Презентација со јавна дискусија на студија на добар случај – Мотел Трогир


Warning: sprintf(): Too few arguments in /home/portalb/webapps/lokomotiva/wp-content/themes/zacklive/library/underscores/template-tags.php on line 26
Project activities.
english below>>>>

Во рамките на јавната дискусија „Каков Офицерски Дом ни треба?“, како дел од АКТО АГОРА – ГРАЃАНИТЕ ЗА ЈАВНОТО ДОБРО – ГРАЃАНИТЕ ЗА ОФИЦЕРСКИ која се одржа на 02 Септември 2017 година, во паркот на Офицерскиот дом, Наташа Бодрожиќ, куратор, културен активист и менаџер во културата, од организацијата Слободне везе, Загреб ги прикажа формите, тактиките и стратегии развиени околу прашањето за заштита на Мотел Трогир како битно архитектонско наследство со колективна и социјална функција во минатото.

Исто како и новата уметничка продукција поврзана со оваа тема развиена во формат на меѓународна резиденцијална програма.

АКТО АГОРА – ГРАЃАНИТЕ ЗА ЈАВНОТО ДОБРО – ГРАЃАНИТЕ ЗА ОФИЦЕРСКИ
КАКОВ ОФИЦЕРСКИ НИ ТРЕБА?(Локација: парк на Офицерски дом)Концепт: Ивана Васева, Филип Јовановски од АКТО Фестивалот за современи уметности
WHAT KIND OF OFFICER’S HOME DO WE NEED?
(Location: Park of the Officer’s House)
Concept: Ivana Vaseva, Filip Jovanovski from AKTO Festival of Contemporary Arts
Оваа програма е дел од проектот „Културни простори за активни граѓани“ која дејствува во насока на развој на платформа за соработка и ко-управување со јавни простори, преку партиципативни процеси и соработка на граѓанскиот сектор, конституентите и локалната власт. Акцијата содржи развој на механизми за вклучување и (ко)управување, како и поддршка и развој на релевантни социо-политички содржини од полето на културата. Исто така, таа овозможува услови за продукција и видливост на нови современи културни содржини од актери од граѓанскиот сектор, кои одговорно се бават со релевантни социо-културни и политички прашања. Овој проект е финансиран од програмата Цивика мобилитас, а партнери се Локомотива – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста од Скопје и Здружение за култура и уметност Факултет за работи што не се учат, Битола и соработници се Друштвото за театарски и едукативни дејности Театар на навигаторот Цветко, Скопје, Здружение на текстилни, кожарски и чевларски работници Гласен текстилец Штип и Здружение за активизам, теорија и уметност Плоштад Слобода, Скопје.
***
english>>

In the framework of the public discussion “What kind of officer’s house do we need?”, part of AKTO AGORA – CITIZENS FOR PUBLIC WELL, CITIZENS FOR OFFICER’S HOUSE, held on September 2, 2017, in the park of the Officer’s House, Natasha Bodrozic, curator, cultural activist and culture manager, from the organization Sloboden Veze, Zagreb presented the forms, tactics and strategies developed around the issue of protecting Motel Trogir as an important architectural heritage with a collective and social function in the past.
As part of ther presentation she also presented the new art production related to this theme developed in the format of an international residential program.
AKTO AGORA- CITIZENS FOR PUBLIC WELL, CITIZENS FOR OFFICER’S HOME
This project is financed by the program CIVICA mobilitas, and partners are Lokomotiva – Center for new initiatives in arts and culture from Skopje and Association for Culture and Art – Faculty for things that could not be learned, Bitola and associates are the Association for Theater and Educational Activities Theater of navigator Cvetko, Skopje, Association of textile, leather and shoemaker workers Kuc Tekstil Shtip and Association for activism, theory and art, Freedom Squere, Skopje.