“Припитомување на дивото, дел 3” работилница со Тереза Лазарев

*** english bellow***

 

Култренинг |12 јуни (среда), 18:00 – 20:00 часот || КСП Центар – Јадро

 

ЛОКОМОТИВА продолжува со КУЛТРЕНИНГ и Ве кани да се придружите на уште една работилница од Култренинг програмата „Пипитомување на дивото, дел 3“ повторно со Тереза Лазарев која ќе се одржи во просторот на КСП Центар – Јадро.

Серијата КУЛТРЕНИНГ работилници се организирани во соработка со локални и поканети регионални и меѓународни кореографи и танцови уметници, во различни простори во градот. Работилниците се отворени за сите заинтересирани граѓани, без разлика дали имаат некое претходно познавање од современиот танц.

Работилницата е бесплатна и отворена за учесници со или без танцувачко искуство. 

Пријавете се на kultrening@gmail.com, бројот на учесници е ограничен. 

Ве молиме понесете удобна и лесна облека.

 

Опис на работилницата

Работилницата ,,Припитомување на дивото, дел 3” на Тереза Лазарев, на учесниците им нуди истражување на танцот и работа преку мултидимензионални методи на кореографија и танц. Оваа работилница има за цел да ја поттикне анималноста/ животинското во нас преку отелотворување на слики, работа со допир и пишување и споделување.

Како можеме да ја ослободиме животинското, дивото во нас? Што би требале да направиме за да дозволиме нашето „животно“ да зборува?

Ќе предложиме разни слики со кои преку имитација ќе си дозволиме да си играме, како и да се трансформираме. Преку работа со партнер ќе научиме како да следиме и водиме. Ќе работиме свесно, обрнувајќи внимание на просторот како и на луѓето околу нас. Ќе работиме сами, со партнер и во група. Ајде да дојдеме отворени, ајде да дојдеме љубопитни, ајде да си играме.

 

Биографија

Тереза Лазарев е танцова уметница која работи во полето на современито танц. Тереза завршува академија за современ танц под менторство на Рисима Рисимкин на универзитетот ,,Гоце Делчев” во Штип. Тереза има соработувано со кореографи како: Александра Петрушевска, Искра Шукарова, Јотам Палед, Карин Понтиц, Ивана Балабанова и други. Има настапувано на фестивали како: Holland Dance Festival во Хаг (Холандија), Share во Братислава (Словачка), Silk Road во Пекинг (Кина) и многу други. Тереза моментално живее и работи во Скопје каде држи часови за современ танц за деца.

 

Работилницaта е дел од програмата „Култренинг” на Локомотива, реализиранa во соработка со КСП Центар – Јадро.

Програмата КУЛТРЕНИНГ е дел од Интердисциплинарната програма на Локомотива која е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонијa.

 

Работилницата ќе трае 2 часа во една сесија.

 

 

***

 

Kultrening | June 12 (Wednesday), 6:00 PM – 8:00 PM || SCS Centre- Jadro

 

LOKOMOTIVA continues with KULTRENING and invites you to join another workshop from the Kultrening program “Taming the Wild, Part 3” with Teresa Lazarev, which will take place at the SCS Center – Jadro.

The KULTRENING workshop series are organized in collaboration with local and invited regional and international choreographers and dance artists, in various spaces in the city. The workshops are open to all interested citizens, regardless of whether they have any prior knowledge of contemporary dance.

The workshop is free and open to participants with or without dance experience.

Please register at kultrening@gmail.com, the number of participants is limited.

Please wear comfortable and light clothing.

 

Description of the workshop

The workshop “Taming the Wild, vol.3” with Tereza Lazarev offers the participants dance research and work through multidimensional methods of dance and choreography. The goal of this workshop is to connect with our animality through embodiment of images, the use of touch, writing and sharing.

How can we free our animality? What do we need to do/invite in order to let our animal speak?

Suggesting different images we will work with imitation of animals where we will allow ourselves to transform and be playful. Working with a partner we will learn how to lead and follow one another. We will try to work consciously with our body, at the same time being aware of the space and the people in the space. We will work on our own, with a partner and in a group. Let’s come open, let’s come curious, let’s be playful.

 

Biography

Tereza Lazarev is a freelance dancer working in the field of contemporary dance. Tereza finished an academy for contemporary dance under the mentorship of Risima Risimkin, university “Goce Delcev” in Stip. She has worked with choreographers such as: Aleksandra Petrushevska, Yotam Peled, Iskra Shukarova, Karine Pontiens, Ivana Balabanova and others. Tereza has danced on festivals such as: Holland Dance Festival in the Hugh (The Netherlands), Share in Bratislava (Slovakia), Silk Road in Beijing (China). Currently Tereza is based in Skopje and Kumanovo where she teaches contemporary dance classes for children.

 

Workshops are part of Lokomotiva’s Kultrening program implemented in collaboration with SCS Centar- Jadro.

Kultrening is part of Lokomotiva’s Interdisciplinary Program supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.

 

The workshop will last for two hours in one session.