Изгубениот пердув со Маре Трајковска, Каролина Николова

 

„Изгубениот пердув” со Маре Трајковска, Каролина Николова

Приказната за деца „Изгубениот пердув“ е преточена во мултифункционална боенка во која освен што ќе ја читаат приказната, децата ќе научат факти за специфични животни, ќе можат да решаваат загатки, да поставуваат и одговараат на прашања, да креираат 3Д-форми и други креативни работи. Од приказната ќе се издвојат карактери за развој на мемориска игра и сложувалка. Приказната продолжува во „реалност“, односно децата ќе имаат можност да влезат во волшебниот свет на приказната „Изгубениот пердув“ преку игра во специјално изработениот простор – капсула, со дизајниран ентериер со елементи од приказната.

Во рамките на презентацијата на фестивалот, замислена како интерактивна игра, ќе издвоиме првичен тираж на боенки, сложувалки и мемориски игри кои ќе може да ги набават посетителите. Собраните средства ќе му се донираат на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле со цел преку овој проект, освен забава и едукација, да украдеме вистински насмевки од оние на кои сме им најпотребни.

Маре Трајковска

Дипломиран моден дизајнер на Универзитетот ФОН. Од 2015 година почнува да гради свој бренд под името „Матра“ со отворање на сопствено студио. Костимограф е и сценограф е на неколку театарски претстави во земјата.

Каролина Николова

Дипломиран моден дизајнер на Универзитетот ФОН. Работното искуство го стекнува уште во студентските денови преку учество во ревии, модни едиторијали и театарски претстави како асистент-костимограф.