Активно КИНО за заедницата


Warning: sprintf(): Too few arguments in /home/portalb/webapps/lokomotiva/wp-content/themes/zacklive/library/underscores/template-tags.php on line 26
Uncategorized
АКТИВНО КИНО ЗА ЗАЕДНИЦАТА
 
Железничка зграда, Скопје
ул. Борка Талевски, 26
23 јуни (сабота) / 11 часот
 
простор, употреба, заедница
 
Употребата на одреден простор за културата, како еден сублимиран термин, подразбира разгледување на идеи и можни сценарија за физичко и програмско уредување и реанимирање, како и можни намени за пошироката заедница. Кино салата во Железничката зграда, покрај другите можности, може и да функционира како простор за заедницата (станарите на Железничка зграда) но и како простор за креирање и реализација на културна и уметничка содржина развиена во соработка со локални уметници и организации активни во полето на културата и уметноста.

Овие размислувања, кои се манифестираа во низа средби, работилници и разговори, се дел од проектот „Културни простори за активни граѓани“, подржан од програмата Цивика Мобилитас и во организација на партнерите „Локомотива – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста“ од Скопје и „Факултет за работи што не се учат“ од Битола/ Скопје. Тие во текот на 2017 и 2018 година, во соработка со станарите и куќниот совет на зградата, активно работеа на темата “Употреба на киното на Железничка зграда”.
 
Идејата на јавниот настан, кој ќе се одржи на 23 јуни во кино салата на Железничка зграда е да се презентира досегашната работа реализирана во рамки на проектот „Културни простори за активни граѓани“, поврзана со Железничка зграда во Скопје.
 
Настанот ќе обедини:
 
1. Изложба на идејните решенија – предлог проекти од млади архитекти кои се пријавија на студентскиот конкурс за доставување на предлози со идејно решение за нов внатрешен просторен концепт (dream space) на постоечкото кино во Железничка зграда во центарот на Скопје;
 
2. Доделување на сертификати на сите учесници на конкурсот. Доделување на награди на 3-те најдобри решенија. Наградите ќе ги доделат членовите на жири комисијата: Дејан Ивановски – архитект, Слободанка Стевческа – ликовна уметница и Максим Наумовски – архитект;
 
3. Видео колаж – презентација на фотографии и видеа од активности реализирани во рамки на проектот „Културни простори за активни граѓани“;
 
4. Дискусија на тема План на употреба на Железничка зграда со присуство на претставници на општина Центар и повеќе соработници (учесниците ќе бидат дополнително објавени).
 
Проектот „Културни простори за активни граѓани“, се реализира во партнерство помеѓу Локомотива и ФРУ и во соработка со Друштвото за театарски и едукативни работи „Театар на Навигаторот Цветко“ (Скопје) и здруженијата на граѓани Плоштад Слобода (Скопје) и Гласен Текстилец (Штип).
 
Цивика Мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.
 
Преку партнерот на проектот Факултет за работи што се учат – Битола/Скопје, оваа активност е дел од Неделата на граѓански организации поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност, организирани во периодот од 18-23 јуни 2018 низ Република Македонија.
 
Реализацијата на јавниот настан е поддржана и од Фридрих Еберт Фондација Скопје.

Leave a Reply