Квир / Настрано тело програма | Дрег шминка 101: работилница со Маја Миланова

Квир/Настрано тело програма/ Дрег шминка 101 работилница со Маја Миланова || 6 октомври 2023 година, 18:00 часот @Галерија на Факултетот за ликовни уметности

ЛОКОМОТИВА-Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, веќе трета година ја организира програмата Квир тело, со цел да овозможи простор за креирање, споделување и продуцирање на драг и квир култура. Локалната заедница ќе има можност да ги сподели своите искуства со меѓународните и локалните уметници и соработници и да отвори нови простори и форми за изразност и развој на драг културата. 

*******EN below

Во рамките на проектот Квир тело Локомотива организира неколку работилници за синхронизација на усните, пеење во живо, танц, шминка и изведба заедно со дрег заедницата, со цел да го поддржи развојот и движењето на „телата на отпорот“ како дел од дрег култура. Овој проект е создаден за да ја поттикне и даде видливост на локалната дрег култура и нејзините членови.

Отворената серија работилници и перформанси со дрег артисти, актери и уметници, ги водат самите дрег изведувачи Дарио Барето Дамас (познат како Ирма Свон), Александар Георгиев (познат како Тита Екстра Вита), Јана Јакимовска (позната како Линда Социјалиста), Симона Спировска, глумица и латино танчерка и Маја Миланова шминкер, и заедно со учесниците ги истражуваа(т) различните пракси поврзани со културата.

Во работилниците Ultimate која ја одржаа Дарио Барето Дамас (познат како Ирма Свон), Александар Георгиев (познат како Тита Екстра Вита) изведувачите работеа за создавање простор за споделување кореографски алатки и јазик како основа за перформативност во рамките на дрег шоуата и Биди Пиг(еј)малион и создади ја својата Гејлатеа! уметницата Јана Јакимовска (позната како Линда Социјалиста), работеше заедно со учесниците на споделување алатки и јазик поврзани на градење на лична дрег персона.

Во следната работилница за Дрег шминка 101, Локомотива, Скопје соработува со Факултетот за ликовни уметности, втора година во продолжение, отварајќи можности студентите да се приклучат на програмата Настрано тело отварајќи нов простор за создавање, споделување дрег и квир култура.

Во работилницата идентификувајте и истражете ја вашата дрег персона преку трансформации на лицето и телото со користење на дрег шминка шминка заедно со Маја Миланова. Дрег шминката бара сериозна посветеност ѝ е важна алатка за пронаоѓање на личен и препознатлив изглед кој одговара на уметниците кои ја користат.

Светските дрег уметници имаат создадено цел спектар на уникатни стилови, кои го истражуваат родот преку уметнички изведби. Кралевите и кралиците можат да ги постигнат посакуваните трансформации со употреба на изведбена шминка, преку користење на различни техники како покривање, прикривање, засенување, контурирање и истакнување за да го прилагодат очите, усните, лицето и телото, создавајќи уникатен изглед кој е поголем од животот.

Што ги отвара прашањата на кои ќе работиме: Што сакате да му пренесете на светот кога ќе излезете на сцената? Како можете да ја прилагодите вашата естетика, за попрецизно да ја пренесете вашата порака? Тоа се само дел од прашања за кои размислуваме и заеднички ќе се обидеме да дадеме одговори преку споделување на пракси за изведба и перформанс.

За работилницата: Дрег шминка 101

Дојдете и научете ги основите на дрег шминка по сите правила. Ќе ги поминеме сите чекори за целото лице без да се врзани за еден специфичен стил.

Сите што сакаат да учествуваат имаат избор дали само ќе гледаат или ќе следат чекор по чекор, во кој случај би било добро да донесете сопствени шминки. Ве охрабруваме активно да учествувате затоа што пракса е најдобриот начин да се стекне вештина, но не е задолжително.

Маја Миланова е професионален уметник преку ден, и шминкер преку ноќ. Секоја површина е платно, само треба да се адаптираш на правилата.

Оваа работилница е насочена кон дрег сцената и е отворена за сите вас кои имате интерес во градење на дрег карактер перформанс и кореографија (професионалци и сите заинтересирани).

Пријавете се на kultrening@gmail.com, до 06.10.2023 бројот на учесници е ограничен. Работилницата е бесплатна и отворена за сите учесници со или без искуство. Ве молиме понесете шминката која ја поседувате.

Работилницата ќе трае приближно 3 часа во една сесија.

***

Програмата е иницирана и координирана од Зорица Зафировска, како дел од прoграмата Квир тело што ја поддржува заедницата во изминатите три години. По посетата на работилниците, учесниците ќе имаат можност да ги претстават свои ликови и изведби на заеднички настан организиран од Локомотива, Скопје на Факултетот за ликовни уметности.

*****

Реализирано во соработка со Факултетот за ликовни уметности, ЛГБТИ центарот за поддршка и социо-културниот центар Комитет како дел од „Квир тело/ Интердисциплинарната програма” на Локомотива, поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

 

*********EN

Queer body programme/ Drag Makeup 101 Workshop with Maja Milanova || October 06, 2023, 18:00 @ Gallery of Faculty of Fine Arts

LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture the third year in the continuation organizes the program Queer body programme with the aim to enable the space for creating, sharing, and producing drag and queer culture. The local community will have the opportunity to share their experiences with international and local artists and collaborators in opening new spaces and forms for the expression and development of drag culture… 

In the frame of the Queer body programme, Lokomotiva organizes several open workshops of lip-syncing, live singing, dance, and performance with the drag community, aiming to support the development of the movements and “bodies of resistance” as part of the drag culture. This project was created to encourage and give visibility to the local culture and its members. 

The open series of workshops and performances will be led by the drag artists themselves Dario Barretto Damas (known as Irma Swan), Aleksandar Georgiev (known as Tita Extra Vita), Jana Jakimovska (known as Linda Socialista), Simona Spirovska an actor and a Latino dancer, and Maja Milanova make-up artist. The drag artists, actors, and artists, with the participants will explore the various practices related to the culture and togetherness. 

The workshop Ultimate by Dario Barretto Damas (known as Irma Swan), Aleksandar Georgiev (known as Tita Extra Vita) is creating a space for sharing choreographic tools and language as a foundation for performativity within drag shows, and in Be Pyg(ay)malion and create your Gaylatheia! workshop by Jana Jakimovska (known as Linda Socialista) is working together with members of the community on sharing knowledge and a language related to creating a drag persona/character or improving the current one.

In the next Drag Makeup 101 workshop, Lokomotiva, Skopje collaborates with the Faculty of Fine Arts, second year in the continuation by organizing possibility for the students to join the Queer body programme and enabling new space for creating, sharing, and producing drag and queer culture.

Identify and explore your drag persona and facial and body transformations by using drag makeup with Maja Milanova. Doing makeup is a serious commitment and an important tool to play around with, in finding a signature makeup look that fits you. 

Drag artists around the world have created an entire spectrum of unique styles that explore gender through performance and art. The Kings and Queens can achieve their desired transformations relying on performance-ready makeup by using different techniques like covering, concealing, shadowing, contouring, and highlighting to adjust the eyes, lips, face, and body, and creating larger than life makeup designs.

What do you want to convey to the world when you take the stage? How can you adjust your aesthetic to accurately convey your message? That’s just some of the questions that we are rethinking, and we’ll try to give answers together by sharing practices for staging and performativity. These are just some of the questions that we will work on!

About the workshop Drag makeup 101 

Come and learn the basics of drag makeup done by the book. We will go over all the steps to make a full face of makeup without limiting you to one specific style.

Anyone who wants to participate can choose to sit and spectate or follow along, in which case you are encouraged to bring your own makeup kit. Active participation is encouraged because practice is the best way to learn, but it is not mandatory.

Maja Milanova is a professional artist by day and a makeup artist by night. Everything is a canvas, you just have to adapt to the rules.

 

Register at kultrening@gmail.com no later than 06.10.2023, the number of participants is limited. The workshop is free and open to participants with or without experience. Please bring your makeup kit.

The workshop will take approximately 3 hours per session.

***

Queer body programme is initiated and coordinated by Zorica Zafirovska together with other artists, that has been supporting the community in the past three years. After attending the workshops, the participants will have the opportunity to perform their own characters in a joint event organized by Lokomotiva, Skopje at the Faculty of Fine Arts. 

*****

The workshops are realized in collaboration with the Faculty of Fine Arts, LGBTI Support Center, and socio-cultural centre Komitet, part of Lokomotiva’s “Queer body /Interdisciplinary programme”, supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.