Дејан Ивановски, Максим Наумовски и Игор Вецовски, Уредници на програмата за архитектура

Дејан Ивановски

Роден е во 1980 година. Дипломирал на Архитектонски факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и на истата институција магистрирал во 2016 година.

Ја претставува Република Македонија на Венецијанското биенале за архитектура во 2008, 2010 и во 2018 година.

Го води архитектонското студио „Архитектри“ (www.arhitektri.mk) основано во 2009 година. Добитник е на повеќе награди за својата професионална работа на полето на архитектонски дизајн, индустриски дизајн и дизајн на ентериер.

Од 2007 година до 2018 година работи како стручен соработник на Архитектонски факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Моментално работи како доцент на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Република Македонија.

***

Дејан Ивановски е национален претставник на Венецијанското биенале за архитектура во 2008, 2010 и 2018 година. Од 2009 година го води архитектонското студио „Архитектри“ од Скопје. (www.arhitektri.mk)

Максим Наумовски

Роден е во 1983 година во Скопје. Завршил Архитектонски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија. Магистрирал со истражувањето: „Архитектура на форми на однесување, простори на повеќезначност“ под менторство на проф. Минас Баклачев.

Од 2010 година е асистент на Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС Скопје.

Во моментов е докторанд на Техничкиот универзитет во Виена, Архитектонски факултет, Институт за урбанистички студии, каде што работи како наставен соработник. Неговото истражување се фокусира на односот помеѓу територијата и архитектурата.

Како дел од колективот „ЛАТА“ работи на многубројни архитектурни проекти, изложби и истражувања.

***

Максим Наумовски е докторанд на Техничкиот универзитет во Виена, на Институтот за урбанизам, и како дел од колективот ЛАТА работи на многубројни архитектурни проекти и истражувања.

 

Проф. Игор Вецовски, ФДУ-Скопје

Академската работа на Игор Вецовски, професор на Факултетот за драмски уметности на УКИМ, е насочена кон менаџмент и маркетинг-аспекти на филмската и театарска продукција. Таа вклучува и неколку неодамна реализирани истражувачки проекти во овие области, а кои се во контекст на домашната култура и уметност. Преостанатите професионални интереси (и веќе 25-годишно искуство) примарно се однесуваат на креативни индустрии и маркетинг, конкретно на реализација на маркетинг-истражувања, стратегии и планови за многу организации од јавен, непрофитен и комерцијален сектор. Работи и на продуцентска проблематика на различни филмски/аудио-визуелни и театарски проекти – во најголем дел домашни, а некои и интернационални. Инаку, преферира да е дел од публиката…

***

Се занимава со академска работа и преостанатите професионални искуства во филмската и театарската продукција, менаџментот и маркетингот во културата и уметноста, креативни индустрии и маркетинг.