“Кореографирање текст” работилница со Викторија Илиоска

***English bellow***

 

Култренинг | 9 октомври (среда) 14:00 – 17:00 часот | Факултет за драмски уметности – Скопје

ЛОКОМОТИВА продолжува со КУЛТРЕНИНГ со уште една работилница од Култренинг програмaта,Кореографирање текст“ со Викторија Илиоска, која ќе се одржи во просториите на Факултетот за драмски уметности – Скопје.

Серијата КУЛТРЕНИНГ работилници се организирани во соработка со локални и поканети регионални и меѓународни кореографи и танцови уметници, во различни простори во градот. Работилниците се отворени за сите заинтересирани граѓани, без разлика дали имаат некое претходно познавање од современиот танц.

 

Опис на работилницата:

„Кореографирање текст” е работилница која ја истражува врската помеѓу движењето и текстот – без разлика дали е вербална или невербална. Испитувајќи ги одлуките донесени кога овие два медиуми комуницираат истовремено, ќе истражуваме како практиката на ритам може да воведе и разиграност и резолуција.  Интересот е да се истражи оваа динамика заедно со учесниците.

Потребно е на работилницата да се донесат извадок од текст, еден предмет и вашето тело. Ќе бидат зададени кореографски алатки и со учесниците ќе се работи на соло формат, развивајќи краток перформативен дел (етида), што ќе се презентира на крајот од часот.

 

Биографија:

Викторија Илиоска е македонска кореографка и изведувачка која живее и работи помеѓу Северна Македонија и Германија. Таа веќе повеќе од една деценија активно работи на програми за поддршка и развој на современиот танц, како соработувајќи со институциите, така и за зајакнување на независната сцена.  Од 2010 година е член на Номад танцова академија и Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Преку различни програми и проекти таа работи на поврзување и соработки во локалниот и националниот контекст на балканскиот регион. Викторија магистрирала кореографија и перформанс на Институтот за применети театарски студии на Универзитетот Јустус Либиг, Гизен, Германија.

 

Работилницата е дел од програмата Култренинг на Локомотива и се спроведува во соработка со Факултетот за драмски уметности – Скопје.

Култренинг е дел од интердисциплинарната програма на Локомотива поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

 

***

 

“Choreographing text” workshop with Viktorija Ilioska

Kultrening | October 9 (Wednesday), 14:00 – 17:00 || Faculty of Dramatic Arts – Skopje

LOKOMOTIVA continues with KULTRENING with another workshop from the Kultrening program “Choreographing text” with Viktorija Ilioska, which will take place at the Faculty of Dramatic Arts – Skopje.

The KULTRENING workshop series are organized in collaboration with local and invited regional and international choreographers and dance artists, in various spaces in the city. The workshops are open to all interested citizens, regardless of whether they have any prior knowledge of contemporary dance.

 

Description of the workshop:

“Choreographing Text” is a workshop that explores the relationship between movement and text—whether verbal or non-verbal. By examining the decisions made wahen these two mediums communicate simultaneously, we will explore how the practice of rhythm can introduce both playfulness and resolution. The aim is to investigate this dynamic together with the participants.

Participants are required to bring a text excerpt, an object, and their body to the workshop. Choreographic tools will be provided, and the participants will work in a solo format, developing a short performative piece (etude) to be presented at the end of the session.

 

Biography:
Viktoria Ilioska is a Macedonian choreographer and performer who lives and works between North Macedonia and Germany. For over a decade, she has been actively involved in programs supporting and developing contemporary dance, working both with institutions and strengthening the independent scene. Since 2010, she has been a member of the Nomad Dance Academy and Lokomotiva – Center for New Initiatives in Arts and Culture. Through various programs and projects, she works on fostering connections and collaborations within the local and national context of the Balkan region. Viktoria holds a master’s degree in choreography and performance from the Institute for Applied Theatre Studies at the Justus Liebig University in Giessen, Germany.

 

The workshop is part of Lokomotiva’s Kultrening program and is implemented in collaboration with the Faculty of Dramatic Arts – Skopje.

 Kultrening is part of Lokomotiva’s Interdisciplinary Program supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.