https://youtu.be/klTUNn4J0b8

Art’s participants and their “fidelity to art event”. On Badiou’s application of the event of the art concept, lecture by Eleonora Montagner

 

/македонски подолу/

On Thursday, 02/07/2020, at 20:00h in frame of the programme Contemporary Culture and Cultural Policies/Other Spaces, Lokomotiva organises series of lectures with discussions related to the position of the artists and cultural workers in the labour market, relations between artists, managers and the public and their interrelations and influences, as well as, the mutual influence with the social authorities and the environment in which we operate. Besides, lecturers will offer views related with the ethical dilemmas and thoughts about the responsibility towards the relations between us, but also the environment, nature and other beings with which we share the world.

The lectures will be followed by discussion, both on English language and will have live streaming, which you join on the following link: lokomotivaonline

 

Eleonora Montagner/Art’s participants and their “fidelity to art event”. On Badiou’s application of the event of the art concept

Keywords: event; art management; Badiou; faithfulness;

Topic of interest: Meanings and interpretation of diversity in the cultural and creative field

Eve Chiappello (1998) discusses the potential for tension between managerial and artistic imperatives of those ‘participating’ in the world of art. Specifically she suggests that values and beliefs underlying different art parties may represent ground for conflict. For instance she notices that: “The increasing use of managers often arouses great mistrust on the part of the artistic staff, who consider them to be perfect philistines who are blind to the needs of art” (Chiappello, 1998, p. ).

This work explores the theoretical foundations underlying the often tumultuous relationship between different art parties by drawing on the philosophy of Alain Badiou and his idea of ‘event’ as presented in Being and Event (1988) and Logics of World (2014).

The idea of ‘event’ has attracted considerable attention in contemporary philosophical debate, in France and elsewhere. Amongst those who conceive the event as a sustained ‘rupture’ with the societal status quo, Badiou is arguably the one who has most prominently foregrounded the theoretical development of the concept. Badiou, more than others, has theorised the possibility of an event in the arts, its conditions of existence and the implications faithfulness to an event has for subjects. To elaborate, Badiou offers a cartography of subjectivity (Power & Toscano, 2009) illuminating the standing of different constituencies in the aftermath of an evental breakthrough. In our study we will apply such cartography to the “participants des mondes de l’art” (Chiapello, 1998) with a view of re-thinking such subjectivities in their relation with each other and with art in general.

Operationally our work proceeds as follows: first we explore Badiou’s philosophy of the event in art. Then we draw on this theoretical lens to offer an alternative reading of cases and illustrations discussed by Chiappello (1998). In particular, we concentrate on the account Chiappello provides of different parties including artists, managers and the public, and we use Badiou’s ideas of faithfulness to the event (or lack thereof) to assign meaning to the relations within and between parties and with art in general.

 

Eleonora MontagnerAfter graduating in contemporary aesthetics from the University of Milan, Italy, Eleonora Montagner obtained her PhD in philosophy at the University of Burgundy in France with a thesis on Merleau-Ponty’s influences in contemporary phenomenological psychopathology. She currently teaches Philosophy at the Burgundy School of Business in Dijon and she is co-director of the Master of Science in Arts and Cultural Management for the same institution.

Her research focuses on the problem of otherness in aesthetics, phenomenology, and contemporary thought and on the applications and consequent implications of philosophy to management, accounting and business ethics.

 

*   *   *

Series of lectures with discussions

Programmed by Biljana Tanurovska Kjulavkovski and Violeta Kachakova

Coordinated by Zorica Zafirovska

Organised as part of the Contemporary Culture and Cultural Policies programme of Lokomotiva in Kino Kultura, which is funded by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia and the City of Skopje, and part of the Other Spaces programme of the ACT project: Art Climate Transition, co-funded by the Creative Europe Programme of the European Union.

__________________________________________________

/македонски

Учесници во уметноста и нивната „верност кон уметничкиот настан.“ За примената на настанот на уметничкиот концепт од Бадју, предавање на Елеонора Монтање

Во четврток, 02/07/2020, 20:00 часот во рамките на програмата „Современа култура и културни политики/Други простори”, Локомотива организира СЕРИЈА НА ПРЕДАВАЊА СО ДИСКУСИИ, поврзани со позицијата на уметниците и културните работници на пазарот на трудот, односите меѓу уметниците, менаџерите и публиката и нивното меѓусебно влијание, но и меѓусебното влијание со општествените авторитети и средината во која делуваме. Исто така, размислувањата на гостите ќе понудат етички дилеми и размислувања за одговорноста кон релациите меѓу нас, но и околината, природата и другите битија со кои го делиме светот.

Предавањата ќе бидат проследени со дискусија на англиски јазик, со пренос во живо, кој може да го проследите на следниов линк: lokomotivaonline

 

Елеонора Монтање/Учесници во уметноста и нивната „верност кон уметничкиот настан.“ За примената на настанот на уметничкиот концепт од Бадју

Клучни зборови: настан; управување во уметноста; верност;

Тема на интерес: Значења и толкување на различноста во културното и креативното поле

 

Ева Кјапело (1998) го разгледува потенцијалот за тензија помеѓу менаџерските и уметничките императиви на оние кои ‘учествуваат’ во светот на уметноста. Поточно, таа предлага дека вредностите и верувањата кои лежат во суштината на различни уметнички страни може да претставуваат основа за конфликт. На пример, таа забележува: „Сè поголемото прибегнување кон менаџерите често предизвикува една голема недоверба кај уметничкиот кадар кои ги смета како совршени филистри слепи за потребите на уметноста“ (Кјапело, 1998).

Овој труд ги истражува теоретските основи кои се темелат на честопати бурните релации помеѓу различните уметнички страни повикувајќи се на филозофијата на Алан Бадју и неговата идеја за ‘настанот’, онака како што е претставена во Битие и настан (1988) и во Логиката на световите (2014).

Идејата за ‘настан’ привлече значително влијание во современата филозофска дебата, во Франција и пошироко. Meѓу оние кои го согледуваат настанот како постојан ‘прекин’ со општествениот статус кво, Бадју е веројатно оној кој најзабележливо го стави во преден план теоретскиот развој на концептот. Бадју, повеќе од другите, ја теоризираше можноста за настан во уметностите, условите за негово постоење и импликациите што верноста кон еден настан ги има за субјектите. Како образложение, Бадју нуди картографија на субјективност (Power & Toscano, 2009) расветлувајќи ја состојбата на различните конституенти настанати како последица од пробивот на настанот. Во нашиот труд ќе примениме таква картографија на „учесниците во светот на уметноста“ (Кјапело, 1998) со цел повторно да ги обмислиме таквите субјективности во нивните релации едни со други и со уметноста воопшто.

Оперативно, нашата работа се одвива на следниов начин: прво, ја истражуваме филозофијата на Бадју за настанот во уметноста. Потоа, се повикуваме на овој теоретски објектив за да понудиме алтернативно читање на случаи и илустрации кои ги разгледува Кјапело (1998). Особено се концентрираме на објаснувањето кое Кјапело го дава за различните страни кои ги вклучуваат уметниците, менаџерите и јавноста и ги користиме идеите на Бадју за верноста кон настанот (или недостатокот на верност кон настанот) за да им припишеме значење на релациите во и помеѓу страните и со уметноста воопшто.

 

Елеонора Монтање По дипломирањето на тема современа естетика на Универзитетот во Милано, Италија, Елеонора Монтање докторира филозофија на Универзитетот во Бургундија во Франција на тезата Влијанијата на Мерло-Понти во современата феноменолошка психопатологија. Предава филозофија во Бургундската школа за бизнис во Дижон, и е ко-директорка на одделот за Мастер на науки во уметноста и Културниот менаџмент во истата институција.

Нејзиното истражување се фокусира на проблемот на другоста во естетиката, феноменологијата и современата мисла и апликациите и последователните импликации на филозофијата врз менаџментот, сметководството и деловната етика.

 

*   *   *

СЕРИЈА НА ПРЕДАВАЊА СО ДИСКУСИИ

Програмски уреднички: Биљана Тануровска – Ќулавковски и Виолета Качакова

Координатор на програмата: Зорица Зафировска

 

Дел од програмата „Современа култура и културни политики” на Локомотива во Кино Култура, која е финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје, и како дел од програмата „Други простори“ на проектот ACT: Act, Climate, Transition/Уметност, Клима, Промена, ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија.