АКТО Агора: Каков Офицерски ни треба?

english below>>>>

2 септември 2017 (сабота)
12:00-14:30
АКТО АГОРА – ГРАЃАНИТЕ ЗА ЈАВНОТО ДОБРО – ГРАЃАНИТЕ ЗА ОФИЦЕРСКИ
КАКОВ ОФИЦЕРСКИ НИ ТРЕБА?
(Локација: парк на Офицерски дом)
Концепт: Ивана Васева, Филип Јовановски од АКТО Фестивалот за современи уметности
Кратко за јавната расправа:
Случајот со Oфицерски дом, како во просторот на грчката агора, ги судри помеѓу себе силите на заедницата. АКТО во рамки на јавната расправа/АКТО АГОРА: „Каков Офицерски ни треба?“ ќе се обиде да го стави во фокус прашањето за политичката природа на борбата на граѓаните за јавното добро разгледувајќи го од повеќе агли и нивоа преку искуствата и знаењата на поканетите говорници-учесници во јавната расправа.

Целта на оваа расправа е да се даде осврт на две важни прашања: заштита на овој објект и неговата околина – контактна зона – како културно наследство од особено значење за заедницата и можните модели на управување со овој простор.
Во основата и ќе запрашаме – „Колку се грижиме за заедничкото добро, за она што ни припаѓа на сите?“
Структурата на агората овозможува кругови на преиспитување, во и вон круговите. Појдовната точка е да се креира простор за различни мислења, простор во кој ќе се дискутираат и конфронтираат мислењата во функција на можните форми на опстанок, (пре)намена, користење и заштита на Oфицерски дом, во моментов оставен на заборавот.
Структура:
Расправата е замислена во кругови: ПРВИОТ КРУГ се поканети учесници кои ќе се обидат да дадат повеќе идеи за Офицерски дом, особено во делот за неговото значење како културно наследство, реперкусиите од (не)користењето на објектот изминативе години, како и да се понудат неколку модели за негово користење и програмска функција. Тие ќе ги презентираат своите ставови кои во ВТОРИОТ КРУГ ќе се дискутира. Тука започнува јавната расправа на што ќе се надоврзе и ТРЕТИОТ КРУГ во кој учествува публиката. Во вториот круг исто така се поканети и учесници од повеќе професионални профили. Третиот круг се засегнати граѓани. И вториот и третиот круг ќе можат да се вклучат на расправата и да дадат коментар, мислење и да постават прашање.
МОДЕРАТОРИ:
Дона Костуранова, извршен директор на Младински образовен форум (МОФ)
Милан Живковиќ, експерт за работнички права, директор на канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт во Македонија
ПРВ КРУГ:
Кристина Бицева (Битола/Скопје), Советник за меѓународни договори, стандарди и прописи за заштита на културно наследтво во Управата за заштита на културното наследство
Биљана Тануровска – Ќулавковски (Скопје), менаџерка во културата и кураторка, извршен директор во Локомотива Скопје, менаџерка на проектот „Културни простори за активни граѓани“ (КПАГ)
Одисеј Јовановски (Битола), архитект и претставник од работната група за Офицерски дом во рамки на КПАГ
Наташа Бодрожиќ (Загреб), кураторка, менаџер на “Слободне Везе”- современи уметнички пракси, менаџер на проект – инцијатива „мотел Трогир“
ВТОР КРУГ: ПОКАНЕТИ СЕ: активисти од Битола и Скопје, парламентарци од повеќе политички партии како и парламентарци – членови на комисија за култура, членови на совет за култура на општина Битола од повеќе политички партии, граѓани на град Битола, активни и заинтересирани за ова прашање, луѓе од раководни позиции од јавни институции во Битола, експерти за културно наследство, членови на независна културна сцена од Битола, Скопје, Тетово, Струга, вработени во министерства во РМ, вработени во општина Битола, вработени во НУ Завод и Музеј Битола.
На расправата ќе биде присутен министерот за култура на РМ, Роберт Алаѓозовски
ТРЕТ КРУГ: публика
*Ќе се зборува на македoнски јазик, освен Наташа Бодрожиќ, која ќе зборува на хрватски.
Оваа расправа е дел од проектот „Културни простори за активни граѓани“ која дејствува во насока на развој на платформа за соработка и ко-управување со јавни простори, преку партиципативни процеси и соработка на граѓанскиот сектор, конституентите и локалната власт. Акцијата содржи развој на механизми за вклучување и (ко)управување, како и поддршка и развој на релевантни социо-политички содржини од полето на културата. Исто така, таа овозможува услови за продукција и видливост на нови современи културни содржини од актери од граѓанскиот сектор, кои одговорно се бават со релевантни социо-културни и политички прашања. Овој проект е финансиран од програмата Цивика мобилитас, а партнери се Локомотива – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста од Скопје и Здружение за култура и уметност Факултет за работи што не се учат, Битола и соработници се Друштвото за театарски и едукативни дејности Театар на навигаторот Цветко, Скопје, Здружение на текстилни, кожарски и чевларски работници Гласен текстилец Штип и Здружение за активизам, теорија и уметност Плоштад Слобода, Скопје.
***
english>>

September 2, 2017 (Saturday)
12: 00-14: 30
AKTO AGORA- CITIZENS FOR PUBLIC WELL, CITIZENS FOR OFFICER’S HOME
WHAT KIND OF OFFICER’S HOME DO WE NEED?
(Location: Park of the Officer’s House)
Concept: Ivana Vaseva, Filip Jovanovski from AKTO Festival of Contemporary Arts
Briefly about the public hearing:
The case about the Officer’s home as in the area of ​​the Greek agora collided between the forces of the community. AKTO within the framework of the public hearing / AKTO AGORA: “What kind of officer’s home do we need?” will try to focus on the political nature of citizens’ struggle for the public good by examining it from multiple angles and levels through the experiences and knowledge of the invited speakers – participants in the public hearing.
The purpose of this discussion is to address two important issues: the protection of this building and its surroundings – the contact zone – as a cultural heritage of particular importance for the community and the possible models for managing this space.
At the base, we will ask: “How much do we care for the common good, that belongs to all of us?”
The structure of the agora provides circles of reassessment, in and out of the circles. The starting point is to create space for different opinions, a space in which to discuss and confront opinions in the function of possible forms of survival, (re) use, use and protection of the Oficer’s home, that is currently left to oblivion.
The hearing is conceived in circles: In THE FIRST ROUND are invited participants who will try to give more ideas for the Officer’s House, especially in the part about its significance as a cultural heritage, the repercussions of (non) use of the object in the past years, and to offer several models for its use and program functioning.They will present their views that will be discussed in the SECOND ROUND. Here begins the public debate that will be followed by the THIRD ROUND in which the audience participates. In the second round, participants from more professional profiles are also invited. The third round is dedicated to citizens. They will be able to engage in the debate and give a comment, opinion and ask a question.
MODERATORS:
Donna Kosturanova, executive director of the Youth Educational Forum (MOF)
Milan Zivkovic, labor rights expert, director of the Friedrich Ebert Foundation office in Macedonia
FIRST ROUND:
Christina Bitseva (Bitola / Skopje), Advisor for international agreements, standards and regulations for the protection of cultural heritage in the Cultural Heritage Protection Office
Biljana Tanurovska – Kjulavkovski (Skopje), cultural and curatorial manager, executive director at Lokomotiva Skopje, manager of the project “Cultural spaces for active citizens” (KPAG)
Odisej Jovanovski (Bitola), architect and representative from the working group for the Officer’s House within the framework of the KPAG
Natasa Bodrozic (Zagreb), curator, manager of “Sloboden Veze” – contemporary artistic practices, project manager of the initiative “Motel Trogir”
SECOND ROUND:
Activists from Bitola and Skopje, parliamentarians from several political parties as well as parliamentarians – members of the Commission for Culture, members of the Council for Culture of the Municipality of Bitola from several political parties, citizens of the city of Bitola, active and interested members of independent cultural scene from Bitola, Skopje, Tetovo, Struga, employees in ministries in the Republic of Macedonia, employees in the municipality of Bitola, employees of the NI Institute and Museum Bitola.
The Minister of Culture of the Republic of Macedonia, Robert Alagjozovski will be present at this public
THIRD ROUND: audience
* It will be spoken in Macedonian, except for Natasa Bodrozic, who will speak in Croatian. hearing
This debate is part of the project “Cultural spaces for active citizens”, which works in the direction of developing a platform for cooperation and co-management of public spaces, through participatory processes and cooperation of the civil sector, constituents and local government. The action includes development of mechanisms for inclusion and (co) management, as well as support and development of relevant socio-political content in the field of culture. It also provides conditions for production and visibility of new contemporary cultural content from actors from the civil sector, which responsibly deal with relevant socio-cultural and political issues.
This project is financed by the program CIVICA mobilitas, and partners are Lokomotiva – Center for new initiatives in arts and culture from Skopje and Association for Culture and Art – Faculty for things that could not be learned, Bitola and associates are the Association for Theater and Educational Activities Theater of navigator Cvetko, Skopje, Association of textile, leather and shoemaker workers Kuc Tekstil Shtip and Association for activism, theory and art, Freedom Squere, Skopje.