Ехо од далечното минато – HyperTech & Ненад Стефаноски-Брус

Ехо од далечното минато

„Ехо од далечното минато“ е музичка клупска вечер посветена на музиката од нашето поблиско и подалечно минато и од нашата поблиска и подалечна околина со главен акцент на funk, soul, disco, jazz, rare grooves & broken beats. За „Ехо од далечното минато“ е одговорна екипата во состав: Ненад Стефаноски (Foolish Green/Green Out), Гоце (САФ), HyperTech и Чваре.

Димитар Ризов или HyperTech

HyperTech своите музички почетоци ги бележи кон крајот на 90-тите години на минатиот век. Коосновач и член е на „Течна кујна“, првата drum`n`bass емисија во Македонија на Канал 103, „D2”, BTKRSH и Funky Fresh колективните. Покрај настапите во земјата, бележи и интернационални настапи на фестивали и клубови низ Европа.

https://soundcloud.com/hypertech
https://www.mixcloud.com/HyperTech/
https://www.facebook.com/ehooddalecnotominato/

Ненад Стефаноски – Брус

Ненад Стефаноски – Брус е дел од Foolish Green, Legijata и Green Out. Својата диџејска кариера ја започнува пред неколку години инспириран од mod музиката и македонската забавна музика од минатиот век. Важи за пасиониран собирач и селектор на ретка музика која се движи од swing и rock`n`roll, преку funk и soul, до диско и rare grooves.

https://www.youtube.com/user/foolishgreenmusic

 

Кино Култура, 2 јуни, 22 часот