#ArchiveOfReflections interview with Ivana Vaseva, curator

/македонски подолу/

Where are we now, and where are we going? Archive оf reflections interview with Ivana Vaseva, curator (North Macedonia)

The interview is in the English language, video link lokomotivaonline

 

Ivana Vaseva (1984, Skopje) is a curator and researcher of cross-disciplinary, collaborative and socially engaged works and programs. She is program director of the organization “Faculty of things that can’t be learned (FR~U)” and is cocurator of the AKTO Festival for contemporary arts existing since 2006. She curated several exhibitions and programs both in the country and abroad and was an editor of several publications. For the project “This building talks truly”, which represented North Macedonia at Prague Quadrennial of performance design and space 2019, she won the prestigious Golden Triga for best exposition (curator of the project). She won the award “Ladislav Barishikj” of AICA – Macedonia for the research project “Collective actions as a political, and not organizational decision” (2015, co-author) and Special Architecture Award from the Association of Architects of Macedonia (2014, co-participant). Vaseva has graduated from the Faculty of History of Art at the University “Ss. Cyril and Methodius” in Skopje, and has specialized at the Curatorial Program (2011/2012) at de Appel Arts Centre in Amsterdam, the Netherlands.

 

*   *   *

#ArchiveOfReflection

Programmed by Biljana Tanurovska Kjulavkovski and Violeta Kachakova

Coordinated by Zorica Zafirovska

#ArchiveOfReflection is developed as part of the Contemporary Culture and Cultural Policies programme of Lokomotiva in Kino Kultura, which is funded by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia, and part of the Other Spaces programme of the ACT project: Art Climate Transition, co-funded by the Creative Europe Programme of the European Union.

_________________________________________________________________

/македонски

Каде сме сега, и каде одиме? Архива на рефлексии интервју со со Ивана Васева, кураторка (Северна Македонија)

Интервјуто е на англиски јазик, видео линк lokomotivaonline

Ивана Васева (1984, Скопје) e кураторка и истражувачка на кросдисциплинарни, соработнички и општествено ангажирани дела и програми. Таа е програмска директорка на организацијата „Факултет за работи што не се учат (ФР~У)“ и е кокураторка на АКТО Фестивалот за современи уметности кој постои од 2006 г.. Досега курирала и претставила многу изложби, дискурзивни проекти и различни програми во земјава и во странство и издала повеќе публикации. За проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“, кој ја претставуваше Северна Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор во 2019 г. (кураторка на проектот), ја доби престижната награда „Златна Трига“. За истражувачкиот проект „Kолективното дејствување како политичка, а не организациска одлука“ (2015 г., коавторка) е добитничка на наградата „Ладислав Баришиќ“ на АИКА – Македонија, а е добитничка и на посебната награда за архитектура од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (2014 г., коучесничка). Васева дипломирала на Факултетот за историја на уметноста при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а специјализирала кураторство на Кураторската програма на De Appel arts centre во Амстердам, Холандија.

 

*   *   *

#АрхиваНаРефлексии

Програмски уредници: Биљана Тануровска Ќулавковски и Виолета Качакова

Координатор: Зорица Зафировска

#АрхиваНаРефлексии е активност развиена како дел од програмата „Современа култура и културни политики” на Локомотива во Кино Култура, која е финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, и како дел од програмата „Други простори“ на проектот ACT: Act, Climate, Transition/Уметност, Клима, Промена, ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија.

%d bloggers like this: