Институција која недостасува е продолжение на серијата (ко-кураторски) разговори Дијалог кој недостасува кои ЛОКОМОТИВА и ПРВО ПА ЖЕНСКО ги започнаа минатата година со цел да се креира простор во јавноста каде ќе можеме заедно да рефлектираме за делата, практиките, потребите, процесите, условите и политиките во полето на современите изведувачки уметности. Сметаме дека на тој начин ќе придонесеме кон ослободување од доминантниот впечаток во локалната професионална заедница и кај пошироката публика, дека творечките процеси во полето на современите изведувачки уметности, како и самите дела се херметични поради тоа што отстапуваат од традиционалните линеарни постапки во креирањето.
EN bellow***
Годинава на МОТ продолжуваме да ги водиме овие дискусии со цел да откриваме и создаваме повеќегласие за современата изведувачка уметност или современите перформативни практики и заедно да гледаме, да исчитуваме и да промислуваме за нив.
Бидејќи процесите во современите изведувачки практики, како и начини на творење условуваат и поинакви потреби за развој, креирање, изучување и претставување во полето на современиот перформанс.
Со оваа дискусија сакаме тоа повеќегласие да го создаваме заедно со соработниците од сцената на тема: Институција која недостасува, со кои ја делиме фрустрацијата од непостоење на означен простор каде ќе соработуваме, ќе ги развиваме своите дела, ќе ги прикажуваме на публиката, ќе рефлектираме за нив и ќе ги институираме. Односно, чувството на немање дом каде – во соодветни услови можеме да ги развиваме нашите практики и да ги споделуваме со публиката.
Прашањата што ќе ги поставиме се однесуваат на минатото и мапирање на просторите, идеите и иницијативите кои доведоа до оваа идеја, ќе зборуваме за она што сме имале, а и сме изгубиле и како тоа влијаело или влијае на сцената, и на крај ќе зборуваме за она – каква институција за современи перформативни уметнички практики ни треба? Дали треба да се разгрануваме по дисциплини и форми, или да се спојуваме и градиме заеднички простори?
Ние сметаме дека заеднички простор кој би ги споил современите перформативни практики кои делуваат во земјава е она на кое треба да се насочиме и да дадеме можност за континуиран програмски, а не само проектен развој на авторски уметнички практики, да дадеме можност за развој на прогресивни пристапи, методи на творење и соработка кои додатно ќе го збогатат просторот со една нова современа, светски препознаена и релевантна развојна сцена.
Модераторки на дискусијата: Кристина Леловац и Биљана Тануровска-Ќулавковски
Дискусијата се организира во рамки на програмата на ЛОКОМОТИВА Перформанс Платформа/Nomad Dance Sessions дел од мрежата Life Long Burning и на изведувачката програма на Фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО 11. Партнери на Локомитива и ПРВО ПА ЖЕНСКО се МОТ фестивалот, Диверт Загреб и Факултетот за драмски уметности – Скопје.
Перформанс Платформа/Nomad Dance Sessions програмата е дел од интердисциплинарната програма на Локомотива и PERFORMANCE SITUATION ROOM / LLB 3 проектот, поддржани од Креативна Европа и Европската Комисија за Култура, како и Министерството за култура на Република Северна Македонија.
***
A Missing Institution is a continuation of the series of (co-curated) conversations A Missing Dialogue launched last year by Lokomotiva and Firstborn Girl in order to create a space in the public where we can reflect together on works, practices, needs, processes, conditions and policies in the field of contemporary performing arts. We believe that in this way we will contribute to liberation from the dominant impression in the local professional community and among the wider audience, that the creative processes in the field of contemporary performing arts, as well as the works themselves, are hermetic due to the fact that they deviate from the traditional linear procedures in creation.
We continue the discussions at this year’s MOT Theatre Festival in order to discover and create a plurality of voices about contemporary performance art or contemporary performative practices and to look at, read up and reflect on them together, because the processes in the contemporary performance practices, as well as the ways of creation, also condition other needs for developing, creating, studying and representing in the field of contemporary performance.
With this discussion, we want to create such plurality of voices together with collaborators from the scene, on the topic A Missing Institution, with whom we share the frustration of not having a designated space where we will collaborate, develop our works, present them to the public, reflect on them and institute them. That is, the feeling of not having a home where – in appropriate conditions we can develop our practices and share them with the public.
The questions we will raise are about the past, and mapping the spaces, ideas and initiatives that have led to this idea, we will talk about what we had, and what we lost, and how it affected or affects the scene, and finally we will talk about – what kind of an institution for contemporary performance art practices do we need? Should we branch out across disciplines and forms, or join together and build common spaces?
We believe that a common space that would bring together the contemporary performative practices operating in the country is what we should focus on and allow the possibility for continuous programme development, rather than just project development of author’s artistic practices, allow the possibility for the development of progressive approaches, methods of creation and collaboration that will further enrich the space with a new contemporary world-recognized and relevant development scene.
Moderators of the discussion: Kristina Lelovac and Biljana Tanurovska-Kjulavkovski
The discussion is organised in the frames of Lokomotiva’s programme Performance Platform/Nomad Dance Sessions part of the Life Long Burning Network and of the performance programme of the Festival of Feminist Culture and Action FIRSTBORN GIRL 11. Partner include the MOT Theatre Festival, Divert Zagreb and the Faculty of Dramatic Arts Skopje
The Performance Platform/Nomad Dance Sessions programme is part of Lokomotiva’s interdisciplinary programme and the PERFORMANCE SITUATION ROOM / LLB 3 project, supported by Creative Europe – the European Commission’s flagship programme to support culture, as well as the Ministry of Culture, Republic of North Macedonia.