Discussion “Culture and art on the edge of crisis” in the space of YCC

/македонски подолу/

 

 ACT: Art Climate Transition/ Other Spaces 

“Culture and art on the edge of crisis” (environmental, public good, institutional, KOVID 19, etc.) /

Discussion with Simona Getova, Ana Jovanovska, Viki Mladenova, Zoran Petrovski and Artan Sadiku.

Moderators: Ivana Dragšić and Biljana Tanurovska-Kjulavkovski

Wednesday, November 17, 2021, 18:00 h

@ Upper foyer Kino Frosina, Youth Cultural Center

 

Due to compliance with the 19 protocols, it is necessary to present a vaccination certificate or a certificate of eligibility with a validity of not older than 45 days.

This program activity is part of the Art Climate Transition project, and consists of lectures, discussions and research, in order to open up spaces for posing questions and mapping the role and the responsibility of culture and art in our society, their political action, and their relation to issues related to the erosion and appropriation of public goods and the environmental catastrophe. Furthermore, the aim is to find ways for these fields to be inspired by similar actions that oppose extractivist practices and the devastation of the public, i.e. advocate for the development and preservation of public goods and the environment.

The importance of the art practices and production in political action and activism (not just politics in art practice, media, or messages) has been central to movements such as Ocuppy Wallstreet, the Arab Colored Revolutions, or those in Southeastern Europe, the conservation movements, and even in one of the most common organized forms – the occupations (of theaters, dormitories, faculties and other public institutions). There, apart from the establishment of a new (often temporary) system of relationships, mechanisms of care, rules of conduct; there was also a discourse of applying artistic practice in joint action and organizing cultural and artistic policy (production, activity and use) as part of the assumed needs and potentials of the members of the new (temporary) micro society. Judith Butler talks more about these movements and the power of discursive actions, which to some extent carry a performative function as well in her book Notes Toward the Performative Theory of Assembly.

We raise the following questions: Do we have the potential to establish new systems of relationships in our society and how can the practices of self-organization, critical thinking and advocacy for the development of public discourse and the public, coming from the field of art and culture, assist the common struggle for the public goods?

The awareness that we live in a rapidly self-destructive society is greater than ever, and the fact that natural hazards such as viruses obviously do not distinguish between the Global South and the Global North – meaning that the crisis has spread equally to all parts of the world, exposing the weaknesses of the “strongest” nations and societies – can be an  impetus for transformation. Even the most conservative publications have considered the link between the Covid 19 pandemic and the irresponsible environmental behavior, and post-colonial criticism has emerged from the shadow of marginal studies and the media and, in combination with the latest wave of the Black Lives Matter movement, has imposed an upgraded discourse of colonialism and imperialism in the context of the seizure and destruction of public and common goods (from natural resources to intellectual property such as language and tradition), and their trans-generational connection to exploitation in all its forms – neoliberal capitalism, white supremacism,  and patriarchal ideologies politics that perpetuate hell on earth.

Thus, today, critical theory and the particular socio-political disciplines, media discourse, and especially that of politically active communities outside formal institutions, turn to grassroots activism, queer feminist practices, and indigenous community cultures (different minority, subcultural, marginal skills, mechanisms, relationships and knowledge) as a source of wisdom / knowledge for (trans-national) institutional and political action in the face of the climate catastrophe and the economic and social injustices it causes.

Other questions that we will try to answer through the discussion:

How can art / culture act as a direct and indirect participant (mediator) in public policies that affect our defense and preservation of public goods, but also the prevention / mitigation of socio-economic damage and injustice caused by climate catastrophe?

How to redefine cultural policies (which are usually national-nationalist) and translate the constructive but marginal practices of resistance, conviviality, and cooperation into collective, new, institutional cultural policies?

How do artists work, and how do their activities approach those of activists; that is, how do activists fight for the public good and the common, and how can this be critically communicated through culture and art?

Do artists in Macedonia think about these topics, Anthropocentrism, public goods, environmental policies, the global environmental crisis, the planning of public space and the role of culture in it, etc., and if so, what are their perspectives?

Program editors, moderators and text: Ivana Dragšić and Biljana Tanurovska-Kjulavkovski

Introduction to the discussion: Ivana Dragšić

Participants: Simona Getova, Ana Jovanovska, Viki Mladenova, Zoran Petrovski and Artan Sadiku.

As part of this activity, an online lecture by Jovana Timotijević from Zajednicko, Belgrade is planned to take place on November 29, 2021, at 18.00h, as a product of the research related to the mapping of “urban gardens” by the artist Ana Lazarevska.

 

*****

 

The lecture, research and discussion are part of Lokomotiva’s Art Climate Transition (ACT: Art Climate Transition) project, supported by the City of Skopje, Creative Europe and the Ministry of Culture of North Macedonia.

Lokomotiva team: program director Biljana Tanurovska Kjulavkovski, financial andproject manager Blagica Petrovska, program coordinator Zorica Zafirovska, administrator Gjurgica Hristovska, production coordinator Stefan Bogeski, dizajn Jana Acevska and public relations Kristina Todroska.

Photo from the project “Gardens of Love, Care and Neglect” by Zorica Zafirovska, design Jana Acevska.

Supported by: The Creative Europe Program of the European Union, the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia and the City of Skopje in cooperation with the Youth Cultural Center.


Photo from the project Gardens of Love, Care and Neglect by Zorica Zafirovska, design Jana Acevska.

Check out the photo album by Zorica Zafirovska above. / Погледнете го фото албумот на Зорица Зафировска погоре.

/македонски

 

AKT: Уметност Клима Промена/ Други Простори 

„Културата и уметноста на работ на криза“ (еколошка, на јавното добро, институционална, КОВИД 19 итн.)

Дискусија со Симона Гетова, Ана Јовановска, Вики Младенова, Зоран Петровски и Артан Садику.

Модераторки: Ивана Драгшиќ и Биљана Тануровска-Ќулавковски

Среда, 17-ти ноември 2021, 18:00 часот

@ Фоаје Кино Фросина во МКЦ

Поради запазување на ковид 19 протоколите потребно е да прикажете вакцинален сертификат или сертификат за прележаност со важност не постар од 45 дена.

Оваа програмска активност е дел од проектот Уметност Клима Промена и се состои од предавање, дискусија и истражување чија цел е да се отворат простори каде ќе се зачнат прашања и ќе се мапира улогата и одговорноста на културата и уметноста во нашето општество, нивното политичко делување и нивната релација со прашања кои се однесуваат на ерозијата и присвојувањето на јавното добро и еколошката катастрофа. Целта е овие полиња да се инспирираат од слични делувања кои им се спротивставуваат на екстрактивистичките пракси и девастацијата на јавното, односно се залагаат за развој и зачувување на јавни добра и средината.

Значењето на уметничката пракса и продукција во политичкото делување и активизам (а не само политичноста во уметничката пракса, медиуми или пораки) беше централно во движењата како Ocuppy Wallstreet, арапските обоени револуции или оние во Југоисточна Европа, движењата за зачувување на заедничките добра, па дури и во една од најчестите организирани форми – окупациите (на театри, студентски домови, факултети и други јавни институции). Во нив, освен воспоставување на нов (често привремен) систем на односи, механизми на грижа, правила на однесување; најчесто се среќаваше дискурс на примена на уметничка пракса во заедничкото делување, но и организирање на културно-уметничка политика (производство, дејност и употреба) како дел од претпоставените потреби и потенцијали на членовите на новото (привремено) микро општество. Џудит Батлер зборува за овие движења и за моќта на дискурзивните делувања која во одредена мера функционира и перформативно во својата книга „Кон перформативната теорија на собирите“ (Notes Towаrd a Performative Theory of Assembly).

Ги поставуваме прашањата: Дали ние имаме потенцијал за воспоставување на нови системи на односи во нашето општество и како праксите на само-организација, критичко промислување и залагање за развој на јавниот дискурс и јавното, кои доаѓаат од полето на уметноста и културата, можат да помогнат во заедничката борба за јавното добро?

Свеста дека живееме во рапидно самоуништувачко општество е поголема од било кога и фактот дека природните опасности, како на пример вирусите, очигледно не прават разлика помеѓу глобалниот Југ и глобалниот Север, односно кризата еднакво ги зафати сите делови на светот експонирајќи ги слабостите на „најсилните” држави и општества може да биде поттик за трансформација. Дури и најконзервативните публикации веќе ја разгледуваат врската помеѓу ковид пандемијата и неодговорното однесување кон животната средина, а пост-колонијалната критика излезе од сенката на маргиналните студии и медиуми и во комбинација со последниот силен бран на движењето Black Lives Matter, го наметна и надгради дискурсот за колонијализмот и империјализмот во контекст на одземање и уништување на јавни и заеднички добра (од природни ресурси до интелектуални добра како јазикот и традицијата) и нивната транс-генерациска врска со експлоатацијата во сите нејзини форми – неолибералниот капитализам, белиот супрематизам, хетеропатријархалните идеологии и политики кои го перпетуираат пеколот на земјата.

Така, денес, критичката теорија и посебните општествено-политички дисциплини, медиумскиот дискурс, а особено оној на политички активните заедници вон формалните институции, гледаат на грас-рут активизмот, квир феминистичките пракси и културите на автохтоните заедници (поинакви малцински, субкултурни и маргинални пракси, вештини, механизми, односи и знаења) како на извор на мудрост/знаење за (транс-национално) институционално и политичко дејствување во очи климатската катастрофа и економските и социјални неправди што ги предизвикува истата.

Други прашања кои ќе пробаме да ги одговориме низ дискусијата:

На кој начин може да делува уметноста/културата, како директен и индиректен учесник (медијатор) во јавните политики кои ги засегаат одбраната и зачувувањето на јавните добра, но и спречувањето/ублажувањето на социо-економските штети и неправди кои ги предизвикува климатската катастрофа?

Како да се редефинираат културните политики (кои најчесто се национални-националистички) и да се преведат конструктивните, но маргинални пракси на отпорност, конвивијалност и соработка во колективни, нови, институционални културни политики?

Како уметниците работат и како нивните активности се доближуваат до активистичките, односно како активистите се борат за јавното добро и заедничкото и како може критички да се комуницира истото преку културата и уметноста?

Дали уметниците во Македонија размислуваат на овие теми, на антропоценот, на јавното добро, на политиките за заштита на животната средина, на глобалната еколошка криза, на планирањето на јавниот простор и учеството на културата во него, итн, и ако да, кои се нивните перспективи?

Програмски уреднички, модераторки и текст: Ивана Драгшиќ и Биљана Тануровска-Ќулавковски

Вовед во дискусијата: Ивана Драгшиќ

Учесници: Симона Гетова, Ана Јовановска, Вики Младенова, Зоран Петровски и Артан Садику.

Во рамки на оваа активност се планира и онлајн предавање на Јована Тимотијевиќ од Заједничко, Белград на 29ти ноември, 2021, во 18.00 часот како реализиција на истражувањето кое се однесува на мапирање на урбани градини на уметницата Ана Лазаревска.

 

*****

 

Предавањето, истражувањето и дискусијата се дел од проектот Уметност Клима Промена (ACT: Art Climate Transition) на Локомотива, а е поддржано од Град Скопје, Креативна Европа и Министерство за култура на Северна Македонија.

Тим на Локомотива: програмска директорка Билјана Тануровска Ќулавковски, финансова и проектна менаџерка Благица Петрова, координаторка на програмата Зорица Зафировска, администраторка Ѓурѓица Христовска, координатор на продукција Стефан Богески, дизајн Јана Ацевска  и односи со јавност Кристина Тодороска Петреска.

Фотографија од проектот „Градини на љубов, грижа и запоставеност“ на Зорица Зафировска, дизајн Јана Ацевска.

Поддржано од: Програмата на Креативна Европа на Европската унија, Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје во соработка со Младинскиот културен центар.


 

Other activities within the project:

ACT project activities 2022

ACT project activities 2021

ACT project activities 2020

ACT project activities 2019