Роботек – RE:Cycled, промоција на албум и настап во живо

 

Роботек – RE:Cycled, промоција на албум и настап во живо

Кога зборуваме за автентична, современа македонска електронска сцена, зборуваме за Роботек. Тоа е човекот кој прв се искристализира како препознатлив артист и продуцент, не само на домашната туку и на регионална сцена. Од неговите Atari почетоци во средината на 90-тите, па сè до софистицираната продукција 20 години подоцна, тој секогаш е оригинален и свој, безмалку легендарен бренд. Со 3 албуми и безброј е.п. и сингл-изданија за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“, тој е еден од водечките артисти на електронската сцена кај нас. Освен со неговата музика, тој е и еден од најбараните диџеи во регионот.

На фестивалот со настап во живо Роботек ќе го промовира албумот RE:Cycled, специјално ЦД и електронско издание за фестивалот „Скопје Креатива 2019”

https://soundcloud.com/robotek/tracks

http://pmgrecordings.com/discography.php?id=91&id=111

 

Кино Култура, 31 мај, 22 часот