Предавање на Никола Руси – Климатските агенти

Предавање на Никола Руси – Климатските агенти

Предавање на Никола Руси, основач на „Лабораторио перманенте“, е вонреден професор по архитектура и урбана композиција на Политехничкиот факултет во Торино од 2016 година, како и член на Извршниот одбор на АНЦСА, Националното здружение на историски и уметнички центри. Примарните полиња на истражување му се насочени кон областите на урбаниот дизајн и архитектура, по пат на изнаоѓање стратегии за регенерација и контекстуален дизајн. Неговите неодамнешни меѓународни активности ја вклучуваат и првата награда на натпреварот „Конкорсо Фарини“ (2019), учеството на 14-тата и 16-тата Архитектонска изложба на Венециското биенале, Почесно признание за Златниот медал за италијанска архитектура (2012) и за истражувањето спроведено со Кралскиот архитектонски институт на Ирска за проектирањето на историскиот центар во Даблин (2011). Од 2008 до 2009 година бил проектен консултант при Канцеларијата за технички урбанизам на општина Милано за новиот урбанистички план на градот.

 

Апстракт на предавањето

Во момент на драматична преобразба на животната средина и постојана економска неизвесност, предлогот на „Климатските агенти“ за регенерација на два напуштени железнички дворови на северната и јужна периферија на Милано ја сврти перспективата на тековниот економски развој во обратна насока и предлага два нови еколошки уреди. Едниот е зелен – долга линеарна шума на Скало Фарини со способност да ги разладува и прочистува топлите ветришта што доаѓаат од југозападот; а другиот е син – долг линеарен систем за прочистување на водата во Сан Кристофоро. Во овој нов систем на вредности, јавниот простор – вклучително и водата, зеленилото и мостовите – е фиксен, а зградите се остаточни и несигурни.

Во Фарини, урбаната мрежа на одгледуваното зеленило и јавните простори ги дефинира односите на континуитет со околниот контекст и на тој начин стекнува отпорност кон економскиот развој на градот, учејќи од својот развој.

Сан Кристофоро станува заеднички простор во велеградската средина и за човечките и за нечовечките заедници.

 

1 јуни, парк МКЦ, 19.30 часот