Работилница – оживување на парк МКЦ

Работилница – оживување на парк МКЦ

Програмата за архитектура на „Скопје Креатива 2019” започна со реализација на дводневна работилница за истражување на потенцијалите на паркот на Младински културен центар и осмислување на решение за негово оживување преку изработка на архитектoнско тело (приклучок) кое ќе ги зајакнува и вмрежува капацитетите на местото.

Ментори на работилницата, воедно и уредници на програмата за архитектура се: Дејан Ивановски, Максим Наумовски и Игор Вецовски. Работилницата се реализираше со учество на 14 студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје од Факултетот за драмски уметности и Архитектонскиот факултет и од Универзитетот „Американ Колеџ” од Скопје од Архитектонскиот факултет.

фото: Evdokia Nikolova Liere