Презентација со јавна дискусија на студија на добар случај – Мотел Трогир

english below>>>>

Во рамките на јавната дискусија „Каков Офицерски Дом ни треба?“, како дел од АКТО АГОРА – ГРАЃАНИТЕ ЗА ЈАВНОТО ДОБРО – ГРАЃАНИТЕ ЗА ОФИЦЕРСКИ која се одржа на 02 Септември 2017 година, во паркот на Офицерскиот дом, Наташа Бодрожиќ, куратор, културен активист и менаџер во културата, од организацијата Слободне везе, Загреб ги прикажа формите, тактиките и стратегии развиени околу прашањето за заштита на Мотел Трогир како битно архитектонско наследство со колективна и социјална функција во минатото.

Исто како и новата уметничка продукција поврзана со оваа тема развиена во формат на меѓународна резиденцијална програма.

Read More

Континуирани средби на работната група за Офицерски Дом

Како дел од повеќе работни средби во рамките на проектот „Културни простори за активни граѓани“, се направи истражување за состојбата околу припадноста на на Офицерски Дом во Битола, препораки за просторот и неговото користење и предлог јавна акција во рамки на АКТО фестивалот во 2017 година.

Учество во работењето на групата имаат:
Филип Јовановски и Ивана Васева (ФРУ), Биљана Тануровска Ќулавковски (Локомотива) Никола Наумовски (соработник член на Плоштад слобода, активист и експерт во организирање на застапувачки процеси), Весна Кочанкова (кустос во НУ Музеј и завод Битола), Александар Литовски (историчар во НУ Музеј и завод Битола), Благојче Котески (советник во општина Битола) Александар Јовановски (АКТО фестивал Битола, граѓанска иницијатива „ Битола не е на продажба“), Влатко Деловски (граѓанска иницијатива „Битола не е на продажба“).
Во текот на 2017 година оваа група реализираше неколку средби поврзани со работни сесии и план на акции и тоа во јуни (28/29), јули (19), август (18/21), септември (2).
Работата на оваа група опфати: истражување за припадноста на Офицерски дом со фокус на прашањата: Кој е сопственик? Во чие владение е? Кои се моменталните планови на институциите во врска со овој објект? Кои се алтернативите кои кружат меѓу одлучувачите?

Read More

АКТО Агора: Каков Офицерски ни треба?

english below>>>>

2 септември 2017 (сабота)
12:00-14:30
АКТО АГОРА – ГРАЃАНИТЕ ЗА ЈАВНОТО ДОБРО – ГРАЃАНИТЕ ЗА ОФИЦЕРСКИ
КАКОВ ОФИЦЕРСКИ НИ ТРЕБА?
(Локација: парк на Офицерски дом)
Концепт: Ивана Васева, Филип Јовановски од АКТО Фестивалот за современи уметности
Кратко за јавната расправа:
Случајот со Oфицерски дом, како во просторот на грчката агора, ги судри помеѓу себе силите на заедницата. АКТО во рамки на јавната расправа/АКТО АГОРА: „Каков Офицерски ни треба?“ ќе се обиде да го стави во фокус прашањето за политичката природа на борбата на граѓаните за јавното добро разгледувајќи го од повеќе агли и нивоа преку искуствата и знаењата на поканетите говорници-учесници во јавната расправа.

Read More

Workshop for creating an personal/ identification card of the Railway building

english below>>>>

Работилница за пренос на знаење за архитектонските и просторни карактеристики на Железничка зграда која во следниот период ќе придонесе во развој на нејзината лична карта.

Работилницата е водена од архитектот Дејан Ивановски. Работилницата е осмислена во соработка со членови на куќниот совет (Слободан Кочевиќ, Иван Џијановски и ТомеКаревски) а ја организира ФРУ во соработка со Локомотива- Скопје и Плоштад Слобода на 15.07.2017.
Таа овозможи услови за развој на лична карта на зградата која требаа да даде јасна слика за демографската и професионална структура на жителите од една страна, како и за активностите од културен и социјален карактер кои се случувале во зградата, од друга страна.

Read More

Working meetings realized by the temporarily advisory body of the Open Space program line

english below>>>>

Во рамките на проектот „Културни простори за активни граѓани “ во периодот 2017/2018 се реализираа континуирани средби на Советодавното тело и работната група на „Слободна Сцена“, на Кино Култура, составени од претставници на граѓанското општество , активни во полето на културата, уметноста, младите, човековите и работничките права

Read More