ЈАВЕН ПОВИК за поддршка и промоција на предлог проекти за реализација на нови прототип производи и услуги во сферата на креативните индустрии кои ќе се претстават како дел од програмата на 8.СКОПЈЕ КРЕАТИВА „Зелено Скопје”

Здружението на граѓани „Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата” од Скопје организатор на Фестивалот за развој на креативните индустрии СКОПЈЕ КРЕАТИВА, 8-мо издание, објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за поддршка и промоција на предлог проекти за реализација на нови прототип производи и услуги во сферата на креативните индустрии кои ќе се претстават како дел од програмата на

8.СКОПЈЕ КРЕАТИВА „Зелено Скопје”

 

Програмата за развој на креативните индустрии „8.СКОПЈЕ КРЕАТИВА 2019” поддржува и промовира развој на нови и иновативни производи и услуги во сферата на креативните индустрии, како што се: дизајн (индустриски, графички, моден), применети уметности и занаетчиство, изведувачки уметности, нови медии, креативно-едукативни услуги, ИТ технологии и услуги, аудио-визуелни производи и услуги, производи и услуги од сфера на издаваштво и др. Производите и услугите кои се подржуваат во рамки на овој повик треба да имаат утилитарна намена.

Право на учество

На Конкурсот право на учество имаат правни и физички лица, државјани на Република Северна Македонија.

Под правни лица се подразбираат здруженија, сојузи, асоцијации, деловни друштва, трговци поединци, компании, (локални или приватни) културни установи и слично, регистрирани за дејности од областа на културата, науката и технологијата.

 

Забелешка 

Јавниот повик е отворен за два типа на учесници.

Првиот се однесува на учесници кои ќе достават предлог проект за делумна или целосна поддршка за реализација на нови прототип производи и услуги.

Вториот се однесува на учесници со веќе реализирани производи и услуги, кои истите би сакале да ги претстават во рамки на фестивалот, без финансиски надомест. За овој тип на учесници  фестивалот ќе претставува платформа за презентација на нивните производи и услуги пред публиката и идните корисници.

Услови за учество во јавниот повик

  • доставување на пополнета и заверена пријава за учество во јавниот повик со задолжителни документи кои се наведени во пријавата;
  • правните лица да бидат регистрирани во Централен регистар на Република Северна Македонија, физичките лица да живеат и делуваат на територијата на Република Северна Македонија;
  • Правното или физичко лице на повикот да аплицира со нов инвентивен предлог проект за изработка на прототип производи или услуга во сферата на креативните индустрии со утилитарна намена. Предлог проектот треба да содржи разработена идеја, процес на продукција и детален буџет за негова реализација. Истиот може да се реализира во партнерство со национални, јавни или приватни институции и организации од областа на култура, науката, технологијата, образованието и други области од економијата, индустријата и ИТ технологијата.
  • Правното или физичко лице да има референтна листа или биографија за претходно реализирани проекти од областа на креативните индустрии – културата, науката или технологијата.

 

Приоритети за учество:

  • Оригиналност и иновативност на проектниот концепт и потенцијал за одржлив развој;
  • Интердисциплинарен пристап во развој и реализација на предложениот проект;
  • Предлог проекти од млади или во развој – дизајнери, иноватори, уметници и културни работници, инженери, претставници на ИТ секторот и др.;
  • Проекти кои се во корелација со мотото на фестивалот во 2019 година „Зелено Скопје”.
  • Проекти за стимулација на творештвото и креативниот потенцијал кај децата и младите.
  • Современ и иновативен пристап во поврзување на нови технологии и дигитални медиуми во уметничкото творештво и други облици на креативно изразување;
  • Поттикнување на претприемачките и бизнис вештини кај младите и во развој-дизајнери, иноватори, уметници и културни работници, инженери, претставници на ИТ секторот и др..;
  • Застапеност на креативните индустрии во формалните и неформалните образовни формати  во соработка со различни образовни, културни, научни и технолошки јавни или приватни институции, организации, компании или инцијативи во  Скопје;
  • Проекти од меѓународен карактер (кои се реализираат преку партнерства и копродукции);

 

Начин на аплицирање и рок за поднесување на пријавите:

  • Заинтересираните кандидати, потребно е да ја преземат пријавата за учество доставена во прилог на овој повик.
  • Пријавата во целост да ја пополнат електронски и заверат со електронски потпис, и печат (за правни лица). Пријавата во пдф верзија заедно со задолжителните документи потребни за аплицирање се доставуваат на е-маил адреса: contact@lokomotiva.org.mk. Насловот на е-маил пораката треба да гласи „Предлог проект за јавен повик за проекти за фестивалот Скопје Креатива 2019”.
  • Јавниот повик трае од 12 март до 2 април 2019 година. Апликациите можат да се испраќаат до 2 април 2019 година, на пладне (12.00 часот)
  • Нема да бидат разгледувани следниве пријави: доставени по истекот на рокот на јавниот повик, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без доставени задолжителни документи.

 

Оценување и известување за резултатите од конкурсот

  • Пријавените проекти ќе бидат оценети од три члена стручна комисија предводена од програмскиот уредник на програмата за дизајн Јана Ацевска;
  • За резултатите од Конкурсот подносителите на пријавите ќе бидат информирани во електронска форма на 11 април 2019 година;
  • На 17 април ќе се потпишат договорите помеѓу ЗГ Локомотива Скопје и носителите на избрани предлог проекти;
  • Вкупниот фонд за поддршка на предлог проекти изнесува 624.000 денари;
  • Бројот на подржани проекти ќе зависи од вкупно расположливиот фонд и одлуките на комисијата согласно воспоставените приоритети и предложените проекти;
  • Поддржаните проекти треба да се реализираат заклучно до 27 мај 2019 година и истите да бидат презентирани во рамки на фестивалот на 1 и 2 јуни 2019 година;
  • Дополнителни информации и појаснувања може да се добијат на имејл contact@lokomotiva.org.mk до 18 март 2019 година.

Преземете тука ПРИЈАВА – Скопје Креатива 2019 

Оценување и известување за резултатите од конкурсот

  • Пријавените проекти ќе бидат оценети од три члена стручна комисија предводена од програмскиот уредник на програмата за дизајн Јана Ацевска, професионалец во полето на  графички дизајн, дизајн на производ и дизајн на накит, Дарко Христов, основач и сопственик на  компанија за прозиводство на поизводи од дрво со соврмен дизајн MONOZERO и  Ладислав Цветковски професор на ФЛУ и графички дизајнер.