РЕЗУЛТАТИ ОД КОНКУРСОТ


Warning: sprintf(): Too few arguments in /home/portalb/webapps/lokomotiva/wp-content/themes/zacklive/library/underscores/template-tags.php on line 26
Uncategorized

РЕЗУЛТАТИ ОД КОНКУРСОТ

за изработка на идејно решение за нов внатрешен просторен концепт (DREAM SPACE) на постоечкото
кино во Железничка зграда на улица Борка Талески 26 во центарот на Скопје

На конкурсот се доставија 6 проектни – идејни решенија поднесени од 6 соработнички тимови на студенти и млади професионалци – архитекти и ликовни уметници.
Членови на комисијата која ги оценуваше доставените проекти: Дејан Ивановски- архитект, Слободанка
Стевчевска- ликовна уметница, Максим Наумовски- архитект.
На 11 јуни 2018 година Комисијата ги разгледа и оцени доставените проекти.

-Од доставените 6 проекти апликации, првата награда (15.000 денари) е доделана на проектот доставен
од авторите Ирена Милојеска и Христина Секулоска.

-Комисијата одлучи наместо втора и трета награда да додели 2 втори награди (7.500 денари по награда).
Едната од нив оди за тимот автори Шириќ Миа и Стојановски Михајло, додека пак друга за тимот автори Љавдрим Реџепи и Енес Север.

Посебно признание (книга) Комисијата додели на проектот од авторите: Симона Чинговска, Милица Савевска и Томе Димитриевски.

Пофалници за учество добија и авоторките Тамара Чорбиќ и Моника Танушевска.

Сите учесници на конкурсот ќе добијат Сертификат за учество.

Доделувањето на сертификатите и наградите ќе се реализира во рамки на настанот АКТИВНО КИНО ЗА ЗАЕДНИЦАТА, кој ќе се реализира во Железничката зграда на улица Борка Талески 26, во сабота на 23 јуни 2018 година од 11 до 15 часот.

Leave a Reply