participants with or without dancing experience.
Register at kultrening@gmail.com no later than 28.09.2023, the number of participants is limited. Please wear light and comfortable clothes.
The workshop with Teodora Ezhovska offers the participants a dance research and work through the method of touch, sensation, a research process that allows expansion of thought, as well as physical work of the body, about what is possible and how to overcome one’s own limits. What happens to our sensory means of expression and how they can enrich the game of improvisation, are just some of the questions and elements that this practice aims to reflect bodily/movement expression.
Teodora Ezhovska started her dance career in her seventh year, from there the childhood desire for dance and the first steps in hip-hop, dance theater, show dance, translated into later years, so she continued her studies at the “Faculty of Musical Arts” / Skopje, at the Department of Ballet Pedagogy – Contemporary Dance”, where he strengthens and deepens his dance vocabulary.
Her experience as a performer and dance artist is versatile and broad, which allows her to expand her movement/dance expression. He has participated in the projects “Project M”, “Apoptosis”, “Strange Forest”, “Metamorphosis”, “Re-Platforma”, “Go Deep”, “Her Own Space”, “Moving Urban Landscape” and “Swindel” and many more others.
The work as a choreographer allows her to research, experiment and apply methodologies that include work with space, time, proxemics, collective, objects, etc. As a choreographer, she is behind the dance works “Spiral” 2018, “Unification”, “Thorn” 2019, “Synergia” 2020, “I can’t breath, I can’t speak”, and for her work “The circle is not round” wins third prize at the Festival of Choreographic Miniatures in Belgrade.
*****
The workshop is part of Lokomotiva’s “Kultrening” program realized in cooperation with SCS Centar – Jadro.
The Lokomotiva team consists of program director Biljana Tanurovska-Kjulavkovski, project manager Emilia Chochkova, colaborator Zorica Zafirovska, administrator Gjurgjica Hristovska and PR Julijana Mladenovska.
Kultrening program was created by Lokomotiva, Skopje and supported by the Ministry of Culture of North Macedonia.