Дуња Иванова – Зелено во етерот за зелено Скопје

Зелено во етерот за зелено Скопје

Дуња Иванова, Слобода филм

„Зелено во етерот за зелено Скопје“ го поврзува современиот музички израз со дигиталните медиуми, кои пренесуваат порака за неопходноста од општествено будење и одговорност кон природата или кон она што остана од неа во главниот град. „Зелено во етерот за зелено Скопје“ е звучно-визуелна инсталација која обединува акустична изведба на композиции од современи авангардни, но и популарни автори кои во своите композиции го акумулираат изразот „зелено“ (green): Miles Davis-Blue in Green, Vangelis-Memories of Green, Masato Nakamura-Green Hill Zone, Tom Waits-All the World is Green, Alan Silvestri-Stark Goes Green, Piano stories-Requiem of Green, Johny Cash-Green Green Grass of Home, John legend-Green Light Remix, David Bryan-Big G reen Freak, Joe Raposo-Bein’ Green, проследена со видеозапис со визуализации од Скопје преку фотографии во кои истовремено се прикажуваат убавиот и грдиот лик на градот.

Дуња Иванова е магистер по пијано и доктор на филозофски науки. Концертира во Њујорк, Париз, Сараево, Тирана, Рагуза, Приштина, на Скопско лето, Охридско лето, Денови на македонската музика, Музика вива, „Браќа Манаки“, Струшки вечери на поезијата, Нов културен бран, Winter Apricots. Посветува рецитали на музиката на Прајснер, Глас, Еинауди, Перт, Сакамото, Најман, Рајли, Рајх, Сапин, Федел, Бан, Тирсен.

 

Кино Култура, 31 мај, 21 часот