Театар

„Како се прави човек“

– колективно авторство, режија: Хана Миленковска, продукција: Театар на Навигаторот Цветко

Драматург: Горјан Милошевски
Играат: Наталија Теодосиева, Исидор Јованоски, Чедомир Митевски, Зоран Митровиќ

Текст: Колективно авторство

Кореографија: Валентино Апостоловски
Музика; Гаврило Миловановиќ
Фото: Сашо Алушевски

Нашиот вид се наоѓа пред крстопат. Процесираме повеќе дразби, повеќе чувства од кога било. Новиот човек е преморен од сведочење на ужас и неправда, преоптоварен со болката на целиот свет одеднаш. Анксиозен и апатичен истовремено.
Ние се собравме под една заедничка кауза. Да зборуваме за тоа дека ранливоста е доблест, дека сочувствителноста е двигател на новите процеси низ кои треба да поминеме.

Дојдовме до сознание дека оваа претстава е само почеток на еден долг процес за секој од нас поединечно. Процес на прифаќање. Прифаќање на личните трауми, на механизмите за заштита што ги создаваме, на сопствената резигнираност.
Сега останува да видиме дали нашите сознанија се релевантни за нашата публика, нашите солуѓе. Дали некој ќе пронајде смисла во сочувството.

Оваа претстава е дел од проектот „Направете место за младите театарџии“, со кој „Театарот на Навигатор Цветко“ и „Кино Култура“ имаат цел да поттикнуваат нова театарска продукција и да афирмираат млади автори.

Претставата е добитник на Гран при на 12. ИТФ „Лица без маски“

МКЦ, кино Фросина, 1 јуни, 20.00 часот