Учество на Биљана Тануровска Ќулавковски на ГПС/Глобални практики на споделување во Њујорк

/scroll down for English

Биљана Тануровска Ќулавкоски како претставник од Локомотива, од 8-12 јануари присуствуваше на годишната средба на GPS/Global Practice Sharing, (ГПС/Глобални практики на споделување) и учествуваше во програмата на настанот „GPS разговори“ кои се одржуваа во во Movement Research’s Courtyard Studio. За време на престојот во Њујорк, таа следеше повеќе перформанси и изведби и оствари средби со повеќе уметници, изведувачи, менаџери и куратори од САД со кои разговараа за идни соработки.

Во GPS/Global Practice Sharing разговорите беа вклучени уметниците Јан Розман од Словенија и Тања Циџикова од Русија кои беа на резиденцијален престој, исто така и партнерот за Global Practice Sharing Невенка Копрившек од организацијата Бункер со седиште во Љубљана, Словенија. Тие ги презентираа своите практики, уметничката сцена и културниот сектор во нивните матични градови и регионални прашања што влијаат на нивната работа.

Состанокот на GPS/Global Practice Sharing вклучуваше известување за соработките како и разговори за планови за идна соработка. GPS/ Global Practice Sharing е платформа за меѓународна размена на идеи, процеси и рефлексивни практики засновани на формите на движење и танц, а се одвиваат помеѓу САД и независните заедници за изведувачки уметности на меѓународно ниво.


Biljana Tanurovska Kjulavkovski on GPS/Global Practice Sharing partner’s yearly meeting and events in New York

Biljana Tanurovska Kjulavkvoski as representative from Lokomotiva, from 8-12 January attended GPS/Global Practice Sharing yearly meeting and program GPS Chats event at Movement Research’s Courtyard Studio. Besides, she followed performances and met artists, managers and curators from USA with who discussed for future collaborations.

GPS Chats included Artists-in-Residence Jan Rozman from Slovenia and Tanya Tchizhikova from Russia and GPS Partner Nevenka Koprivsek from the organization Bunker based in Ljubljana, Slovenia. They presented their practices, the arts and culture sectors in their home cities, and regional issues affecting their work.

GPS meeting included network reporting and plans for future collaborations. GPS/Global Practice Sharing provides a platform for the international exchange of ideas, processes and reflective practices surrounding dance and movement based forms between the U.S. and independent performing arts communities internationally.