Мирко Попов, Уредник на музичката програма

Мирко Попов

Уредник на музичката програма

Роден е во 1972 во Скопје.

Купува плочи и внимава на музика уште од почетокот на осумдесеттите години.

Тој е првиот професионален диџеј-букинг во 1992 и прв македонски интернационален диџеј.

Континуирано е активен на култното скопско радио „Канал 103“ од 1992. Бил главен и одговорен уредник помеѓу 2008 и 2010 година.

Во 1993 е во епицентарот на македонската техно-културна револуција, ставајќи го Скопје на мапата на ова современо движење.

Во 1995 го формира „ПМГ Колектив“ како манифест на акцијата што треба да го победи незадоволството од актуелната културна состојба. ПМГ во следните години ќе прерасне во водечка авангардна сила на скопските улици, одговорна за широк спектар акции, од нарко-еуфории до музички револуции.

Во 1998 ја формира „ПМГ Рекордингс“, независна македонска дискографска куќа со повеќе од 160 изданија.

Има снимено и издадено 14 албуми со своите 3 проекти: PMG Kolektiv, Kanton6, Makedonide Crew и 1 со легендарниот скопски џез-бенд Sethstat. На околу 30 видеоспотови и 1 филм се јавува како сценарист и продуцент.

Настапува како актер и пишува музика за театар и за филм.

Режирал радиодрама.

Сè уште живее и работи во Скопје.