Поп- ап стор

ПОП – АП СТОР

Со цел да се поддржат и промовираат домашни автори, „Скопје Креатива 2019” организира поп-ап стор (привремена продавница) како платформа за презентација на производи во полето на дизајнот, литературното и музичко издаваштво. Поп-ап сторот се организира во соработка со издавачката куќа „Бегемот“ и дискографската куќа „ПМГ Pекордингс“. Делот за дизајн, кој опфаќа моден дизајн и модни додатоци, дизајн и изработка на производ и применети уметности, содржински се разви преку јавен повик на заинтересирани учесници.

ПОП- ап стор/ Pop Up Store, Скопје Креатива 2019- Зелено Скопје се организира во рамки на фестивалот за развој на креативните индустрии „Скопје Креатива 2019 – Зелено Скопје”.
Фестивалот е организиран од: Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата
Фестивалот е поддржан од Град Скопје

САБОТА 01.06.2019 @ 12.00-19.00 во Кино Култура

 

„Бегемот“ е издавачка куќа основана во 2009 година и примарно посветена на објавување книжевна фикција. Корпусот објавени книги изнесува повеќе од 100 изданија соодветно организирани во неколку серии. Во нив се вброени автори од светскиот книжевен канон, како Борхес, Гомбрович, Шулц, Булгаков и Вајлд, како и современи автори кои ја дефинираат книжевноста на нашето време, како Алис Манро, Маргарет Атвуд и Шчепан Твардох. Сепак, покрај основната сосредоточеност на издавање прозна фикција, во „Бегемот“ посветуваат значително внимание на нестандардните жанровски потфати и на генерално помалку застапените книжевни жанрови, како литературна репортажа и литература за деца.

Во соработка со издавачка куќа „Бегемот“, во рамките на поп-ап сторот на фестивалот ќе се претстават изданија на македонските издавачки куќи: Бегемот, Темплум, Готен, Или-или, Антолог, Слово, Табахон, Артконект, ПНВ публикации.

 

Книготека е првиот македонски агрегатор за продажба на електронски книги каде на едно место, за почеток може да се најдат изданијата на неколку македонски издавачки куќи: Антолог, Бегемот, Или-Или, Сакам Книги, Бата Прес и Полица. Целта на овој проект е промоција на дигиталната култура и доближување на книгата до читателот на брз и едноставен начин воведувајќи го во новиот свет на модерното читање. Читателите можат да ги купуваат и читаат книгите преку своите мобилни уреди во било кое време, каде и да се наоѓаат во светот.
Facebook: https://www.facebook.com/Knigoteka-409929599586750/
Instagram: https://www.instagram.com/knigoteka.mk/?hl=en

 

 

„ПМГ Рекордингс“ е водечка независна дискографска куќа во Македонија која постои и работи од 1998 година. Од мал do it yourself label во изминативе 20 години прерасна во вистински дом на македонската нова алтернативна музичка сцена, станувајќи одговорна за издавање носачи на звук на македонски музичари и музички групи од новата генерација. Досега „ПМГ Рекордингс“ има издадено 164 изданија и за сите има одработено концертна промоција. „ПМГ Рекордингс“ произлезе од френетично активната, катадневна културна дејност на „ПМГ Колективот“, кој уште од 1995 година е одговорен за огромен број културолошки превирања и новини во Македонија. Невозможно е да се набројат настаните (концерти, забави, фестивали, театар, видео, изложби, радиодрами, филм итн.) или да се измери значењето на работата на оваа издавачка куќа/колектив. Се работи за постојана, секојдневна активност и резултати кои се очигледни, мерливи и за кои сега веќе може да се зборува од временска и критичка дистанца. https://pmgrecordings.com/

Во соработка со дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“ во рамките на поп-ап сторот на фестивалот ќе се претстават изданија на македонските дискографски куќи: Шарла, ПМГ Рекордингс, Sixtynine Records.

„Шарла“

Не дека ќе го смени светот, ама веруваме дека нашиот мал, позитивен спин ќе го почуствуваат сите оние кои сакаат да живеат како нормални луѓе во својот град, слично како нивните пријатели во Берлин, Лондон, Амстердам… Затоа, ви ја претставуваме малата Шарла, независна издавачка куќа за музика, литература и останато.

 

 

 

 

„Sixtynine Records“

Sixtynine Records е независна DIY издавачка куќа и локален промотор од Скопје, Македонија, кои главно се занимаваат со мелодични хардкор / панк бендови. Ние запчнавме назад некаде во 2005 година, а до сега направивме многу локални емисии, закажавме неколку три и објавивме речиси 30 изданија.

 

 

 

 

 

QuickSox – Носи се со стил! Најкул чорапи за сите генерации! Дојдете и почастете се со QuickSox или изненадете ги најблиските со совршениот и уникатен подарок. www.quicksox.mk

Facebook: https://www.facebook.com/QuickSoxMK/

 

 

#Потсетикони – Kерамички фигурини, накит и употребна керамика

Потсетиконите се рачно создадени, со многу љубов и посветеност; Сведочат за убавината на едноставните а воедно суштински нешта; Нивната улога е постојано да Ве потсетуваат да бидете во контакт со себе и на висока вибрација, кога и да ги погледнете.
Глината ја асорбира таа енергија и Ви ја пренесува Вам. Секогаш користиме природни и еколошки материјали а со тоа вие добивате сигурност и квалитет во кои ќе верувате и секако ќе уживате во посебноста на нашите керамички производи. https://kerakamika.wixsite.com/shop

Facebook: https://www.facebook.com/kerakamika/

 

KVembroidery е мал онлајн бизнис кој веќе втора година се занимава со онлајн продажби и изработка на рачно навезени декоративни обрачи со модерни мотиви и останати навезени ракотворби, како облека, навлаки за перници, несесери, платнени торби, ланчиња и сл.

Facebook (https://m.facebook.com/KVembroidery/)

Instagram (https://www.instagram.com/kvembroidery/)

 

 

 

 

Патувајќи низ времето на музиката и нотите на “винилките”, до брилијантните трансформации на Bowie, патувајќи низ боите на колоритниот Поп Арт до контроверзниот Andy Warhol, започнува вистинска урбана приказна во нашиот град, со различните и несекојдневни акцесоари на УрбанЕра. Наменети за сите „урбани херои“ кои се различни од масата, се грижат за вистинските вредности и ја акцентираат својата индивидуалост. УрбанЕра е за сите кои не се плашат да се движат спротивно од правецот на ветерот низ животот и уживаат во необичноста, лесно ќе ги препознаете – ќе ги видите како смело ги носат црвените обувки и последни го напуштаат подиумот за танцување, насмеани и среќни индивидуалост.
Facebook:https://www.facebook.com/%D0%A3%D1%80%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%95%D1%80%D0%B0-UrbanEra-220715764950343/

 

 

Покет Галери е мал локален бренд што постои веќе 4 години.
Се работи за накит и додатоци изработени од полимерна глина како основа. Моделите се едноставни, модерни, со мирни тонови и разиграни форми.
Секоја изработка е комплетно рачно изработена.

Facebook: https://www.facebook.com/pocketgallery/

 

 

 

 

 

 

Wizard pipes се рачно изработени, единствено со нож резбани, полирани со органски смеси, функционални лулиња за тутун или што ви душа сака. Сите лулиња се изработени од едно парче дрво, односно гранка, која е најдена во природата како таква. Мотивите на резбите се секогаш инспирирани од формите во природата, најчесто од ползечки растенија.

Instagram: https://www.instagram.com/wizard_pipes/?hl=en

 

 

 

 

 

 

5 до 12

5 до 12 е креативна хендмејд работилница која освен што настојува да ги накити луѓето со уникатни беџови, обетки, привезоци и слични џиџи миџи, исто така не остава милениците да се шетаат без персонализирани привезоци на нивните ремчиња!

Instagram: https://www.instagram.com/5.do.12/

Facebook: https://www.facebook.com/5do12handmade/

 

 

 

 

 

 

 

АмстерДама
АмстерДама има симпатична желба и многу повеќе воља да ја пренесе културата на second hand shopping , која е исклучително популарна во Амстердам. АмстерДама веќе 2 години  настапува на поп-ап настани , на релација Амстердам – Скопје. Во оваа прилика, сакам да ја претставам мојата колекција на винтиџ втора рака гардероба под наслов ” Dear to Wear”.
Зад АмстерДама стојат Регина Сајков и мојот партнер Едвард Станковски.

 

Belkis Aksu

Belkıs Aksu is an illustrator from İzmir. Her works are inspired by travel and architecture. Currently, she is based in Skopje, working on daily urban illustrations and architecture coloring book projects. You can contact her at hello@belkisaksu.com for collaborations.

Facebook : https://m.facebook.com/belkisaksu/

 

 

 

 

 

 

“Silver Line”

Колекција која е резултат на вешто комбинирање на чисти линии и специфични детали, игриво мешање на навидув разнородни елементи во Едно (парче накит). Низ колекцијата романтично и безгранично имагинативно провејува личната приказна што резултира со парчиња накит кои се своевидно уметничко дело.
Ани Соро, бренд кој носи белег на уникатност во трансферот на исклучително варијабилни искуства, соништа и перспективи.

 

 

 

 

 

 

1325kraft

Бакарот, како метал е одличен креатор на магично расположение при домашната декорација која харизматично се вклопува во сите природни нијанси, во било која просторија од домот. Новата колекција на благо динамични „непослушни сијалици“ од 1325kraft ви нудат еден оригинален начин за достигнување на амбиентална светлина и препуштање на убава атмосфера.

Facebook : https://www.facebook.com/1325kraft/

Instagram : https://www.instagram.com/1325kraft/?hl=en

 

 

 

 

Работилница
Side table – масичка изработена од масивно багремово дрво
Wooden handles – модели на рачки изработени од орев и даб.
Sunglasses cases – Футроли за наочари изработени од дрво во комбинација со
филц или кожа

Facebook : https://www.facebook.com/rabotilnica1/

 

 

 

 

 

 

 

 

Фабрика за сни

Фабрика е место каде се обидуваме да ги споиме уметноста и дизаjнот. Раскажуваме приказни, цртаме маргинални карактери, нашите ликови се со слободен и нескротлив дух, полни љубов во срцата. Ние убавината ја наоѓаме во несовршеноста, токму затоа сè е, и ќе биде, рачно цртано, маички, постери, саксии, торби, мурали…

Ова е една поинаква Фабрика, Фабрика за сни.

Facebook : https://www.facebook.com/fabrikafordreams/

 

 

 

 

 Од нула до нула – „Дом со нула отпад“

Нели би било супер да можевме да живееме поедноставно?
Со помалку обврски и грижи, со помалку ѓубре и помалку предмети?
Родум од Авињон, Беа Џонсон денес живее во САД и е неисцрпна инспирација за милиони луѓе низ светот. Безмалку цела деценија заедно со своето семејство прави по само еден килограм ѓубре годишно, а во книгава раскажува и дава практични совети како може секој да живее поедноставно така што ќе прави помалку ѓубре.
Помалку ѓубре значи подобро здравје, повеќе слободно време и повеќе пари.
Помалку ѓубре значи повеќе искуства и помалку бришење прашина.
Помалку ѓубре значи поздрава животна средина.
Посветлата иднина започнува дома – со нула отпад.
Facebook : https://www.facebook.com/odnuladonula/

 

Триста чуди

“Лица со погледи на кралици и шутеви , на шминкери и лузери , одважни и бизарни, самољубиви и изобличени,со злато и катран прмачкани,и усти замолчени.
Лица секојдневни. ЛИЦА ПОЗНАТИ”.

Facebook: https://www.facebook.com/Heritage-1012909278729126/

Youtube: https://www.youtube.com/watch?v=r9g3yWQyFgM

 

 

Нина Нине

Накит од Инокс (медицински челик)
Биди убавина, уживај во минималистичкиот дизајниран накит од медицински челик.
Нежната прецизна рачна доработка на ова парче накит му дава меко сјаен ефект, а со
комплементарноста на материјалот, ви дава пријатно чувство, исполување, задоволство,
радост, љубов

Исполни го Животот со Вредност
Предади ја Љубовта, нека Светлината Блеска

Facebook : https://www.facebook.com/NinaNineNineska/

 

 

Создавај- старо во ново, трет дел. Дизајнот како ликовен израз.

Од рециклирани дрвени даски се дијазнираат разни видови на форми и рамки. Истите се во корелација со фомрата, бојата, линијата, тонирањето и е изразена низ предмети од секојдневниот живот како огледала и плтани табли за закачување информации.

Facebook : https://www.facebook.com/nova.schools/

 

 

 

Farina’s handmade

Фаринас хендмејд – тим од четири дизајнери кои што изработуваат накит, ташни и кожни аксесоари. Храбро експериментираат со бои, форми и материјали и се во постојана потрага по нови инспирации за новите колекции. Она со што моментално работат се накит од глина и смола, торби од кепер и кожа, а најново аксесоари од кожа, како што се паричници, футроли за тутун итн.

Facebook : https://www.facebook.com/FarinasHandmade/

 

 

Mariguccha
Позади брендот Mariguccha стои Нела Тодоровска, моден дизајнер и костимограф.
Дипломирано на академија за мода во Букурешт и на истата академија ги заврши магистерските студии,специјализација на тема Деконструктивизмот во модата, истражувајќи на истата тема го гради брендот Mariguccha ,веќе 10 години, колекциите ги има претставено на повеќе саеми за мода, Прага, Букурешт, Брашов и Белград….Ја спрема новата колекција, која ќе биде претставена Скопје и Белград на тема Кубизмот во модата. Од неодамна е декан на факултет за Тектил,дизајн и моделирање при универзитетот Мајка Тереза во Скопје.

 

Екоарт

Екоарт – Рециклирање на културното наследство. Ракотворби од нашите мајки и баби препородени, наоѓаат примена во изработка  на „ловци на соништа“ (dreamcatchers) и други декорации со помодерен тон.

 

 

 

 

 

 

 

Матра Кидс

Сите наши производи се рачно скроени, сошиени и извезени со големо внимание и љубов. Матријалот кој што го користиме за изработка е најквалитетено густо ткаен 100% памук и полнењето е со меко ситно влакно. Раа

Сите наши производи ги добивате чисти, дезинфицирани со пареа и спремни за користење

 

 

 

 

 

 

 

Firefly Crafts

Firefly Crafts е работилница за изработка на накит и рачно плетени модни додатоци лоцирана во Скопје. Во својата колекција нуди богат избор на рачно изработен современ накит од епоксидна смола со  астрономски, флорални и геометриски мотиви и рачно плетени памучни модни додатоци изработени во техника чипка.