Queer Body Programme/Drag Performances PUMPKINGS AND HALLOQUEENS

/македонски подолу/

Queer Body Programme/Drag Performances

👑PUMPKINGS AND HALLOQUEENS👑

October 28, 2023, 8:00 p.m

@Gallery of the Faculty of Fine Arts

 

🧚‍♀️Ball with and without masks! See you there with Iggy Mona Asentra, Lazarus, Linda Socialista, Fendi Mama, Tia Doll, Daria Buffy, Estella Dark and Klara Mark.

Meet the debutants Karli, Electra Blossom and Discordia.

DJ set by Dejan Slamkov

 

LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture the third year in the continuation organizes the Queer body programme with the aim to enable the space for creating, sharing, and producing queer culture. The local community will have the opportunity to share their experiences with international and local artists and collaborators in opening new spaces and forms for the expression and development of drag culture.

In the frame of the Queer body programme, Lokomotiva organized several open workshops for lip-syncing, live singing, dance, and performance with the community, aiming to support the development of the movements and “bodies of resistance” as part of the culture. This project was created to encourage and give visibility to the local culture and its members and is finalizing this year work with a drag show organized ат the Gallery of Faculty for Fine Arts.

Drag artists around the world have created a whole range of unique gestures and modes of movement that explore gender through performance and art. For more than half a century, drag performers have been crafting their vocabulary and movement style to match their personal visions and expressions. Coming from voguing, the drag performance, staged, combined with lip syncing, creates a connection between phrases of movements, transitions and rhythm that express a political, comedic or entertainment statement.

Body movements, lip syncing and facial expressions are the most important tools of expression in any performer, as is their bodily expressiveness and articulation. Participants and performers will explore different types of movement, according to their ability to communicate with the audience, linked to a recognizable pattern of accents, gestures singing and dance.

From the club to the stage, even at the Faculty, drag performance uses exaggerated imitations of masculinity or femininity in the public space as a kind of forum. The purpose of this event is to show the ways in which performativity operates non-normatively, articulates as a discursive production of gender performance, is relational and creates a hegemonic disruption, engaging agentic bodies and defying the cultural scripts of binary oriented gender. Within this community, the stage practice of gender subversive drag is more than a weapon of artistic expression.

***

Queer body programme is initiated and coordinated by Zorica Zafirovska together with other artists, that has been supporting the community in the past three years. After attending the workshops, the participants will have the opportunity to perform their own characters in a joint event organized by Lokomotiva, Skopje at the Faculty of Fine Arts.

*****

The workshops are realized in collaboration with the Faculty of Fine Arts, LGBTI Support Center, and socio-cultural centre Komitet, part of Lokomotiva’s “Queer body /Interdisciplinary programme”, supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.

___________________________

/македонски

 

Квир/Настрано тело програма/ Дрег перформанси

👑PUMPKINGS И HALLOQUEENS👑

28 октомври 2023 година, 20:00 часот

@Галерија на Факултетот за ликовни уметности

 

🧚‍♀️Бал со и без маски! Се гледаме таму со единствените Iggy Мona Asentra, Lazarus, Linda Socialista, Fendi Mama, Tia Doll, Daria Buffy, Estella Dark и Klara Mark.

Запознајте ги дебитантите Karli, Electra Blossom и Discordia.

DJ set by Дејан Сламков.

ЛОКОМОТИВА-Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, веќе трета година ја организира програмата Квир тело, со цел да овозможи простор за креирање, споделување и продуцирање на драг и квир култура. Локалната заедница ќе има можност да ги сподели своите искуства со меѓународните и локалните уметници и соработници и да отвори нови простори и форми за изразност и развој на драг културата.

Дрег уметниците низ светот имаат создадено цел спектар на уникатни гестови и начини на движење кои го истражуваат родот преку изведба и уметност. Повеќе од половина столетие дрег изведувачите го креираат својот вокабулар и стил на движење за да одговараат на нивните лични визии и изрази. Дрег перформансот кој доаѓајќи од воугингот, поставен на сцена, во комбинација со синхронизација на усните, создава врска помеѓу фразите на движења, промени и ритам што изразува политичка, комична или забавна изјава.

Што сакате да му пренесете на светот кога ќе излезете на сцената? Како можете да ја прилагодите вашата естетика за точно да ја пренесете вашата порака? Тоа се само некои од прашањата што ги преиспитуваме и ќе се обидеме заедно да дадеме одговори преку споделување практики за инсценирање и перформативност.

Движењата на телото, синхронизирањето на усните и изразите на лицето се најважните алатки за изразување во на секој изведувач, исто како и нивната телесна изразност и артикулираност. Учесниците и изведувачите ќе истражуваат различни типови на движења, според нивните можности за да остварат комуникација со публиката, поврзана со препознатлив модел на акценти, гестови и танц.

Од клуб до сцена, па и на факултет дрег изведбата користи претерани имитации на мажественост или женственост во јавниот простор како своевиден форум. Целта на овој настан е да ги прикаже начините на кои перформативноста функционира ненормативно, артикулира како дискурзивна продукција на родовиот перформанс, е релациона и создава хегемоничен прекин, ангажирање на агентски тела и пркосење на културните скрипти на бинарно ориентираниот род. Во рамките на оваа заедница, сценската пракса на родово субверзивен дрег е повеќе од оружје за уметничко изразување.

***

Програмата е иницирана и координирана од Зорица Зафировска како дел од прoграмата Квир тело што ја поддржува заедницата во изминатите три години. По посетата на работилниците, учесниците ќе имаат можност да ги претстават свои ликови и изведби на заеднички настан организиран од Локомотива, Скопје на Факултетот за ликовни уметности.

*****

Реализирано во соработка со Факултетот за ликовни уметности, ЛГБТИ центарот за поддршка и социо-културниот центар Комитет, како дел од „Квир тело/Интердисциплинарната програма” на Локомотива, поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.