Ремиксувај ја својата културна стварност

Изложба во јавен простор на редизајни на постери за македонски филмови, корици на музички албуми и на книжевни дела од македонските автори изработени како дел од јавниот повик „Ремиксувај ја својата културна стварност“. Автори на редизајни кои ќе бидат претставени во рамки на изложбата: Дарко Дојчиновски, Ивана Темелкоска, Јулијана Росоклија, Милан Крстевски, Вили Стоилова, Владимир Трајановски, Александар Јосифовски, Ангелина Кичукова, Бисера Михајловска, Димитар Грчев, Маја Атанасоска, Марко Јанев & Петар Џајковски, Нора Николоска, Калиопи Илиевска и Небојша Гелевски.

Соработка со Аксиома – асоцијација за културна соработка и истражување

Аксиома е асоцијација на ентузијасти која ги промовира ремикс-културата и интерактивните уметности, притоа обидувајќи се да ги вкрсти со општествените случувања кај нас, но и со социјалните движења во светот. Досега е вклучена во организација на проекти од областа на културата и издаваштвото, во кои се обидува да пополни одредени празнини што постојат на тие полиња кај нас.

ул. Луј Пастер, ул. Македонија, 31 мај – 02 јуни