“Young and Green” with Veternica Collective
A two-day workshop under the mentorship of “Veternica” Collective for non-verbal stage expression that will pay special attention to the embodiment of the emotions that children feel in everyday life in the city they live in. Do they see waste? Who creates it? Do they have enough space for free play? In this workshop, through practical group-work, we will become acquainted with the body as an instrument of expression through the use of acting and theater techniques, as well as making costumes and masks from recycled materials. Through exercises for motivation of the personal expression, the basics of stage techniques for using space and movement in a group, as well as the symbolic of the nonverbal expression, we will create a joint work that will speak about the quality of life of children living in contemporary Skopje.
“Veternica” Collective is a grassroot organization that has been actively working for six years in the field of socially engaged theater through regular dance theater classes for children and youth, creative workshops and various civic initiatives. So far, they have set up 17 theater plays “from children for chil-dren” and “from people for people” by setting a different concept of an independent theater that was presented with an abstract at the symposium “Sterjino pozorje”, in which we paid particular attention to the difference between “animator” and “educator”.
YCC children’s creative center, 1 june || 10.00-12.30
„Млади и зелени“ со Колектив Ветерница
Дводневна работилница под менторство на „Колектив Ветерница“ за невербален сценски израз која ќе обрне особено внимание на отелотворување на емоциите што децата ги чувствуваат во секојдневието во градот во кој живеат. Дали гледаат отпад? Кој го создава? Дали имаат доволно места за слободна игра? Во оваа работилница преку практична работа во група ќе се запознаеме со телото како инструмент на израз преку користење техники од глума и театар, но и со изработка на костими и маски од рециклирани материјали. Преку вежби за мотивација на личен израз, основа на сценски техники за користење простор и движење во група, како и симболика на невербалниот израз ќе создадеме заедничко дело кое ќе зборува за квалитетот на живот на современите деца во Скопје.
„Колектив Ветерница“ е grassroot организација која веќе 6 години активно работи во полето на социјално ангажиран театар преку редовни часови за танцов театар за деца и млади, креативни работилници и различни граѓански иницијативи. Досега има поставено 17 театарски претстави „од деца за деца“ и „од друѓе за луѓе“ поставувајќи различен концепт на независен театар кој беше претставен со апстракт на симпозиумот Стеријно позорје, во кој особено внимание обрнавме на разликата помеѓу „аниматор“ и „едукатор“. „Колектив Ветерница“ негува хоризонтален пристап, заедничка соработка и одговорност во споделување знаења и идеи, верувајќи дека уметноста е огледало на секојдневното живеење и основна алатка за спознавањето и менувањето на себеси и на околината.