Континуирани средби на работната група за Офицерски Дом

Како дел од повеќе работни средби во рамките на проектот „Културни простори за активни граѓани“, се направи истражување за состојбата околу припадноста на на Офицерски Дом во Битола, препораки за просторот и неговото користење и предлог јавна акција во рамки на АКТО фестивалот во 2017 година.

Учество во работењето на групата имаат:
Филип Јовановски и Ивана Васева (ФРУ), Биљана Тануровска Ќулавковски (Локомотива) Никола Наумовски (соработник член на Плоштад слобода, активист и експерт во организирање на застапувачки процеси), Весна Кочанкова (кустос во НУ Музеј и завод Битола), Александар Литовски (историчар во НУ Музеј и завод Битола), Благојче Котески (советник во општина Битола) Александар Јовановски (АКТО фестивал Битола, граѓанска иницијатива „ Битола не е на продажба“), Влатко Деловски (граѓанска иницијатива „Битола не е на продажба“).
Во текот на 2017 година оваа група реализираше неколку средби поврзани со работни сесии и план на акции и тоа во јуни (28/29), јули (19), август (18/21), септември (2).
Работата на оваа група опфати: истражување за припадноста на Офицерски дом со фокус на прашањата: Кој е сопственик? Во чие владение е? Кои се моменталните планови на институциите во врска со овој објект? Кои се алтернативите кои кружат меѓу одлучувачите?

Развој на концептот на Поп ап Акто за Офицерски дом во фокус ja постави иницијативата за ревитализација на објектот. Како дел од тоа се спроведе истражување на процедурите за користење на Офицерски Дом и предложија идни чекори во однос на:
1. Заштита на Офицерскиот дом и контактна зона и Разработка на внатрешна содржина.
2. Идеи и насоки за организација на видео кампања како дел од АКТО и
3. Идеи и насоки за создавање на локални сојузници-локални иницијативи, здруженија на граѓани, битолски локали и индивидуалци кои подоцна се имплементираа како дел од програмата на фестивалот АКТО АГОРА а подоцна и резултираа со обезбедување на средства од општина Битола за реставрација на објектот.
***
english>>

Working goup Officer’s House in Bitola
Participants in the group:
Filip Jovanoski and Ivana Vaseva (FRU), Biljana Tanurvoska Kjulvakovski (Lokomotiva), Nikola Naumovski (associate member of Freedom Square, activist and expert in organizing advocacy processes), Vesna Kochankova (curator at NI Institute and Museum Bitola), Aleksandar Litovski (historian at NI Institute and Museum Bitola), Blagojche Koteski (advisor at Municipality of Bitola), Aleksandar Jovanovski (AKTO festival Bitola, civil initiative “Bitola is not on sale”), Vlatko Delovski (civil initiative “Bitola is not on sale”).
During 2017, this gruop realized several meetings related to working sessions and action plans in June (28/29), July (19), August (18/21), September (2).
The work of this group included: Reasearch on the affilation of the Officer’s House with the focus on the questions: “Who is the owner”? “In whose possesion is it?”, “What are the current plans of the institutions regarding this facility”?, “What are the alternatives circling among the decision makers?”
The development of the concept of Pop Akto for Offcier’s House puts in the focus initiative for revitalization of the building. As part of this, a survey of the procedures for using the House of Representatives was conducted and proposed further steps in relation to:
1. Protection of the Offcer’s House and contact zone and Development of internal content.
2. Ideas and guidelines for organizing vido campaigns as part of AKTO and
3. Ideas and guidelines for the creation of local allies- local initiatives, civil association, localities in Bitola and individuals that were later implemented as part of the program of the festival AKTO GORA and later resulted in providing funds for the Municipality of Bitola for the restoration of the building.