Деница Бојаровска
ПР и маркетинг-менаџер
Родена е во Скопје. Дипломира правни науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“, каде што заврши и постдипломски студии на отсек деловно право, по што извесно време работи како приправник во адвокатски канцелари, осигурителна компанија и во правна служба на две банки.
По студиите замина на едногодишен волонтерски престој во Германија, каде што го изучува германскиот јазик и се стекнува со вештини од областа на социјалното претприемништво.
Како професионалец во полето на маркетингот се развива во рамките на колективот на маркетинг-агенцијата „Публицис“ во Скопје, каде што 3 години работи како ПР-координатор на проекти. Во 2017 година своите познавања од областа на менаџментот и стратегиските комуникации ги стекнува на едногодишна студиска програма за професионален развој – организирана заеднички од Универзитетот во Истанбул, бизнис-школата ДОБА во Марибор и Македонски институт за медиуми.
Добро го познава медиумскиот простор, а учествувала и во повеќе медиумски проекти, како и во продукциите на неколку аудио-визуелни дела.
Меѓу последните проекти во кои имала улога на ПР-менаџер е третата сезона на серијата „Преспав“.
Своите изразени интерперсонални особини ги стекнува во мултикултурни средини на своите патувања, интернационални волонтерски работи и изучување странски јазици. Зборува англиски јазик, солиден германски и добро го познава шпанскиот јазик.