***english bellow***
Култренинг | 7 октомври (понеделник) 10:00 часот || простории на УГД Штип
ЛОКОМОТИВА продолжува со КУЛТРЕНИНГ со уште една работилница од Култренинг програмта, „Едноставно Соло“ со Соња Преград, која ќе се одржи во просториите на УГД Штип.
Серијата КУЛТРЕНИНГ работилници се организирани во соработка со локални и поканети регионални и меѓународни кореографи и танцови уметници, во различни простори во градот. Работилниците се отворени за сите заинтересирани граѓани, без разлика дали имаат некое претходно познавање од современиот танц.
Опис на работилницата:
Оваа работилница е наменета за вежбање на создавање и изведба на соло.
Избери еден клучен збор со кој сакаш да работиш!
Не грижи се! Преку две едноставни вежби ќе создадеш соло, инспирирано од брзи средби (speed-dating), и ќе имаш можност да користиш слики, зборови и објекти со телото.
Потоа ќе изведуваме сола едни за други и ќе вежбаме присуство, фокус и изразување. Исто така, ќе играме со мали кореографски идеи кои можат да го зајакнат твојот настап.
Биографија:
Соња Преград е хрватска кореографка, изведувачка, предавачка и кураторка за перформанс.
Соња има магистратура во Авторство на Соло Танц од Универзитетот на уметности во Берлин.
За нејзината кореографска и изведувачка работа има добиено три награди од Хрватскиот Национален Театар и пет номинации, три награди од Хрватската Танцова Асоцијација, како и посебно признание на 26. Славонско Биенале. Била наградена и за организација и кураторство на фестивалот Импроспекции. Како изведувачка, има работено со кореографи како Мег Стјуарт (Meg Stuart), Борис Чармац (Boris Charmatz), Изабел Чад (Isabelle Schad), Сања Ивековиќ (Sanja Iveković), Александра Јанева Имфилд (Aleksandra Janeva Imfeld), Ирма Омерзо (Irma Omerzo) итн..
Континуирано предава на Одделот за нови медиуми на Академијата за ликовна уметност и на Одделот за танц на Академијата за драмска уметност во Загреб, како и на независната програма РОАР Берлин (ROAR Berlin). Таа е основачка и продуцентка на фестивалот ИППРОСПЕКЦИЈА (IMPROSPEKCIJE) (од 2007 година), како и на колективот АНТИСЕЗОНА (ANTISEZONA), кој спроведува програма за изведувачка уметност во Музејот на современа уметност во Загреб.
Работилницата е дел од програмата Култренинг на Локомотива и се спроведува во соработка со Катедрата за современ танц при УГД Штип.
Култренинг е дел од интердисциплинарната програма на Локомотива поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
***
“Simple Solo” workshop with Sonja Pregrad
Kultrening | October 7 (Monday), 10:00 || premises of UGD Shtip
LOKOMOTIVA continues with KULTRENING with another workshop from the Kultrening program “Simple Solo” with Sonja Pregrad, which will take place at the premises of UGD Shtip.
The KULTRENING workshop series are organized in collaboration with local and invited regional and international choreographers and dance artists, in various spaces in the city. The workshops are open to all interested citizens, regardless of whether they have any prior knowledge of contemporary dance.
Description of the workshop:
This workshop is made to practice making a solo and performing it.
Think of one keyword you want to bring to work with!
Don’t worry! Through two simple exercises you will make a solo, having some speed-dating inspired exchanges and also being able to use body, words, image and objects.
Then you will perform solos for each other and we will practice presence, focus and expression. We will also play with little choreographic ideas that can make your performance grow stronger.
Biography:
Sonja Pregrad is a Croatian choreographer, performer, teacher and performance curator.
Sonja holds an MA Solo Dance Authorship from Universitaet der Kunste Berlin.
For her choreographic and performance work she has received three Croatian National Theatre Awards and 5 nominations, three Croatian Dance Associations Awards and a special mention of 26th Slavonian Biennale, and has also been awarded for the organisation and curation of the festival Improspekcije. As a performer she has been working with choreographers Meg Stuart, Boris Charmatz, Isabelle Schad, Sanja Iveković, Aleksandra Janeva Imfeld, Irma Omerzo, etc.
She has been continuously teaching at New Media department of Fine Art Academy and Dance department of Dramatic Art Academy in Zagreb and at ROAR Berlin independent program. She is a founder and producer of the festival IMPROSPEKCIJE (since 2007) as well as ANTISEZONA collective running a program of performance art at Contemporary Art Museum in Zagreb.
The workshop is part of Lokomotiva’s Kultrening program and is implemented in collaboration with Department of Contemporary Dance at UGD Shtip.
Kultrening is part of Lokomotiva’s Interdisciplinary Program supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.